Виктор Вањама
Виктор Вањама | |||
---|---|---|---|
Вањама играјќи за Тотенхем во 2016 година | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Виктор Мугуби Вањама[1] | ||
Роден на | 25 јуни 1991[1] | ||
Роден во | Најроби, Кенија | ||
Висина | м[1] | 1,88||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Тотенхем | ||
Број | 12 | ||
Младинска кариера | |||
2006–2008 | ЏМЏ Младинска Академија | ||
2006 | Најроби Сити Старс | ||
2006–2007 | Леопардс | ||
2007–2008 | Хелсингборг | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008–2011 | Биршот | 51 | (2) |
2011–2013 | Селтик | 61 | (10) |
2013–2016 | Саутхемптон | 85 | (4) |
2016– | Тотенхем | 10 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2007– | Кенија | 42 | (4) |
* Ажурирано на: 29 октомври 2016 ** Ажурирано на: 29 мај 2016 |
Виктор Мугуби Вањама (роден на 25 јуни 1991 г.) — кениски професионален фудбалер кој игра во средниот ред за Тотенхем Хотспар во Премиер лигата на Англија и е капитен на репрезентацијата на Кенија.[2] На теренот, Вањама е познат по своjот спортски дух и водачки квалитети.[2]
Вањама станал првиот кениец во историјата кој постигнал гол во УЕФА Лигата на шампионите, постигнувајќи го првиот гол за Селтик во победата од 2–1 против Барселона на 7 ноември 2012 година.[3] На 11 јули 2013 година, Вањама потпишал за англискиот премиерлигаш Саутхемптон за 12.5 милиони фунти станувајќи најскапиот играч продаден од шкотски клуб, надминувајќи го трансферот вреден 9.5 милиони фунти на Ајден Мекгиди во Спартак Москва во 2010 година.[4]
Тој одиграл повеќе од 40 натпревари за Кенија од своето деби во мај 2007 година на 15-годишна возраст.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Вањама се школувал во средното училиште Камукунџи, кое води успешен фудбалски клуб. По завршување на школувањето, тој играл три години во Академијата ЏМЏ, а во текот на тој период се приклучил на кениските клубови Најроби Сити Старс и Леопардс.[5] Во 2007 година тој се приклучил на шведскиот клуб Хелсингборг, но откако неговиот брат Мекдоналд Марига кој исто така играл во клубот се преселил во италијанската Серија А во Парма во 2008 година, Вањама се вратил во Кенија.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Биршот
[уреди | уреди извор]По успешната проба, Вањама потпишал за Биршот четиригодишен договор во летото во 2008 година. Својот прв натпревар во белгиската лига тој го одиграл кон крајот на сезоната 2008–09. Во септември 2009 година, тој добил парична казна од 100 евра и суспензија од три натпревари поради опасен старт над Матијас Суарез од Андерлехт.[6]
Во летото во 2010 година, шкотскиот премиерлигашки клуб Селтик се обидел да го купи Вањама но Биршот не дозволил тој да замине. Рускиот клуб ЦСКА Москва исто така се обиделе да го донесат Вањама во своите редови, но и нивните обиди пропаднале.[7]
Вањама го постигнал својот прв гол за Биршот на 11 декември 2010 година, во лигашки натпревар против Вестерло. Во април 2011 година, тој добил уште едба суспензија од три натпревари откако видео снимките покажале дека тој со лакт го удрил Брехт Деџагер од Кортријк.[8]
Селтик
[уреди | уреди извор]На 9 јули 2011 година, Вањама конечно направил трансер вреден 900,000 фунти во Селтик од Биршот, откако шкотскиот клуб претходната година не успеал да го доведе во своите редови.[9][10] Тој потпишал четиригодишен договор и станал првиот кениец кој заиграл во Премиер лигата на Шкотска. Вањама го одбрал бројот 67 во чест на Лисабонските лавови, победничкиот тим на Селтик во Купот на шампионите 1967 .[11][12] На првиот лигашки натпревар на Вањама, Селтик загубил 1–0 од Сент Џонстоун на 21 август 2011 година. Вањама играл во одбраната наместо на неговата омилена позиција на средината на теренот.[13]
