Прејди на содржината

Американски идол

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од American Idol)

Американски идол (познат и како Американски Идол: потрага по супер ѕвезда) — реален телевизиски натпревар по пеење, создаден од Сајмон Фулер и во продукција на Фриментал медија Северна Америка и Ентертејмент 19, кое започна да се емитува на 11 јуни 2002 година на телевизијата Фокс. Дел од лиценцата на Идол е нуспроизвод на Британското шоу Поп Идол. Идејата на серијата е да се пронајде нов соло изведувач кој би станал еден од најпопуларните во историјата на Американската телевизија. Според рангирањето на Нелсен, Идол е најгледана ТВ серија до јануари 2011година и е единствената програма која била на врвот шест последователни сезони , надминувајќи ги сериите “Сите во фамилијата ” и “ Шоуто на Козби ” - серии кои биле на врвот пет последователни сезони.

Шоуто има за цел да го пронајде најдобриот пејач во земјата за којшто ќе одлучат гледачите. Преку телефонско гласање, интернет и АТ&Т СМС-гласање гледачите досега ги избраа победниците, како што се Кели Кларксон, Рубен Студард, Фантасија Барино, Кери Андервуд, Тејлор Хикс, Џордин Спаркс, Дејвид Кук, Крис Ален и Ли Де Вајз (напишани по хронолошки ред).

Серијата вработува група судии кои ја критикуваат изведбата на натпреварувачите. Првите тројца судии беа: добитникот на Греми награда, музички продуцент и музички менаџер Ренди Џексон, добитничката на Греми награда за поп пејач и добитничка на Еми награда, кореографката Пола Абдул и добитникот на награда за музички извршител и музички менаџер- Сајмон Коел. Од јануари 2011 година, групата на судии е составена од Џексон, Џенифер Лопес- добитничка на наградата за пејачка/ глумица и музички продуцент, како и фронтменот на Аеросмит и добитник на Греми награда, пејачот и композитор Стивен Тајлер. Домаќин на сите сезони е радио диџејот Рајан Сикрест.

Извршните продуценти од конкурентните телевизии го опишаа шоуто како “највлијателно шоу во историјата на телевизијата“. Шоуто исто така стана отскочна штица за почнување на кариера на многу уметници, како вистински ѕвезди. Весникот “ Ентертејмент викли” напиша: “ ни ги подарија Кели, Кери, Дотри и Џ. Худ. Идол има главен збор, затоа што победниците на Фокс всушност имаат огромна слава. А, Тејлор Хикс? Тој е исклучок што го докажува тоа.”

Историја

[уреди | уреди извор]
Поранешно лого на Американски Идол од 2002 до 2008 г.

Американски Идол е создаден врз основа на Британското шоу Поп Идол, кое всушност е инспирирано од Поп ѕвезди, кое пак ТВ шоу продуцентот Најџел Литго го забележа во Австралија и го донесе во Британија. Користејќи ја идејата на Поп ѕвезди за ангажирање на група судии кои избираат пејачи за аудиција како и додавање на други елементи, како што е телефонско гласање од страна на гледачите кое во тоа време веќе беше спроведено во емисии, како на пример Изборот на песна на Евровизија, Симон Фулер го создаде шоуто Поп Идол. Шоуто првпат беше емитувано во 2001 година во Британија каде што Најџел Литго беше продуцент, а Сајмон Коел беше еден од судиите. Шоуто постигнало голем успех кај гледачите.

Сајмон Фулер и Сајмон Коел се обиделе да ја продадат содржината на Поп Идол во САД во 2001 година, но таму идејата не била многу прифатена од ТВ мрежите. Мегутоа, Руперт Мурдок - претседателот на матичната компанија Фокс го купил шоуто поради неговата ќерка Елизабет која го убедила да го купи затоа што била обожавател на Британското шоу. Шоуто беше преименувано во Американски Идол: Потрага по Супер Ѕвезда, кое првпат беше емитувано летото во 2002 г. и стана една од летните хит емисии таа година. Со личен ангажман на гледачите кон натпреварувачите со гласање и присуството на Сајмон Коел- судијата без влакна на јазикот, ова шоу прерасна во феномен. До 2005 година шоуто стана најголемо ТВ шоу во САД- позиција која ја задржа 6 години. Шоуто моментално планира да се емитува до 2011 година.

Судии и водители

[уреди | уреди извор]

Првично, во шоуто се планирало да има четири судии, следејќи ја формата на Поп Идол, мегутоа за време на аудициите во првата сезона биле пронајдени само тројца судии- Ренди Џексон, Пола Абдул и Сајмон Коел. Четвртиот судија, радио диџејот Страјкер беше првично избран, но тој се повлече наведувајќи “загриженост за имиџот.” Во втората сезона познатата радио личност од Њујорк, Енџи Мартинес беше најмена како четврт судија, но се повлече само после неколку дена од аудициите затоа што не и било удобно да дава лоши критики. Шоуто реши да продолжи со тројца судии сè до осмата сезона. Тројцата првоизбрани судии останаа во групата осум сезони.

