Јелошник
Јелошник — село во Општина Теарце.
Географија и местоположба
Историја
Стопанство
Демографија
Јелошник е раселено село. Според пописот од 2002 не се забележани жители.
Родови
Јелошник било македонско село.
Според испитувањата вршени во 1947 година, родови во селото биле:
- Малоќевци (16 к.), староседелци. Имаат иселеници во Глоѓи и Теарце.
- Поповци или Спасеновци (11 к.), староседелци. Имаат иселеници во Глоѓи, Теарце, Доброште и Русе (две семејства).
- Богојновци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
- Чарапиновци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Глоѓи, Теарце, Доброште и во Кишењево.
- Секуловци (2 к.) доселени се од селото Боговиње, денес албанско село.
- Љумљанци или Богданоќевци (9 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија, порано ги викале Латинци. Овде се доселиле браќата Јане и Богдан доста рано. Имаат иселеници во Глоѓи, Доброште, Теарце. А преку 30 нивни семејства живеат во Тетово, Белград, Букурешт, итн.[2]
Општествени установи
- Цркви
- Црква „Св. Богородица“ - Јелошник[3] - изградена во и осветена во 1872 година, врз темели на сакрален објект, веројатно од XVII век.
- Црква „Свето Благовештение“ - Јелошник — црква посветена на Света Богородица
- Црква „Вознесение Христово“ - започната во 2000 и завршена и осветена во 2018 година;
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Tрадиционално одбележaн Благоец во Јелошник“. КИСС ТВ. 7 април 2008. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 29 април 2010.
Надворешни врски
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|