На 29 септември 2011 година, тој бил во почетниот тим на Селтик во натпреварот против Удинезе во Лига Европа кој завршил со реми од 1–1. Тоа бил негов прв европски натпревар за клубот.[14] На 10 декември 2011 година, Вањама го постигнал својот прв гол за Селтик во победата од 1–0 против Хартс на Селтик Парк.[15] Неговите настапи во месец декември му го донеле признанието најдобар млад играч на месецот во шкотската премиер лига.[16] Својот втор гол за Селтик тој го постигнал на 2 јануари 2012 година во победата од 3–0 над Данфермлајн.[17] Вањама постигнал гол во победата од 2–1 против Данди Јунајтед на Селтик Парк[18] и во победата од 4–0 над Хартс.[19]
Во октомври 2012 година, Вањама постигнал два гола против Сент Мирен, од кои вториот бил полуволеј од 23 метри.[20]
На 25 октомври 2012, агентот на Вањама во соопштение изјавил дека Вањама одбил нов подобрен договор од Селтик бидејќи неговите барања за плата не можат да бидат исполнети од клубот во услови на гласини за заинтересираност на клубови од Англија.[21] На 7 ноември, Вањама го постигнал првиот гол на натпреварот за Селтик во големата победа од 2–1 над Барселона на Селтик Парк во групната фаза од Лигата на шампионите.[22]
Саутхемптон
[уреди | уреди извор]По многу шпекулации, на 11 јули 2013 година, Вањама потпишал за премиерлигашот Саутхемптон за сума од 12.5 милиони фунти,[23] со што станал првиот кениец кој заиграл во Премиер лигата.[24]
Своето деби за новиот клуб, Вањама го одиграл на 17 август 2013 година, во победата од 1–0 над Вест Бромвич Албион.[25] Тој одиграл 24 натревари во првата сезона, но повредите го спречиле да придонесе повеќе за клубот.[26]
Под водство на новиот менаџер Роналд Куман, Вањама се претставил во вистинско светло во сезоната 2014–15.[27] Тој го постигнал првиот гол за клубот во победата од 1–0 над Свонзи Сити на 20 септември 2014 година, откако го заменил Џејмс Ворд-Проус во 69. минута.[28] Следниот гол тој го постигнал во убдливата победа од 8–0 над Сандерленд на 19 октомври 2014 година.[29] Третиот гол за Светците, Вањама го постигнал на спектакуларен начин од 36 метри во победата од 1–0 над Хал Сити.[30] Неговите добри настапи му ја донеле наградата африкански играч на месецот за септември.[27]
Тотенхем Хотспар
[уреди | уреди извор]На 23 јуни 2016 година, од премиерлигашот Тотенхем Хотспар објавиле дека постигнале договор со Саутхемптон за трансфер на Вањама,[31] кој се обврзал на петгодишен договор вреден 11 милиони фунти.[32] Вањама претходно работел со тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, кој го довел во Саутхемптон во јули 2013 година.[33] Својот прв гол за Тотенхем, тој го постигнал на првиот натпревар пред домашна публика против Кристал Палас, во 82. минута од натпреварот кој завршил 1–0 за Тотенхем.[34]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Вањама својот прв натпревар за репрезентацијата на Кенија го одиграл во мај 2007 година, на 15-годишна возраст против Нигерија.[5] Тој станал капитен на репрезентацијата во 2013 година.
Репрезентативни голови
[уреди | уреди извор]Бр. | Датум | Натпр. | Противник | Гол | Резултат | Натпреварување |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 26 март 2011 | 11 | Ангола | 2–1 | 2–1 | Квалификации за Африкански куп на нации 2012 |
2 | 15 ноември 2011 | 18 | Сејшели | 4–0 | 4–0 | Квалификации за СП 2014 |
3 | 7 јуни 2015 | 34 | Јужен Судан | 1–0 | 2–0 | Пријателски натпревар |
4 | 29 мај 2016 | 42 | Танзанија | 1–1 | 1–1 | Пријателски натпревар |
Успеси
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Селтик
[уреди | уреди извор]- Шкотска Премиер лига (2) : 2011–2012, 2012–2013
- Шкотски куп (1) : 2013
Поединечни
[уреди | уреди извор]- Најдобар млад играч на годината во Шкотската Премиер лига: 2012–13
- Најдобар млад играч на месецот во Шкотската Премиер лига: декември 2011
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Victor Wanyama“. Goal.com. Посетено на 12 February 2015.
- ↑ 2,0 2,1 „Celtic's Victor Wanyama has joined Southampton, say Kenyans“. BBC Sport. 11 July 2013. Посетено на 20 September 2014.
- ↑ „Wanyama: Saints' sights on Europe“. FIFA. 17 December 2013. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 20 September 2014.
- ↑ „Southampton in record swoop for Wanyama“. FIFA. 11 July 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 20 September 2014.
