Апетит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Апетитот е желбата за јадење храна, понекогаш поради глад. Привлечноста на храната може да го стимулира апетитот дури и кога гладот е отсутен. Апетитот постои во сите повисоки животни форми, и служи за регулирање на соодветниот внес на енергија за одржување на метаболичките потреби. Тоа е регулирано со тесна интеракција помеѓу дигестивниот тракт, масното ткиво и мозокот. Апетитот има врска со однесувањето на секој човек. Апетитивните и консумирните однесувања се единствените процеси кои вклучуваат внесунање на енергија, додека сите други однесувања влијаат врз ослободувањето на енергија. Кога се нагласува, нивото на апетитот може да се зголеми и да резултира со зголемување на внесот на храна. Намалена желба за јадење се нарекува анорексија, додека полифагија (или "хиперфагија") е зголемена желба за јадење. Кога апетитот не е регулиран, придонесува за анорексивна нервоза, булимија нервоза, кахексија, прејадување и пореметување во исхраната.

Физиолошки фактори[уреди | уреди извор]

Канон и Вашбурн (1912) предложиле дека јадењето започнува кога имаме празен стомак. Тие предложија дека ѕидовите на празен стомак се стругаат меѓу себе за да го произведат она што најчесто се нарекува „Грчеви на глад“. Некој скептици го нарекле објаснувањето на Канон за глад „Теоријата на тркалање“. Сепак, набљудувања од хируршки пациенти индицираат дека има повеќе до почетокот на јадење, а не само грчеви на глад. Со отстранување на стомакот грчевите на глад, не престанале, а ваквите пациенти рекле дека ги чувствуваат истите чувства на глад како и пред операцијата.