Во осмата сезона, Кара Дио Гарди - пејачка, текстописец и музички продуцент, номинирана за Латинските Греми награди беше додадена како четврт судија. Добитничката на Еми награда и водителка на говорна емисија- Елен ДеЏенерес ја замени Пола Абдул во таа сезона, но си замина само после една сезона. На 11 јануари 2010 година Сајмон Коел објави дека го напушта шоуто за да продолжи да го промовира своето шоу Икс-фактор во САД во 2011 година. Исто така, Кара Дио Гарди го напушти шоуто на 3 септември 2010 година после две сезони. На 22 септември 2010 година беше објавено дека Џенифер Лопес и Стивен Тајлер ќе се приклучат на судиската група.

Повремено можат да се вметнат и судии-гости. Во втората сезона Лајонел Ричи и Робин Гиб беа судии-гости кога останаа уште дванаесет кандидати. Исто така, во третата сезона Дона Самер, Квентин Тарантино и некои од менторите се приклучија кон судиите за да ги критикуваат изведбите во последниот круг. Судиите-гости беа присутни на аудициите во четвртата, шестата и деветтата сезона, дел од нив беа Џен Симонс и ЛЛ Кул Џ во четвртата сезона, Џевел и Оливија Њутн Џон во шестата сезона, Нил Патрик Харис и Шанаја Твен во деветтата сезона.

Судии

Ренди Џексон

  • Пола Абдул (2002-2009 год)
  • Симон Коел (2002-2010 год)
  • Кара Дио Гарди (2009-2010 год)
  • Елен ДеЏенерес (2010 год)
  • Џенифер Лопес (2010-моментално)
  • Стивен Тајлер (2011-моментално)

Водители
  • Рајан Сикрест
  • Брајан Данклемен (2002)

  • Задебелените букви го означуваат судијата/ водителот кој во моментот суди/ води во тековната сезона.

Процес на избирање

[уреди | уреди извор]

Во неколку чекори шоуто го избира потенцијалниот победник од десетици илјади натпреварувачи.

Квалификации на натпреварувачите

[уреди | уреди извор]

Возраста на натпреварувачите е пожелно да биде од 15 до 28 години. Првичната старосна граница беше од 16 до 24 години во првите три сезони, но највисоката граница беше достигната до 28 години во четвртата сезона, а најмалата старосна граница беше намалена на 15 години во шестата сезона. Натпреварувачите мора да бидат легални грагани на САД и не треба да поседуваат никаква снимка или договор во кои е претставен нивниот талент, сè до полуфиналниот настап (во претходните години до настапот на аудициите).

Податотека:Деветта сезона на аудиција во Денвер.jpg
(Полето Инвеско во Мајл Хај).

Први аудиции

[уреди | уреди извор]

Нтпреварувачите поминуваат преку три строги серии на елиминирање.Првата е кратка аудиција со тројца натпреварувачи кои се претставуваат пред оценувачите, кои можат да бидат и некои од продуцентите на шоуто. Бројот на натпреварувачи може да ја надмине бројката од 10 000 илјади луѓе во секој град, но само околу 100 до 200 натпреварувачи од секој град може да го поминат првиот круг на преелиминарните аудиции.

Успешните натпреварувачи се праќаат на аудиција на која настапуваат пред продуцентите. Повеќето од натпреварувачите се исфрлаат во кругот во кој оценуваат продуцентите, пред да можат да продолжат на аудициите во кои оценуваат судиите- која што е и единствената аудиција што се прикажува во шоуто. Оние натпреварувачи кои се изберени од страна на судиите одат во Холивуд. Помеѓу 10 до 16 луѓе од секој град може да стигнат во Холивуд.

Недела во Холивуд

[уреди | уреди извор]

Во Холивуд натпреварувачите настапуваат поединечно или во групи во повеќе рунди. Претходните години судиите ги поделија елиминациите во три кругови. Во првиот круг натпреварувачите настапуваат во групи, но изведуваат поединечно. Во следниот круг натпреварувачите се поделуваат во мали групи и заедно ја изведуваат песната. Во последниот круг натпреварувачите настапуваат сами со песна по нивни избор- акапела или се придружувани од музички бенд, во зависност од сезоната. Во втората и во третата сезона од натпреварувачите се бараше да напишат оригинален текст или мелодија за во следниот круг.

Во седмата сезона кругот во кој се настапуваше во групи беше укинат и со согласност на судиите натпреварувачите можеа директно да влезат во финалето во Холивуд, после првиот самостоен настап каде што можеа да настапат со некој инструмент или да бидат придружувани од музички бенд. Вториот круг таа година беше сличен со првиот круг од претходните години. Во десеттата сезона беа додадени дополнителни кругови во Лас Вегас, како и повеќе самостојни настапи. На крајот на неделата во Холивуд 24 до 36 натпреварувачи се избираат да одат во полуфиналниот настап.

Гласање на публиката

[уреди | уреди извор]

Од полуфиналето па наваму, судбината на натпреварувачите ја одредуваат гласовите на публиката. За време на изведбата на натпреварувачите па сè до крајот на шоуто, на екранот е прикажан бесплатен телефонски број за секој од натпреварувачите. Во период од два часа (четири часа во финалето), откако ќе заврши епизодата, гледачите од сите часовни појаси во САД можат да се јават или да испратат текстуална порака на телефонскиот број на избраниот натпреварувач и секој повик или текстуална порака е запишана како глас за натпреварувачот. На гледачите им е дозволено да гласаат толку пати колку што можат во период од два часа, мегутоа шоуто го задржува правото да ги отфрли гласовите добиени од повеќекратно бирање.

