Доспат (општина)
Општина Доспат | |||
---|---|---|---|
| |||
Општи податоци | |||
Област | Област Смолјан | ||
Население | жит. | ||
Управа | |||
Градоначалник | Предлошка:Инфокутија Општина во Бугарија/Градоначалник |
Општина Доспат (бугарски: Община Доспат) — општина во Пиринска Македонија во Смолјанската област. Од 2015 г. Градоначалник на Општина Доспат е Елин Радев.
Географија
[уреди | уреди извор]Географска положба, граници, големина
[уреди | уреди извор]Општината се наоѓа во најзападниот дел на област Смолјан. Граничи со:
- на исток – општина Борино;
- на југ – Грција;
- на запад – општина Сатовча, област Благоевград;
- на северозапад – општина Срница, област Пазарџик;
- на север – општина Батак, област Пазарџик.
Природни ресурси
[уреди | уреди извор]Релјеф
[уреди | уреди извор]Релјефот на општината е во средно и високо планински и се простира во јагозападниот дел на Западните Родопи.
На нејзината територија потпаѓаат делови од три орографски единици, коишто се составни делови на Западните Родопи.
На север се наоѓа највисокиот западен дел на Девинска планина.
Од северозапад на југоизток, североисточно и источно од долината на река Доспат се простира дел од најдолгиот родопски рид – Велијшко-Виденишкиот дел. Југозападно од село Змеица, на границата со општина Борино се издигнува врв Виденица (Ѓоз тепе, 1652,5 m), а на околу 3 km североизточно од град Доспат – врв Даа (1652,6 m).
Најзападниот регион на општината, потпаѓа во големиот басен на реката Доспат.
Најнискиот дел на општина изнесува 574 m н. и се наоѓа во крајниот југозападен дел, на границата со Грција, во коритото на река Доспат.
Води
[уреди | уреди извор]Основна водна артерија на општина Доспат е реката Доспат (лева приток на Места). Западно од град Доспат на реката е изградена преградната стена на вториот по големина бугарски резервоар – Доспат. После истекувањето од езерото, реката завртува кон југ, преминува преку куса клисура и навлегува од север во малата Барутинска котлина. На околу 4 km југозападно од село Брештен реката навлегува на грчка територија.
Население
[уреди | уреди извор]Етнички состав (2011)
[уреди | уреди извор]Состав и удел на етничките групи според пописот на населението во 2011 г.:[1]
Вкупно | Удел (во %) | |
Вкупно | 9116 | 100,00 |
Бугари | 4469 | 49,02 |
Турци | 65 | 0,71 |
Цигани | 31 | 0,34 |
Други | 309 | 3,39 |
Не се самоопределиле | 290 | 3,18 |
Не се изјасниле | 3952 | 43,35 |
Населени места
[уреди | уреди извор]Општината има 8 населени места со вкупно население од 7510 жители, според проценката на 7 септември 2021 г.[2]
Населено место | Население(2023 г.) |
Зафатнина на атарот km2 |
Забелешка (старо име) | Населено место | Население(2023 г.) |
Зафатнина на атарот km2 |
Забелешка (старо име) |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Барутин | 1495 | 54,946 | Касак | 786 | 38,231 | Касака | |
Брештен | 823 | 30,914 | Љубча | 772 | 20,037 | ||
Доспат | 2067 | 69,196 | Црнча | 543 | 11,963 | ||
Змеица | 1144 | 34,643 | Иланџиево | Чавдар | 276 | 22,767 | Чавдар махле, Чавдарица |
ВКУПНО | 7906 | 282,697 | нема населени места без атар |
Административно-територијални промени
[уреди | уреди извор]- МЗ № 2820/обн. 14.08.1934 г. – преименува со. Илнаџиево на со. Змеица;
- – преименува со. Касака на со. Касак;
- – преименува со. Чавдар махле на со. Чавдарица;
- Указ № 1942/обн. 17.09.1974 г. – признава со. Доспат за гр. Доспат;
- Указ № 2932/обн. 30.09.1983 г. – преименува со. Чавдарица на со. Чавдар;
- Указ № 3005/обн. 09.10.1987 г. – одделување на селата Брештен и Црнча (Област Смолјан) и нивните земјиште од Општина Сатовча, област Благоевград и ги припојува кон Општина Доспат, област Смолјан.
Транспорт
[уреди | уреди извор]Преку општината поминуваат делумно 3 патишта од Републиканската патна мрежа на Бугарија со општа должина 50,3 km.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Етнически състав на населените места в България според преброяването на населението през 2011 г.“ (англиски). pop-stat.mashke.org. Посетено на 30 юни 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „НАСЕЛЕНИЕ ПО СТАТИСТИЧЕСКИ РАЙОНИ, ОБЛАСТИ, ОБЩИНИ, НАСЕЛЕНИ МЕСТА, ПОЛ И ВЪЗРАСТ“.
Извори
[уреди | уреди извор]- Мичев, Николай (2005). Речник на имената и статута на населените места в България 1878 – 2004. София: ИК „Петър Берон: Изток-Запад“. ISBN 954-321-071-3.
Надворешни препратки
[уреди | уреди извор]- Официјален сайт на општина Доспат Архивирано на 13 август 2016 г. .
|