Места (село)
| Места | |
|---|---|
Центарот на селото Места на патот Банско - Неврокоп | |
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 41°45′N 23°41′E / 41.750°N 23.683°E | |
| Земја | |
| Област | Благоевградска |
| Општина | Банско |
| Надм. вис. | 660 м |
| Население (2024) | |
| • Вкупно | 175 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
| Пошт. бр. | 2772 |
Места — село во долината на реката Места во Пиринска Македонија, денес во Општина Банско, Благоевградската област, Република Бугарија. Според проценка од 2024 година, селото има 175 жители.
Историја
[уреди | уреди извор]
Пред да добие статус на село, Места била позната како Обидимски ханови.
Места е релативно ново село од 1965 година, сместено на десниот брег на реката Места, на падините на планините Пирин и Родопи.
Се претпоставува дека на оваа територија постоела населба во античкиот период, за што сведочат многубројните фрагменти од цигли и керамика пронајдени при обработката на земјиштето во селото, најразлични садови пронајдени при изградбата на куќите и гробовите и коските откриени во подрачјето на сегашната постоечка здравствена установа.
Во 1957 година било изградено сегашното училиште „Св. Кирил и Методиј“, за што голема заслуга за тоа имал тогашниот кмет на селото Борис Петков.[1] Во него се школуваат ученици од селата Гостун, Филипово и Осеново. Во 1961 година за директор бил назначен Цоло Цолов, кој го проширил училиштето со изградба на ново крило, вклучувајќи студентска работилница и спортска сала.
Во периодот од 1974 до 1978 година селото Места започнало со доградба на селото, со изградба и асфалтирање на главниот пат Добриништа - Неврокоп, а реконструирано било уличното осветлување. По 1979 година се асфалтирале внатрешните улици на селото, се изградила канализација, се изградиле работни станици, водоводна цевка до самото село, како и нов студентски дом, каде во моментов се издаваат општински станови и се наоѓа Градинката Места, отворена во 1992 година.
Во 2014 година бил реализиран нов проект за реконструкција на тротоари и улично осветлување.
Во селото постои и пошта која ги опслужува останатите села во општината.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 660 метри надморска височина на десниот брег на реката Места,[2] на патот Банско - Неврокоп. Места е оддалечена приближно 18 километри југоисточно Банско, административниот центар на општината и приближно 70 километри југоисточно од центарот на Благоевград. На 9 километри од Места се наоѓа селото Обидим.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2011 година, во Места живееле 242 жители.
На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото, според пописот од 2011 година:
| Националност | Број | % |
|---|---|---|
| Бугари | 239 | 98,76 |
| Роми | / | 0 |
| Турци | / | 0 |
| Други | / | 0 |
| Не се самоопределиле | / | 0 |
| Не одговориле | 3 | 1,24 |
| Вкупно | 242 | 100,00 |
На табелата е прикажан бројот на населението во Места за периодот 1965-2011:
| Година | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 345 | 326 | 293 | 300 | 293 | 242 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.
Според Националниот статистички институт на Бугарија, по проценките од 31 декември 2024 година, во Места имало 175 жители.[3]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Најголемата знаменитост на Места е црквата „Свети Ѓорѓи“. Изградбата на храмот започнала во 1996 година, а била завршена во 2008 година.[4] Во близина се наоѓа и манастирот „Свети Панталејмон“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Елена Боденова, ОУ „Св. св. Кирил и Методий" в село Места: Училището първоначално отваря врати в село Филипово“. glasnewsbg (англиски). Посетено на 2024-12-19.
- ↑ User, Super. „СЕЛО МЕСТА“. Банско (бугарски). Архивирано од изворникот на 2025-01-22. Посетено на 2024-12-19.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ User, Super. „Visit Bansko - Църква "Св.Георги" село Места“. visit-bansko.bg (бугарски). Посетено на 2024-12-19.
| |||||||||||||||||