Еден или повеќе од последните познати натпреварувачи можат да бидат елиминирани во неколкуте последователни недели сè додека не се прогласи победникот. Повеќе од 110 милиони гласови беа изброени во првата сезона, а до осмата сезона бројот се зголеми на 264 милиони гласови. Гласањето преку текстуални пораки беше овозможено во втората сезона кога спонзор на шоуто стана АТ&Т Ваерлес и беа испратени 7,5 милиони текстуални пораки во Американски Идол таа сезона. Бројот на текстуални пораки наеднаш се зголеми, достигнувајќи го врвот во осмата сезона со 178 милиони пораки. Гласањето преку интернет за првпат беше спроведено во десаттата сезона. Гласовите ги брои и ги потврдува здружението Телескоп.

Полуфиналисти

[уреди | уреди извор]

Во првите три сезони, како и во осмата и десеттата сезона, полуфиналистите беа поделувани во различни групи и настапуваа поединечно во посебна вечер. Во првата сезона имаше три групи од по 10 натпреварувачи каде што најдобрите тројца натпреварувачи од секоја групата одеа во финале. Во втората и третата сезона имаше четири групи од осум натпреварувачи и беа избрани двајцата најдобри од секоја група.

Во осмата сезона имаше три групи од дванаесет натпреварувачи како и тројца натпреварувачи кои одат понатаму- највисоко пласираниот машки изведувач, највисоко пласираниот женски изведувач и следниот најдобро пласиран пејач. Во десеттата сезона момчињата и девојките настапуваа во различна вечер и беа изберени по петмина од нив. Во четири сезони имаше џокер рунда за оние натпреварувачи кои не усале да се квалификуваат, на коишто им се даде втора шанса. Во првата сезона судиите избраа само еден натпреварувач на кој му дадоа втора шанса, така што вкупниот број на финалисти беше 10. Во втората и третата сезона секој од судиите се залагал за еден ватпреварувач, при што публиката одлучила четворица од нив да влезат во финалето, така што бројот на финалисти стана 12. Во осмата сезона четворица финалисти беа избрани од страна на судиите и бројот на финалисти стана 13. Во десеттата сезона на тројца натпреварувачи им се даде втора шанса за повторно да бидат 13 финалисти.

Од четвртата до седмата сезона како и во деветтата сезона дваесет и четворицата финалисти беа поделени според полот со цел да има еднаква поделеност на половите кај најдобрите 12 натпреварувачи. Момчињата и девојките пееја одделно една по друга вечер и последните двајца од секоја група беа елиминирани секоја недела сè додека не останаа само шест натпреварувачи од секоја група за да останат дванаесетте најдобри финалисти.

Финалето го емитува телевизијата ЦБС од Лос Анџелес, во ударно време во студио пред жива публика. Финалето во првата сезона траеше осум недели, во наредните сезони единаесет недели, додека во десеттата сезона финалето траеше дванаесет недели. Секој од финалистите изведува песна или песни коишто се избираат според темата на неделата. Темите можат да бидат врз основа на музичките жанрови како што е Мотон, диско или големите бендови, песни од изведувчи како на пример Мајкал Џексон, Елвис Присли или Битлси или повеќе општи теми како што се број еден хитовите на Билборд листата или пак песни од годината на раѓање на натпреварувачите. Натпреварувачите обично работат со славен ментор кој има поврзаност со тамата.

Во десеттата сезона Џими Ловин беше назначен за ментор на местото на неделниот славен ментор. На почетокот, натпреварувачите пееја по една песна секоја недела, но потоа најдобрите четири или пет натпреварувачи изведуваа по две песни, а три песни изведуваа најдобрите два или три натпреварувачи. Обично најпопуларните натпреварувачи не се откриваат во шоуто, наместо тоа, тројца натпреварувачи (двајца во последните кругови) кои имаат најмал број на гласови се повикуваат да дојдат на центарот на сцената. Еден од нив се враќа на безбедно, а остануваат двајца од кои едниот не мора да биде со најмал број гласови. Тогаш натпреварувачот со најмал број на гласови се открива и се елиминира од натпреварот. Монтажата од елиминацискиот натпревар се пушта и се прави последна изведба. Мегутоа, почнувајќи од осмата сезона судиите можат да ја отфрлат одлуката на гледачите со “спас од судиите”- можат да спасат некој од натпреварувачите со едногласна одлука, но двајца ќе бидат елиминирани следната недела. Тоа може да се случи само еднаш, пред да се изберат најдобрите пет.

Во финалето последните двајца натпреварувачи настапуваат со цел да се одлучи кој је биде победникот. Првите шест сезони, со исклучок на втората сезона, финалето беше емитувано од Театарот Кодак кое има капацитет од околу 3 400 луѓе. Финалето во втората сезона се одржа во Амфи театарот Гипсон. Од седмата сезона па наваму, местото беше сменето во Театарот Нокиа, којшто има капацитет да собере повеќе од 7 000 луѓе. Наредната вечер се одржува двочасовно шоу на прогласување на резултатите при што на крајот се прогласува победникот.

