Булимија
Булимија | |
---|---|
Губиток на глеѓ како резултат на булимија | |
Специјалност | Психијатрија |
Булимија е невротско нарушување што се одликува со повремени напади на претерано прејадување и последично повраќање, како и употреба на лаксативи или диуретици и прекумерно вежбање, со цел да ја намалат телесната тежина.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Од булимијата, како и анорексијата, заболуваат главно младите жени, најчесто на возраст од 16 до 25 години. Бидејќи прејадувањето и празнењето се одвиваат во тајност, бројот на заболените од ова нарушување не е точно одреден, но се проценува дека дури една петтина од сите американски девојки во средните училишта и колеџи барем привремено покажуваат знаци на булимија. Просечната возраст во која таа првпат се појавува е 18 години.
Булимијата може да се јави одделно или наизменично со анорексијата. Во тој наизменичен причинител - што се јавува приближно во секој петти случај - девојката извесно време не сака да јаде, подготвувајќи се за прејадување: можеби, во фазата на нејадење употребува и средства за потиснување на апетитот. Освен совпаѓањето, овие две нарушувања се поврзуваат со некои различни црти на личноста: анорексичарите се склони кон потиснување на сите нагони, вклучувајќи ги и сексуалните; заболените од булимија, од друга страна, обично си ги задоволуваат своите желби, претерувајќи, запаѓајќи во неволји со дрога, промискуитетно однесување, крадење во продавници или неконтролирано купување.
Општата здравствена состојба на луѓето заболени од булимија зависи од тоа колку често се прејадуваат и празнат. Таквото лице може да повраќа повремено (еднаш месечно) или многу често (многупати на ден). Телесните последици вклучуваат отекување на желудникот или панкреасот, воспаление на хранопроводот, зголемени плункови жлезди, расипување на забите и болести на непцата поради повраќање на желудочните киселини. Со честото повраќање, исто така, се трошат водата и калиумот во телесните ткива, што предизвикува нарушен ритам на срцето, стегање на мускулите, дури и одземеност. Во потешки случаи, некои од овие телесни проблеми можат да доведат до смрт. Уште една опасност е самоубиствената депресија.
Булимијата е вистинска болест и луѓето заболени од неа обично не можат свесно да ја контролираат без стручна помош. Предупредувањата на семејството и пријателите да престанат со таквото однесување во најдобар случај се бесполезни, а во најлош имаат токму спротивен ефект.
Причинители
[уреди | уреди извор]Се смета дека притисоците и судирите во семејството, како и претераниот стрес на работното место, се важна причина за булимијата.[1] Булимичарката обчно е личност која сака премногу да постигне и се стреми кон совршенство, а чувствува дека не може да ги задоволи очекувањата на своите родители. Нејзиното самопочитување е на ниско ниво и таа страда од депресија. Можеби како дете била физички или сексуално малтретирана: околу половина од сите заболени од булимија, во минатото имаат искуство на малтретирање.
Симптоми
[уреди | уреди извор]- повторување на појавата на прејадување и празнење
- нереален страв од дебелеење
- варирање на тежината (иако може да се одржува и релативно нормална тежина)
- желба за храна
- претерана употреба на лаксативи
- депресија
- ерозија на забната глеѓ, инфекција на непцата, кариес и промена на бојата на забите (предизвикана од желудочните киселини поради честото повраќање)
- желудочно-цревни пречки
Обратете се на лекар
[уреди | уреди извор]- ако тајно се прејадувате, а потоа повраќате или употребувате лаксативи
- ако одбегнувате да јадете пред другите
- ако вашето дете покажува неразумен страв од дебелина и мисли дека е дебело, иако, всушност не е
- ако вашето дете одбегнува да јаде со другите или често оди во тоалет веднаш по јадењето
Лекување
[уреди | уреди извор]Психотерапија - често комбинирана со антидепресиви - е почетниот начин на лекување, заедно со совети за исхраната. Се разбира, најдете психолог или псхијатар кој има искуство во решавањето на нарушувањата поврзани со исхраната. Тоа важи и за советувањето во поглед на исхраната, без разлика дали пациентот ќе оди кај семејниот лекар или кај друго здравствено стручно лице. Клиниките специјализирани за нарушувањата во исхраната можат да обезбедат услуги на психијатар, психотерапевт и нутриционист. Сите вклучени терапевти би требало да дејствуваат во тесна меѓусебна соработка.
Конвенционална медицина
[уреди | уреди извор]Психолошкото лекување на булимијата може да вклучува поединечна, семејна или групна психотерапија. Исто така, често се припишува бихевиористична или когнитивна терапија. Бихевиористичката терапија се сосредоточува на менувањето на навиките (прејадувањето и празнењето во овој случај); сеансите обично се посветуваат на анализирање на однесувањето и смислување на начин како тоа да се измени, а меѓу сеансите пациентката се придржува кон точно одредените упатства. Когнитивната терапија, исто така, се сосредоточува на вообичаеното однесување; нејзината цел е да ги проучи и да се спротивстави на негативните мисли кои се наоѓаат во заднината на деструктивните навики. Поединечната или групната психотерапија се сосроточува на емоционалните искуства и односи што се вистински причинител за булимијата.
Антидепресивите, во комбинација со психолошките облици на лекување, сега се едни од основните облици на лекување на булимијата. Изгледа дека селективните инхибитори на повторното чување на серотонинот, како сертралин и флуоксетин, помагаат над трицикличните антидепресиви, како што се амитриптилин и имипрамин.
Алтернативни начини на лекување
[уреди | уреди извор]Повеќето алтернативни облици на лекување на булимијата не ги опфаќаат причинителите што се наоѓаат во коренот на нарушувањето, но можат да помогнат во смирувањето на некои телесни тегоби што се последица на нарушувањето. Важно е да се посоветувате со стручни лица кои се искусни во решавањето на нарушувањата поврзани со исхраната.
Лекување со лековити билки
[уреди | уреди извор]Употребете кој било начин на лекување со лековити билки кои ја намалуваат анксиозноста или депресијата. За смирување на болките во желудникот или воспаленијата на усната празнина, пробајте корен од бел слез (Althaea officinalis) или прав од брест (Ulmus fulva).
Хомеопатија
[уреди | уреди извор]Хомеопатската медицина дава многу корисни рецепти за нарушувањата поврзани со исхраната. Во тешки случаи, каде конвенционалната медицина не била успешна, размислете за можноста да побарате хомеопат кој имал искуство со лекувањето булимија.
Психосоматско лекување
[уреди | уреди извор]Телесните вежби како јога, тај чи, кигонг и танцот можат да им помогнат на луѓето заболени од булимија во поглед на проблематичната слика што ја имаат за своето тело. Повторното програмирање на менталните процеси за да се стекне контрола врз циклусите на прејадување и празнење е вториот пристап. Можат да помогнат или хипнотерапијата или ЕЕЦ биофидбекот (biofeedback). Се разбира, разговарајте со стручно лице за хипнотерапија или биофидбек за нивното искуство во лекувањето на нарушувањата поврзани со исхраната.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Исхраната без шеќер и богата со хранливи материи може да помогне да се намали прејадувањето. Исто така, се препорачува да се исфрлат алкохолот, кофеинот, средствата за засилување на вкусот (солта) и цигарите. Исто така, важно е да се јаде разновидна храна, како и секојдненво да се зема дополнително количество витамин Ц (1000 мг), витамини од групата Б (50 мг) и мултивитамински/мултиминерални додатоци во исхраната.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |