Книгата за прв пат била издадена на 7 март1905 г. од издавачот Џорџ Њунс и во колонијално издание од Лонгманс. Тираж при првото печатење: 30.000. За американското издание од Меклур, Филипс & Др. се испечатели уште 28.000 примероци.
Ова била првата збирка по 1893, кога Холмс „умира“ во „Финалниот проблем“. Откога го издал Баскервилскиот пес во 1901 год. (иако дејствието е пред Холмсовата смрт) Дојл бил под голем притисок да го оживее неговиот славен лик.
Оваа збирка содржи раскази чие дејствие се одвива во 1894 год., со тоа што му го дава на Холмс периодот од 1891 до 1894 год. за да го објасни „Големиот јаз“ за време на кој секој мислел дека тој е мртов.
,,Празната куќа" ("The Adventure of the Empty House") (враќањето на Холмс)