Награди за победникот и финалистите

[уреди | уреди извор]

Победникот добива договор за снимање со најголемите музички куќи, каде можат да издадат и до шест албума за седум години, а им обезбедува и менаџерски договор со Американски Идол- придружен од 19 менеџерски договори (што беше првата можност да се потпишат сите натпреварувачи), како и различни профитабилни договори. Сите претходни победници наводно заработиле најмалку еден милион долари во првата сезона како победници. Исто така, сите второпласирани натпреварувачи од првите девет сезони, како и некои од другите финалисти добија договори за снимање со најголемите музички куќи. Сите десет најдобри финалисти имаат привилегија да одат на турнеја, каде што секој од нив може да заработи шестоцифрена сума на пари. Десеттата сезона е прва сезона каде што 11 учесници ќе одат на турнеја.

Резиме на сезоните

[уреди | уреди извор]
Податотека:Лого на Американски Идол.png
Американски Идол лого 2008–2010год

Краток преглед на шоуто

[уреди | уреди извор]

Сите сзони започнуваат со аудиции во различни градови каде што неколку стотици илјади натпреварувачи се избираат од страна на судиите. Обично епизодите на аудицијата се одликуваат со мешавина од потенцијални финалисти, интересни карактери и очајно неспособни кандидати. Најуспешните натпреварувачи добиваат златен билет кој им овозможува да продолжат во сленниот круг во Холивуд. Врз основа на нивниот настап во Холивуд, судиите избираат 24 до 36 натпреварувачи за да учествуваат во полуфиналето. Од полуфиналето па наваму, натпреварувачите ги изведуваат нивните песни во живо и после секоја изведба судиите им даваат критики. Гледачите гласаат за натпреварувачите, а резултатите од нивното гласање се откриваат во посебно шоу кое обично се одржува следната вечер. Шоуто се одликува со групна изведба од страна на натпреварувачите, како и со изведба на некои гости. Во трите шоуа во кои се објавуваат резултатите се одржува прослава за најдобрите тројца финалисти. Сезоната го достигнува својот врв со двочасовното финале, каде што се прогласува победникот.

Со исклучок на првата и втората сезона, натпреварувачите од полуфиналето па наваму настапуваат во студио пред публика. Во финалето тие настапуваат со музичка група. Од четвртата до деветтата сезона музичката група во Американскиот Идол беше под водство на Рики Мајнор, а од десеттата сезона па наваму е Реј Чу. На натпреварувачите им се дава мала асистенција зад сцената од страна на вокални инструктори и музички аранжери како што се Доријан Холеј (кој се откажа во 2009 година), Мајкал Орланд и Дебора Бирд. Во седмата сезона од настапот на Холивуд па сè до крајот, натпреварувачите можеа да настапуваат со музички инструмент. Во првите десет сезони во САД и во Канада настапите обично беа емитувани во живо, во вторник навечер, а шоуто во кое се објавуваа резултатите се емитуваше во среда, но во десеттата сезона настапите се поместија во среда и во четврток.

Прва сезона

[уреди | уреди извор]

Првата сезона на Американски Идол се емитуваше како замена за друго шоу во јуни летото 2002 година на мрежата на телевизија Фокс. Водители на шоуто беа Рајан Сикрест и Брајан Данклемен.

Кели Кларксон, победник во првата сезона

Во аудициските кругови беа изберени 121 натпреварувач од околу 10 000 кои се пријавиле на аудицијата. Во полуфиналето останаа само 30 натпреварувачи, а 10 во финалето. Еден од првите фаворити за победник на шоуто беше Тамира Греј, но беше елиминирана во првите четири. Тоа беше првата елиминација која што шокираше, како и неколку други коишто се повторија во подоцнежните сезони. Друго изненадување со елиминациите беше Кристина Кристијан, која беше хоспитализирана пред да влезе во најдобрите шест во шоуто, поради болки во градите и забрзано биење на срцето. Таа беше елиминирана додека беше во болница. Џим Верарос беше првиот натпреварувач во шоуто кој отворено зборуваше за неговата хомосексуалност. Неговата сексуална ориентација беше откриена во едно интернет списание. По барање на продуцентите на шоуто, кои беа загрижени дека би можело неферски да се гласа за него, Џим Верарос беше отстранет за време на натпреварувањето.

Последната конфронтација беше помеѓу Џастин Гварини- еден од фаворитите и Кели Кларксон. На почетокот Кларксон не беше кандидат за победник, мегутоа таа ги воодоошеви судиите со своите настапи во финалните кругови, како што е нејзината изведба на пасната “Природна жена” од Арета Френклин и “ Такви работи ” од Бети Хитон, така што на 4 септември 2002 година стана победник.

Во финалето кога се прогласуваше победникот, Кларксон ја изведе песната што стана традиција во шоуто и ја издаде веднаш откако заврши сезоната. Песната “ Таков момент ” доживеа најголем скок и се најде на првото место на Билборд 100 листата, така што го сруши 38 годишниот рекорд на Битлси. Џастин Гварини беше единствениот второпласиран натпреварувач кој не издаде песна веднаш после завршувањето на шоуто. Кели Кларксон стана голем мегународен музички изведувач, чијашто продажба на албуми во светот е повеќе од 23 милиони. Кларксон и Гварани со договор беа обврзани да снимат музички филм кој се викаше “Од Џастин до Кели” кој беше објавен во 2003 година, но беше остро критикуван. На 30 септември 2006 година првата сезона на Американски Идол беше преименувана во Преиспитување на Американски Идол и беше објавено директно на телевизиските станици во САД.

Втора сезона

[уреди | уреди извор]
Рубен Студард, победник во втората сезона

Следејќи го успехот на првата сезона, втората сезона беше преместена во јануари 2003 година. Бројот на епизодите се зголеми, како и буџетот на шоуто и цената на рекламите. Данклемен го напушти шоуто, оставајќи го Сикрест сам да го води. Кристина Адамс најпрво беше најавена како ко-водителка, но нејзината улога потоа беше како специјален кореспондент за емитување.

Кори Кларк беше дисквалификуван во финалето поради неоткриено полициско досие, мегутоа подоцна обвини дека тој и Пола Абдул имале афера за време на шоуто и дека таа придонела за неговото исфрлање. Исто така Кларк тврдеше дека Абдул му дала привилегирано однесување во шоуто за време на нивната афера. Обвинувањата беа отфрлени од телевзијата Фокс, после независно истражување. Двајца други натпреварувачи, полуфиналисти беа дисквалификувани таа година- Џеред Андрес откако беше уапсен поради напад и Френши Дејвис поради претходно позирање на веб стерна за возрасни.

Рубен Студард стана победник, поразувајќи го Клеј Аикен со мала разлика. Од вкупно 24 милиони гласови, Студард имаше само 134 000 гласови повеќе од Клеј Аикен. Оваа разлика беше контроверзна поради големиот број на гласови кои не биле прифатени. Во интервју, пред да започне петтата сезона извршниот продуцент Најџел Лајтго изјави дека Аикен бил фаворит на гласачите сè до финалето.

И двајцатаа финалисти беа успешни после шоуто, но Клеј Аикен со неговата песна од шоуто “Ова е ноќта” го надмина Рубен со неговата песна “Летање без крилја” , која ја изведе кога се прогласуваше победникот, а истото се случи и со неговите албуми кои ги издаде подоцна. Исто така и трето пласираниот финалист Џош Грацин постигна успех како кантри пејач.

Трета сезона

[уреди | уреди извор]
Фантасија Барино, победник во третата сезона

Третата сезона почна да се емитува на 19 јануари 2004 година. Вилијам Ханг е еден од натпреварувачите за кој најмногу се зборуваше за време на аудициите. Неговата клучна изведба беше со песната “Схе бангс” од Рики Мартин, при што доби големо внимание. Неговиот публицитет во Идол му овозможи договор за снимање и на големо изненадување стана третиот најпродаван пејач во таа сезона.

Големо медиумско внимание беше фокусирано на трите Афро- Американски пејачки, Фантасија Барино, Латоја Лондон и Џенифер Хадсон кои беа наречени “трите диви” . Сите три неочекувано беа на дното во последните седум шоу емисии, каде што Џенифер Хадсон беше елиминирана на контроверзен начин. Елтон Џон кој беше еден од менторите таа сезона, резултатите од гласањето ги нарече “неверојатно расистички“. Продолжениот престој на Џон Стивенс и Јасмин Тријас во финалето, и покрај негативните коментари од судиите, предизвика толку многу гнев што наводно Џон Стивенс добил смртни закани, што тој ги отфрли дека биле само шега нарекувајќи го сето тоа “ претерување”. Изведбата на песната “ Лето“ од Фантасија Барино, подоцна позната само како Фантасија, се најде помеѓу најдобрите осум и се смета како најдобра во сезоната. Сајмон Коел го смета тоа како еден од неговите омилени моменти од деветте сезони, колку што тој беше во шоуто. Фантасија и Дијана Де Гармо беа последните две финалистки кои останаа во финалето. Повеќе од 65 милиони гласови беа доделени таа вечер, повеќе од првите две сезони заедно, а Фантасија беше прогласена за победник. На прогласувањето на победникот Фантасија ја изведе песната “ Верувам” која е пишувана од финалистката од првата сезона Тамара Греј, а Дијана Де Гармо ја изведе песната “ Соништа”. Фантасија излезе од шоуто како успешен пејач, а Џенифер Хадсон која беше елиминирана многу рано имаше значителен успех после Идол- како глумица, добитничка на Оскар.

Четврта сезона

[уреди | уреди извор]
Кери Андервуд

Четвртата сезона започна да се емитува на 18 јуни 2005 година. Тоа беше прва сезона од серијата која се емитуваше со висока резолуција, како и финалето на третата сезона. Бројот на пријавени порасна до 100 000 за разлика од 10 000 пријавени во првата сезона. Во оваа сезона старосната граница беше покачена до 28 години за да има поголема разновидност на натпреварувачите. Помеѓу оние кои имаа корист од ова ново правило беа Константин Марулис и Бо Бајс, “двајцата рокери“ во шоуто. Присуството на многу рок натпреварувачи беше инспирација за многу рок-музичари да се пријават во подоцнежните сезони, како на пример Крис Дотри во петтата сезона.

Во најдобрите 12 финалисти беше и Марио Васкес, но тој се откажа поради “лични причини“ и беше заменет со Нико Смит. Подоцна, продуцент на шоуто вработен во Фриментал Медиа ја тужеше компанијата поради незаконско прекинување на договор, тврдејќи дека бил отпуштен после жалбата за вулгарното однесување на Марио Васкес кон него за време на шоуто.

Поради измешаните телефонски броеви на најдобрите 11 натпреварувачи, гласањето беше повторено таа вечер кога требаше да се откријат резултатите. Откривањето на резултатите беше одложено наредната вечер.

Во мај 2003 година Телескоп објави дека во четвртата сезона имало приближно 500 милиони гласови. Победник беше Кери Андервуд, а второ пласиран беше Бо Бајс. Кери Андервуд и Бо Бајс на прогласувањето на резултатите ја изведоа песната “Во твоето небо”. Од тогаш Кери Андервуд стана најуспешната натпреварувачка на Идол во САД, а што се однесува на продажбата на албуми продаде повеќе од 12 милиони.

Петта сезона

[уреди | уреди извор]

[[Image:Тејлор Хикс cropped.jpg|left|thumb|left|Тејлор Хикс

Петтата сезона на Американски Идол започна на 17 јануари 2006 година. Оваа сезона стана најдобро оценувана сезона од емитувањето на шоуто до сега. Двајца од најистакнатите натпреварувачи за време на натпреварувањето во Холивуд беа близнаците Бритенум кои подоцна беа дисквалификувани поради крадење на идентитетот.

Изведбата на песната на Фуел- “Загуба” од страна на Крис Дотри во шоуто беше многу пофалена. Поради тоа доби покана да се придружи на бендот Фуел како нов водечки пејач- покана што тој ја одби. Неговата изведба во живо на песната “Ја пречекорив границата” беше многу добро прифатена од судиите, но подоцна беше критикуван дека на бил доволно подготвен за настапот во живо. Тој беше елиминиран од најдобрите четворица натпреварувачи со шокантни резултати.

На 30 мај 2006 година Телескоп објави дека имало вкупно 63,5 милиони гласови во финалниот круг, а вкупно 580 милиони гласови биле избројани во целата сезона. Тејлор Хикс беше прогласен за Американски Идол, а Кетрин Мек Фи беше второ пласирана. Прва издадена песна на Тејлор Хикс беше “Дали се гордееш со мене”, а песната “Моја судбина” на Кетрин Мек Фи.

И покрај тоа што Дотри беше елиминиран порано од очекуваното, тој стана најголема ѕвезда од таа сезона. Многу други натпреварувачи од оваа сезона како што се Кели Пиклер, Елиот Јамин, Баки Кавингтон, Мадиса, победникот Тејлор Хикс и второ пласираната Кетрин Мек Фи имаа различно ниво на успех. Оваа сезона стана најпродуктивна по бројот на новосоздадени успешни пејачи.

Шеста сезона

[уреди | уреди извор]
Џордин Спаркс

Шестате сезона започна во вторнок на 16 јануари 2007 година. Премиерата на епизодата од оваа сезона привлече огромен број на публика, 37 милиони гледачи, достигнувајќи повеќе од 41 милиони гледачи во последните триесет минути. Тинејџекката Сањаја Малакар беше најкоментираниот учесник на Американски Идол во таа сезона- како слаб пејач кој многу недели успеа да ги одбегне елиминациите, а имаше и многу коментари за нејзината фризура. Веб блогот “ Гласајте за најлошиот ”, и сателитското радио “ Хауард Стерн ” ги храбреа обожавателите да гласаат за Сањаја. Мегутоа, после повеќе од 38 милиони гласови на 18 април Сањаја беше елиминирана. Полуфиналистаката Антонела Барба исто така привлече внимание со нејзините интересни фотографии кои се појавија додека траеше шоуто.

Таа година за првпат се одржа хуманитарниот настан “ Идол помага” во кој беа собрани повеќе од 76 милиони долари од заедничките донации на гледачите. Таа недела не беше елиминиран ниту еден натпреварувач, но наредната недела беа елиминирани двајца- Фил Стејси и Крис Ричардсон. Мелинда Дулитл која беше една од првите фаворити беше елиминирана од последните тројца најдобри натпреварувачи.

Џордин Спаркс беше прогласена за победник на 23 мај 2003 година со нов рекорд од 74 милиони гласови во финалето, а второ пласиран беше Блејк Луис. После Идол, Спаркс доживеа успех како музички уметник.

Таа година започна натптевар на композитори на Американски Идол што им даде шанса на обожавателите да гласаат за “песна за прогласување на победникот”. Композиторите поднесоа илјадници снимки со оригинални песни и 20 од нив беа изберени од гласачите. Победничката песна “Ова е мојата сегашност” беше изведена од двата финалисти за време на финалето, а беше издадена од победникот Џордин Спаркс на 24 мај 2007 година.

Седма сезона

[уреди | уреди извор]
Дејвид Кук

Американски Идол започна со емитување на седмата сезона на 15 јануари 2008 година со четиричасовна премиера. Медиумите повеќе се концентрираа на професионалниот статус на натпреварувачите од седмата сезона, т.н. “ѕвонари”, од кои повеќето веќе имаа договори за снимање, како што беа Кристи Ли Кук, Брук Вајт, Мајкл Џонс, а особено Карл Смитсон. Финалистот Дејвид Ернандес исто така привлече внимание со неговата поранешна работа како стриптизер.

На 11 март 2008 година во финалето на Американски Идол за првпат имаше врвна сценографија на бината и нов подобар изглед. Вечерта кога настапуваа десетте најдобри финалисти, изведбата на Дејвид Кук од “Били Џин”, беше пофалена од судиите, но наеднаш се појави спор кога судиите очигледно го заменија аранжманот на Крис Корнел со тој на Дејвид Кук, иако настапот беше најавен како интерпретација на Корнел. После изведбата на деветтемина финалисти Дејвид Кук беше однесен во болница поради забрзано биење на срцето и висок крвен притисок.

Узведбата на Дејвид Арчулета на песната “Замисли” од Џон Ленон во полуфиналната вечер многумина ја сметаа како една од најдобрите во сезоната. Џенифер Лопес, која беше еден од судиите во десеттата сезона рече дека тоа е еден убав момент кој никогаш нема да го заборави. Изведбата на Џејсон Кастро на песната “Алелуја” во полуфиналето исто така привлече големо внимание, а изведбата на Џеф Букле ја постави песната на врвот на Билборд листата.

Ова е прва сезона каде што песните на натпреварувачите после нивната изведба беа ставени на интернет-ајТун. Иако информациите за продажбата не беа објавени за да не влијаат негативно на натпреварот, сепак некои информации покажаа дека песните на натпреварувачите многупати го достигнаа врвот на продажната список на ајТун. “Идол помага” повторно се одржа на 9 април 2008 година и собра 64 милиони долари за добротворни цели. Дејвид Кук и Дејвид Арчулета беа финалисти и за првпат во историјата на шоуто ниту еден од двајцата најдобри финалисти не се најдоа на дното. На 21 мај 2008 година Дејвид Кук беше прогласен за победник на Американски Идол во седмата сезона-првиот “рокер” кој победи во шоуто.

Исто така, ова сезона се одржа натпреварот за композитор на Американски Идол. Од поднесените композиции десет беа најпопуларни, а од нив секој финалист одбра по една песна со која ќе настапува, иако ниту една од нив не беше изберена како песна на прогласувањето на победникот. Победничката песна “Времето во мојот живот” ја сними Дејви Кук и ја објави на 22 мај 2008 година и стана најпродавана песна на прогласување на победникот до сега. Дејвид Кук и Дејвид Арчулета станаа успешни музичари.

Осма сезона

[уреди | уреди извор]

Осмата сезона на Американски Идол започна на 13 јануари 2009 година. Во оваа сезона се зголеми бројот на полуфинални епизоди. Претседателот на алтернативната програма на Тв Фокс- Мајк Дарнел најави дека оваа сезона ќе посвети повеќе внимание на реалната и емотивната состојба на натпреварувачите. Токму затоа, големо внимание во шоуто имаше вдовецот Дени Џокеј, како и Татијана Дел Торо и Ник Мичел.

Крис Ален

Првата поголема промена кај судиите беше внесувањето на четврт судија- Кара Дио Гарди, а Пола Абдул го напушти шоуто откако заврши сезоната. Исто така, тоа беше првата сезона без извршниот продуцент Најџел Литго кој го напушти шоуто за да посвети внимание на мегународната верзија на своето шоу “Милсиш дека знаеш да танцуваш”. Настапите што се одржуваа во Холивуд се праместија во Театарот Кодак во 2009 година и беа продолжени за уште две недели. Настанот “Идол помага” беше одложен поради моменталната глобална економска криза.

Во оваа сезона имаше 13 финалисти, но двајца беа елиминирани во првото финале кога ги прогласуваа резултатите. Новина беше воведувањето на “Судиите спасуваат”, при што судиите го спасија Мет Гирод од елиминирање кога останаа најдобрите седум натпреварувачи, поради најмал број на гласови. Следната недела беа елиминирании Лил Раундс и Аноп Десаи.

Двајцата финалисти беа Крис Ален и Адам Ламберт, кои се најдоа во последните тројца од најдобрите пет натпреварувачи. Крис Ален стана победник на натпреварот со најконтроверзни резултати после втората сезона. Се тврдеше дека 38 милиони гласови од вкупно 100 милиони гласови таа вечер, стигнале само од Арканзас од каде што потекнува Ален и дека вработените во АТ&Т на нефер начин влијаеле на гласањето давајќи им упатство за праќање на текст пораки на гласачите од Арканзас, но подоцна тоа тврдење беше повлечено.

