Јужен Полуостров (Исланд)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јужен Полуостров
Suðurnes
Јужниот Полуостров во рамките на Исланд
Јужниот Полуостров во рамките на Исланд
ЗемјаИсланд
СедиштеКеплавик
Површина
 • Вкупна829 км2 (320 ми2)
Население (2007)
 • Вкупно20.300
 • Густина24,5/км2 (630/ми2)
Вулканското поле на Рејкјанес.
„Мостот меѓу континентите“ преку раседната долина Аулваќау.

Јужен Полуостров (исландски: Suðurnes), тр. Сидирнес) — регион во северозападен Исланд. Наречен е по полуостровот Рејкјанес (Reykjanesskagi) на кој се наоѓа.

Население[уреди | уреди извор]

Регионот има население од 22.000 жители и се вбројува меѓу најгусто населените делови на земјата. Седиштето му е во Кеплавик, кој сам по себе имал 7.000 жители, но се споил со Њардвик, образувајќи го Рејкјанеспајр — второ населено место по големина вон поширокото подрачје на Рејкјавик; во 2013 г. градот броел 14.231 жител.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

На полуостровот се одвива активен вулканизам со големи лавини полиња, и затоа е мошне оскуден со растителнсот. Јужната половинја има голем број топли и сулфурни извори, особено околу езерото Клејварватн и геотермалното подрачје Крисивик. Кај Свартесенги има геотермална централа која го користи ова природно добро за производство на струја.

Друга позната знаменитост на подрачјето е раседната долина Аулваќау кај Кринтавик која ја бележи границата помеѓу тектонските плочи на Евроазија и Северна Америка. Преку оваа долина (широка 18, а длабока 6 м) во 2002 г. е изграден т.н. „Мост меѓу континентите“, со поранешно име „Лејф Касметливиот“ во чест на исландскиот морепловец Лејф Ериксон кој стасал до Америка 500 години пред Кристофер Колумбо.

На полуостровот се сместени некои рибарски гратчиња како Кринтавик и Њардвик заедно со Кеплавик и неговиот меѓународен аеродром „Лејфир Ериксон“, како и поранешната американска воена база. Недалеку од аеродромот е и познатата бања „Сина Лагуна“ (Bláa Lónið), која впрочем претстаува топло езеро.

Општини[уреди | уреди извор]

Општина Изворно Население[1] Површина
(км2)
Вогар Sveitarfélagið Vogar 1.268 164,4
Кардир Sveitarfélagið Garður 1.595 20,67
Кринтавик Grindavíkurbær 3.323 423,46
Рејкјанеспајр Reykjanesbær 17.805 144,48
Сангерди Sandgerðisbær 1.779 61,79

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Единици на месната управа“. ec.europa.eu. Посетено на 2018-08-10. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 63°55′N 22°15′W / 63.917° СГШ; 22.250° ЗГД / 63.917; -22.250