Прејди на содржината

Банско (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Банско
Община Банско
Поглед кон Добриништа
Поглед кон Добриништа
Грб на Општина Банско
Административна карта на општина Банско
Административна карта на општина Банско
Земја Бугарија
ОбластБлагоевградска
СедиштеБанско
Површина
  Вкупна475,88 км2 (18,374 ми2)
Надм. вис.&10000000000000871000000871 м
Население (2024)
  Вкупно13.525
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2770
Повик. бр.07443
Мреж. местоbansko.bg

Општина Банско (бугарски: Община Банско) — општина во Пиринска Македонија, во денешната Благоевградска област, југозападна Бугарија. Седиште на општината е градот Банско. Општината има 8 населени места со вкупно население од 13.525 жители според проценка од 2024 година.

Географија

[уреди | уреди извор]
Карта на Општина Банско со населените места
Поглед на градот Банско во 2017 година.
Зградата на општинскиот совет во 2007 година.

Општината зафаќа дел од источната половина на Благоевградската област и со својата површина од 475,88 км2 се рангира на 6-то место меѓу 14-те општини на областа, што претставува 7,38% од површината на областа. Се граничи со 6 други општини: на север со Општина Мехомија и Општина Белица; на запад со Општина Кресна; на југозапад со Општина Свети Врач; на југ со Општина Неврокоп; на југоисток со Општина Грмен, а на исток со Општина Велинград од Пазарџичката област.

Релјефот на општината е многу разновиден. Нејзиниот северен дел ја зафаќа јужната половина од Разлошката котлина, југозападниот дел опфаќа големи делови од планината Пирин, а источниот дел се протега на северозападните делови од Доспат, најзападниот дел на големиот планински венец Родопи. Во овие граници, надморската височина варира од 600 метри по течението на реката Места во атарот на селото Кремен до 2.914 метри на врвот Вихрен на Пирин планина.

Во источниот дел од општината, од север кон југ, тече дел од реката Места со нејзините притоки: Дисилица (десна), Ретиже (десна) и други. Во јужниот дел се наоѓа горниот (северен) дел од Момина Клисура на реката Места.

Историја

[уреди | уреди извор]
  • На 14 август 1934 година, селото Густун е преименувано во село Гостун.
  • На 5 февруари 1965, Обидимски Ханови е прогласено за село со име Места.
  • 4 јануари 1966, селото Добриништа е преименувано во село Добриниште.
  • 20 октомври 2006, селото Добриништа е проласено за град.

Населени места

[уреди | уреди извор]

Општината има вкупно 8 населени места, од кои 2 града и 6 села. Список на населени места, подредени по азбучен ред, население и површина на нивните земјишта[1] (името во заграда е сегашното, сменето од бугарската држава):

Населено место Население (2021) Површина (км2)
Банско 9.062 148,28
Гостун 40 52,42
Добриништа (Добриниште) 2.631 80,35
Кремен 116 61,86
Места 197
Обидим 60 64,96
Осеново 35 52,83
Филипово 581 15,15
Вкупно 12.722 475,88

Демографија

[уреди | уреди извор]

Етнички состав

[уреди | уреди извор]

На табелите е прикажан националниот состав на населението во општината, според пописот од 2011 година[2] (подредени според големината на населението):

Населено место Етничка припадност
Вкупно Бугари Турци Роми Други Не се

самоопределиле

Не

одговориле

Банско 9.019 8.208 3 196 32 21 559
Добриништа (Добриниште) 2.836 2.510 / 31 / / 288
Филипово 615 553 10 / / 4 48
Места 242 239 / / / / 1
Кремен 205 185 / / 17 3 /
Обидим 84 84 / / / / /
Осеново 78 78 / / / / /
Гостун 46 46 / / / / /
Населено место Етничка припадност (%)
Вкупно Бугари Турци Роми Други Не се

самоопределиле

Не

одговориле

Банско 100,00 91,00 0,03 2,17 0,35 0,23 6,19
Добриништа (Добриниште) 100,00 88,50 / 1,09 / / 10,15
Филипово 100,00 89,91 1,62 / / 0,65 7,80
Места 100,00 98,76 / / / / 0,41
Кремен 100,00 90,24 / / 8,29 1,46 /
Обидим 100,00 100,00 / / / / /
Осеново 100,00 100,00 / / / / /
Гостун 100,00 100,00 / / / / /

Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.

Вероисповед

[уреди | уреди извор]

Според последниот бугарски попис од 2011 година,[3] религиозниот состав, меѓу оние кои одговориле на опционалното прашање за религиозна идентификација, бил следниот:

Населено место Број %
Православни 9,797 74.64
Католици 20 0.15
Протестанти 199 1.51
Муслимани 487 3.71
Друго 8 0.06
Нема 109 0.83
Не е самоидентификуван 269 2.04
Непознато 2236 17.03
Вкупно 13,125 100.00

Транспорт и инфраструктура

[уреди | уреди извор]

Низ Разлошката котлина поминува последната делница од теснолиниската железничка пруга СептемвриДобриништа (од км 115,8 до км 125,0).

Низ општината поминуваат и делови од 3 републички патишта со вкупна должина од 35,6 км: Републичкиот пат II-19 – 31,8 км, Републичкиот пат III-1901 – 2,3 км и Републичкиот пат III-1903 – 1,5 км.

  1. „ИС Инфостат“. НСИ - Национален статистически институт (бугарски). Посетено на 2026-01-22.
  2. „Ethnic composition of Bulgaria 2011“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 2023-09-03. Посетено на 2026-01-22.
  3. „Religious composition of Bulgaria 2011“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 2023-05-29. Посетено на 2026-01-22.