Прејди на содржината

Обидим

Координати: 41°47′16″N 23°38′24″E / 41.78786760963657°N 23.63992587986735°E / 41.78786760963657; 23.63992587986735
Од Википедија — слободната енциклопедија

Обидим — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Банско на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 80 жители (2024).

Обидим
Обидим
Обидим is located in Бугарија
Обидим
Обидим
Местоположба во областа
Обидим во рамките на Пиринска Македонија
Обидим
Местоположба на Обидим во Општина Банско и Благоевградската област
Координати: 41°47′16″N 23°38′24″E / 41.78786760963657°N 23.63992587986735°E / 41.78786760963657; 23.63992587986735
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска
ОпштинаБанско
Површина
 • Вкупна64,96 км2 (2,508 ми2)
Надм. вис.&100000000000000011999991,200 м
Население (2024)
 • Вкупно80
 • Густина0,012/км2 (0,032/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2776
Бежанци во селото

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Обидим се наоѓа на падините на планината Пирин, во близина на ски-центарот Банско. Селото е на 1200 метри надморска височина. Во селото има вкупно 13 цркви, параклиси, иконостаси и еден манастир.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото е основано на почетокот на 14 век. Во почетокот, Обидим се состоел од многу села одвоени со километри едни од други. Преку реките Места и Струма, а особено во јужниот дел на Родопите, жителите се занимавале главно со сточарство, а во зима многу од нив со своите стада се селеле кон Белото Море.

Како голема населба, Обидим се оформил на почетокот на 19 век, населбите постепено исчезнувале, а жителите нашле поатрактивен живот во селото, каде што се наоѓа и денес. Во 1842 година била изградена црквата „Свети Никола“. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, објавена во Константинопол во 1878 година и која ја одразува статистиката на населението од 1873 година, Обидим е наведен како село со 185 домаќинства и 430 Македонци.[1][2]

Во 1889 година, Стефан Верковиќ („Топографско-етнографска скица на Македонија“) го забележал Гостун како село со 175 македонски куќи.[3]

Георги Стрезов во 1891 година пишува за селото:

Обидум, лежи на еден рид во Пирин. Селаните се занимаваат со сточарство за егзистенција. Православна црква и училиште, 47 ученици. Бројот на куќите бил 200, населени само со Македонци.[1]

Војводата Иван Апостолов во 1901 година основал револуционерен комитет во двете соседни пирински села Обидим и Кремен. Двете планински села, лоцирани над важниот пат што ги поврзувал Разлошко и Неврокопско, формирале важен центар на МРО.[4]

Два месеци пред избувнувањето на Илинденското востание, 200 селани биле повикани на воена обука во областа Извор од Јане Сандански. Биле формирани две чети, предводени од Благо Жуданов и Георги Москов, кои, прогонувани од властите, биле принудени да влезат во илегала и да се приклучат на четата на Копаран Чауш.[5]

На 13 и 14 септември 1903 година кај Обидим се случила битка помеѓу обединетите единици на Внатрешната македонска револуционерна организација со османлиските чети за време на востанието.[6]

Во 1908-1909 година селото имало 220 македонски куќи со население од 1050 жители.[1][7]

Селото било опожарено за време на Првата балканска војна во 1912 година. Голем дел од населението се иселило, главно во Чепино, Велинградско. Веднаш по повлекувањето на турската војска, дел од населението повторно се вратило. Селото го започнало својот подем бидејќи биле изградени многу нови куќи и населението земало активно учество во општествениот и политичкиот живот - активно учествувало во војните од 1912-1918 година, давајќи десетици жртви.

Во 1914 година била изградена црквата на манастирот „Свети Пантелејмон“.

Демографија

[уреди | уреди извор]

На табелата е прикажан бројот на населението во Обидим за периодот 1934-2011:

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 999 1122 1035 802 612 354 265 163 84

Етнички состав

[уреди | уреди извор]

Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:

националност број %
Бугари 84 100
Роми - -
Турци - -
други - -
не се самоопределиле - -
не одговориле - -
Вкупно 84 100

Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[1]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Благодарение на традицијата создадена во 70-тите години на 20 век, на секои 5 години се одржува состанок на ливадата Мачишта, на 2 км од селото. Многу од потомците на Обидим, расфрлани низ целата земја, секоја година одржуваат семејни средби.

Личности

[уреди | уреди извор]

Родени во Градево

  • Димитар Сеизов (? – 1895), македонски револуционер, војвода на Македонскиот комитет
  • Димитар Пенков (1876 – 1925), македонски револуционер

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Од Обидим е познатото трио „Сестри Груеви“, кое изведува народна музика во карактеристичниот локален двоглас.

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско: Статистика на населението от 1873 г. София, Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33, 1995. ISBN 954-8187-21-3. с. 128 – 129.
  3. Верковичъ, Стефанъ. Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. С. Петербургъ, Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба), 1889. с. 236 – 237. (на руски)
  4. Радулов, Георги. Въстанието в селата Кремен и Обидим, П. Македония, в: Сто години Илинден, 1903 – 2003, том 1, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2005, стр. 244
  5. Радулов, Георги. Въстанието в селата Кремен и Обидим, П. Македония, в: Сто години Илинден, 1903 – 2003, том 1, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2005, стр. 247
  6. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград, Редакция „Енциклопедия“, 1995. ISBN 954-90006-1-3. с. 104.
  7. Извори за българската етнография, Т. 3. Етнография на Македония, Съставители: Маргарита Василева и Колектив, София, 1998, стр. 79