Баскервилски пес
![]() Корица на првото издание. | |
Автор | Артур Конан Дојл |
---|---|
Наслов на оригиналот | The Hound of the Baskervilles |
Изработувач на корицата | Алфред Гарт Џонс |
Земја | Обединетото Кралство |
Јазик | англиски |
Серијал | Шерлок Холмс |
Жанр | детективски роман |
Издавач | George Newnes |
Издадена | 1902[1] |
Медиум | печатено |
Страници | 359 |
Претходна | Мемоарите на Шерлок Холмс |
Следна | Враќањето на Шерлок Холмс |
Баскервилски пес (англиски: The Hound of the Baskervilles) е криминалистички роман од Сер Артур Конан Дојл, издаван во списанието Стренд во 1901 и 1902. Случките се одвиваат во Дартмур во 1889. Во делото Шерлок Холмс и Др. Вотсон ја истражуваат клетвата поврзана со Баскервилското куче.
Инспирација[уреди | уреди извор]
Главна инспирација било мочуриштето Фокс Тор за пишување на романот. Имотот на Бскервил е или имотот на Хејфорд Хол или на Брук Менор, што и двете се во близина на Баскфестлија. Во ова дело повторно се појавува Шерлок Холмс со Др. Вотсон. Конан Дојл ги вметнал повторно поради нивниот претходен успех.
Главни ликови[уреди | уреди извор]
Шерлок Холмс – главниот лик во романот, детективот од улицата 221b Baker Street од Лондон кој ќе ја реши мистеријата околу ѕверот и убиставата.
Џон Вотсон– раскажувачот на приказната, соработник на Шерлок Холмс и негов пријател.
Хуго Баскервил– сопственик на имотот Баскервил од 17 век со кого започнала мистеријата во семејството.
Чарлс Баскервил– препоследниот преживеан сопственик на имотот, кој е убиен веднаш на почетокот на романот и неговото убиство е едно од главните во романот.
Хенри Баскервил– внук на Чарлс Баскервил, наследник на имотот и еден од главните ликови.
Д-р Мортимер– лекар, пријател на Чарлс и Хенри Баскервил, лик кој го открива убиството.
Џек Степлтон– главниот антагонист, убиец и заговорник на серија убистава и проневери.
Берил Степлтон– сопруга на Џек Степлтон, но и во улога на негова сестра.
Џон и Елиза Беримор– главни домашни помошници на Баскервелови.
Лора Лионс– наводна љубовница на Џ. Степлтон.
Селден– тежок криминалец кој пребегнал во близината на Баскервелови.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Facsimile of the 1st edition (1902)“. S4ulanguages.com. Посетено на 2010-04-20.
![]() |
Оваа статија за за книга е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|
|