- ↑ 5,0 5,1 Mugabe wants to cement position in Belgium club Standard Digital, 5 January 2010
- ↑ Wanyama suspendu trois matchs (Wanyama suspended three games) Footgoal, 29 September 2009 (француски)
- ↑ Wanyama va rester au Germinal Beerschot (Wanyama stays with Germinal Beerschot) Footgoal, 16 April 2010 (француски)
- ↑ Wanyama poursuivi (Wanyama continued) Footgoal, 18 April 2011 (француски)
- ↑ „Wanyama is a Celt“. Celtic FC. 9 July 2011. Посетено на 9 July 2011.
- ↑ „Victor Wanyama wins work permit appeal to sign for Celtic“. Scotzine.com. 8 July 2011. Архивирано од изворникот на 2017-08-22. Посетено на 24 January 2013.
- ↑ „Stipe Pletikosa and Victor Wanyama set to make Celtic bow“. Evening Times. Herald & Times Group. 20 July 2011. Архивирано од изворникот на 2011-09-19. Посетено на 23 September 2011.
- ↑ „Germinal's Victor Wanyama completes switch to Celtic“. BBC Sport. 9 July 2011. Посетено на 25 June 2012.
- ↑ „'When they scored the fans wanted more and we couldn't handle it'“. Herald Scotland. Herald & Times Group. 23 August 2011. Посетено на 30 August 2011.
- ↑ „Celtic 1–1 Udinese“. BBC Sport. 29 September 2011. Посетено на 29 September 2011.
- ↑ „Celtic 1–0 Hearts“. BBC Sport. 10 December 2011. Посетено на 12 December 2011.
- ↑ „Celtic's Victor Wanyama named SPL Young Player of the Month“. STV Sport. 13 January 2012. Архивирано од изворникот на 2012-01-18. Посетено на 8 February 2012.
- ↑ „Dunfermline 0 – 3 Celtic“. BBC Sport. 2 January 2011. Посетено на 3 January 2011.
- ↑ Celtic's Gary Hooper and Victor Wanyama strike to sink Dundee United guardian.co.uk, 14 January 2012
- ↑ Hearts 0 Celtic 4: match report The Telegraph, 8 February 2012
- ↑ „Clinical Celtic warmed up for the Nou Camp with what turned out to be little more than a training exercise as they outclassed a feeble St Mirren“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 20 October 2012. Посетено на 24 January 2013.
- ↑ „Scottish Football – Wanyama rejects Celtic deal“. Eurosport. Yahoo!. 25 October 2012. Посетено на 26 October 2012.
- ↑ „Debutant Watt lights up memorable Celtic victory“. UEFA. 25 October 2012. Посетено на 20 September 2014.
- ↑ „Victor Wanyama: Southampton sign Celtic midfielder for £12.5m“. BBC Sport. 11 July 2013. Посетено на 11 July 2013.
- ↑ „Wanyama makes Saints switch“. Southampton FC. 11 July 2013. Архивирано од изворникот на 2013-07-14. Посетено на 11 July 2013.
- ↑ „West Brom 0–1 Southampton“. BBC Sport. 17 August 2013. Посетено на 19 August 2013.
- ↑ „Victor Wanyama desperate for Saints to end with record breaking tally“. Daily Echo. 21 April 2014. Посетено на 2 November 2014.
- ↑ 27,0 27,1 „Wanyama considered switch“. Football 411. Архивирано од изворникот (24 October 2014) на 2014-11-02. Посетено на 2 November 2014.
- ↑ „Swansea 0–1 Southampton“. BBC Sport. 20 September 2014. Посетено на 20 September 2014.
- ↑ Reddy, Luke (18 October 2014). „Southampton 8 – 0 Sunderland“. BBC Sport. Посетено на 18 October 2014.
- ↑ Keegan, Mike (1 November 2014). „Hull City 0 – 1 Southampton“. BBC Sport. Посетено на 1 November 2014.
- ↑ „Wanyama transfer completed“. tottenhamhotspur.com. 23 June 2016. Посетено на 23 June 2016.
- ↑ „Victor Wanyama: Tottenham sign Southampton midfielder on five-year deal“. bbc.co.uk. 23 June 2016. Посетено на 23 June 2016.
- ↑ „Tottenham sign Victor Wanyama from Southampton“. telegraph.co.uk. 23 June 2016. Посетено на 23 June 2016.
- ↑ „Tottenham v Crystal Palace: Victor Wanyama seals Spurs' first Premier League win for 2016-2017“. Fox Sports Australia. 21 August 2016. Посетено на 21 August 2016.