Д-р Вотсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џон Вотсон (Шерлок Холмс))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Џон Вотсон“ пренасочува тука. За останати употреби, видете ја страницата за појаснување.
Д-р Џон Х. Вотсон
Шерлок Холмс лик од
Paget holmes.png
Д-р Вотсон и Шерлок Холмс, илустрација на Сидни Пеџет.
Прво појавувањеСтудија во светлоцрвено
Последно појавување"Неговото последно поклонување"
СоздавачСер Артур Конан Дојл
Информации
Полмашко
ЗвањеДоктор
Занимањелекар
СопружникМери Морстан (сопруга)
НационалностАнгличанец

Доктор Џон Вотсон е измислен карактер, пријател, соработник и биографер на Шерлок Холмс, измислениот славен детектив создаден од Сер Артур Конан Дојл. Според разните приказни поврзани за него и Шерлок Холмс, Др. Џон Вотсон е роден на 7 август 1852 со целосно име како Џон Хемиш Вотсон. Во приказните, Вотсон живее со Шерлок Холмс на 221Б Бејкер Стрит и по професија бил лекар.

Џон Вотсон е прераскажувачот на приказните за Шерлок Холмс, поточно во четири романи и 52 од 56 приказни. Две од останатите четири се прераскажани од самиот Шерлок Холмс а две од трето лице.