Филипово
Филипово — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Банско на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 600 жители (2024).
| Филипово Филипово | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 41°45′50″N 23°40′58″E / 41.76386358205037°N 23.682786924736646°E | |
| Земја | Бугарија |
| Област | Благоевградска |
| Општина | Банско |
| Површина | |
| • Вкупна | 15,16 км2 (585 ми2) |
| Надм. вис. | 863 м |
| Население (2024) | |
| • Вкупно | 600 |
| • Густина | 0,40/км2 (1,0/ми2) |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
| Пошт. бр. | 2775 |
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Филипово се наоѓа во планинско подрачје на падините на Пирин планина. Се наоѓа на 1 километар од патот што го поврзува малиот град Добриништа со градот Неврокоп, со кривината кај селото Места. Целиот пат помеѓу Филипово и Осеново (5-6 километри) е проследен со интересни карпести формации.
Историја
[уреди | уреди извор]Во список на населени места и број на немуслимански домаќинства во дел од Неврокопскиот вилает од 16 ноември 1636 година, селото Долен Филип е посочено како село во кое живееле 24 немуслимански семејства, а во селото Горен Филип - 36 немуслимански домаќинства.[1] Во списокот на населени места и бројот на немуслиманските домаќинства во Неврокопскиот вилает од 13 март 1660 година, селото Долен Филип било наведено како село во кое живеат 6 немуслимански семејства.[2]
Во 19 век Филипово било мешано муслиманско и христијанско село во Неврокопската каза на Отоманското Царство. Црквата „Успение на Богородица“ датира од 1867 година. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, објавена во Константинопол во 1878 година и која ја одразува статистиката на населението од 1873 година, Филипово е наведено како село со 50 домаќинства, 80 Помаци и 70 жители христијани.[3]
Во 1889 година, Стефан Верковиќ („Топографско-етнографска скица на Македонија“) го забележал Филипов како село со 20 македонски и 30 турски куќи.[4]
Демографија
[уреди | уреди извор]На табелата е прикажан бројот на населението во Филипово за периодот 1934-2011:
| година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| население | 309 | 397 | 533 | 581 | 556 | 566 | 640 | 603 | 615 |
Етнички состав
[уреди | уреди извор]Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:
| националност | број | % |
| Бугари | 553 | 97,53 |
| Роми | - | - |
| Турци | 10 | 1,76 |
| други | - | - |
| не се самоопределиле | 4 | 0,71 |
| не одговориле | - | - |
| Вкупно | 567 | 100 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Горозданова, Елена. Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София, Главно управление на архивите при МС, 2001. ISBN 954-9800-14-8. с. 41.
- ↑ Горозданова, Елена. Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София, Главно управление на архивите при МС, 2001. ISBN 954-9800-14-8. с. 294.
- ↑ Македония и Одринско: Статистика на населението от 1873 г. София, Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33, 1995. ISBN 954-8187-21-3. с. 128-129.
- 1 2 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
| |||||||||||||||||