Крис Ален и Адам Ламберт ја издадоа песната “Без Граници” која беше ко-пишувана од Кара Дио Гарди. И двајцата имаа успех како музички уметници, но Адам беше поуспешен. Ова е прва сезона каде што победникот не успеа да постигне голема продажба на албумот и ниту еден од натпреварувачите од оваа сезона не успеа да стигне до продажба на платинест албум во САД.

Деветта сезона

[уреди | уреди извор]

Деветтата сезона на Американски Идол започна да се емитува на 12 јануари 2010 година. Хаосот кај судиската група и понатаму продолжуваше. Елен Де Џенерес им се приклучи на судиите на почетокот од неделата во Холивуд која се емитуваше на 9 февруари 2010 година, за да ја замени Пола Абдул. Мегутоа, и таа го напушти шоуто откако заврши сезоната како и Сајмон Коел кој замина за да ја промивира американската верзија на Икс Фактор. Додека пак договорот на Кара Дио Гарди не беше обновен за следната сезона. Еден од најистакнатите натпреварувачи во таа сезона беше Лари Плат чијашто изведба на песната “Спуштени панталони” стана огромен хит.

Ли Де Вајз

Кристал Боверсокс која имаше дијабет од прв тип, доби дијабетична кетоцитоза и беше хоспитализирана тој ден кога девојките требаше да настапат, а беа останати уште 20 недели до крајот на финалето. Програмата беше сменета, и машките настапија први, така што таа можеше да учествува наредната вечер. Подоцна таа изјави дека продуцентот на шоуто Кен Ворик сакал да ја дисквалификува , но таа го молела да и дозволи да остане во шоуто.

Мајкал Линч имаше најмалку гласовии и поради тоа од судиите доби дозвола да продолжи понатаму, но наредната недела Кејт Стивенс и Андреј Гарсија беа елиминирани. Истата недела Адам Ламберт повторно беше повикан да биде ментор и да го направи првиот албум за Идол. Настанот “Идол помага” повторно се одржа таа сезона на 21 април 2010 година.

На Сајмон Коел му беше дадено специјално признание во финалето во неговата последна сезона во шоуто. Беа присутни голем број на личности од изминатите сезони, вклучувајќи ја и Пола Абдул.

Деветтата сезона беше втора сезона каде што ниту еден од двата финалисти не се најдоа на последните две или три места. Ли Де Вајз и Кристал Боверсокс им се придружија на Кели Кларксон, Клеј Аикен, Кери Андервуд, Тејлор Хикс, Џордин Спаркс, Дејвид Кук и Дејвид Арчулета како уметници во финалето кои никогаш не биле на последните две или три места. Ли Де Вајз беше прогласен за победник во финалето на 26 мај. Таа година на прогласувањето на победникот не беше користена ниту една песна. Наместо тоа двата финалисти изведоа други песни. Ли Де Вајз ја избра песната “Убав ден” од У2, а Кристал Боверсокс ја избра “Горе до планината” од Пети Грифин. Ова е прва сезона каде што ниту еден од финалистите не постигна значителен успех во продажбата на албуми.

Десетта сезона

[уреди | уреди извор]
Скоти Мекрири, победник во десеттата сезона

Десеттата сезона на серијалот започна да се емитува на 19 јануари 2011 година на Тв Фокс. Во оваа сезона беа воведени некои промени, почнувајќи од типот на шоуто па сè до кадарот. Џенифер Лопес и Стивен Тејлор му се придружија оваа сезона на Ренди Џексон како судии. Џими Ловин- претседателот на Интерскоп Гефен А&М групација за снимање, беше новиот партнер на Американски Идол и стана постојан ментор, наместо секоја недела да има ментор-гостин. Најџел Литго се врати како извршен продуцент.

Во десеттата сезона за првпат имаше аудиции преку интернет. Натпреварувачите можеа да испратат видео снимка од 40 секунди преку Мајспејс, помеѓу 15 септември и 10 октомври 2010 година. Керен Родригес беше една од тие натпреварувачи кои успеаја да стигнат до финалните кругови. Еден од најзначајните натпреварувачи таа година беше Крис Медина. Неговата приказна дека се грижи за неговата свршеница која има оштетување на мозокот привлече големо внимание.

Кејси Абрамс кој страдаше од воспаление на дебелото црево двапати беше хоспитализиран и не учествуваше во шоуто кога останаа 13 финалисти. Од единаесетте останати финалисти тој имаше најмалку гласови, но судиите му дадоа шанса и како резултат на тоа десеттата сезона ќе биде прва сезона која ќе има 11 финалисти кои ќе одат на турнеја, наместо 10.

Тиа Мегиа беше забележана како најмлада натпреварувачка во историјата на Американакиот Идол.

Пиа Тоскано беше една од фаворитките за кои се сметаше дека ќе постигне успех во финалето, неочекувано беше елиминирана и на шокантен начин беше исфрлена на 7 април 2010 година, завршувајќи на деветтото место.

Географска распределба

[уреди | уреди извор]

Од почетокот на шоуто во 2002 година, шест од деветте победници на Идол, вклучувајќи ги првите пет беа од југот на Америка. Трите исклучоци беа Џордин Спаркс од Аризона, Дејвид Кук од Мисури (кое е дел од висорамнините на Југот) и Ли Де Вајз од Илиноис (иако Кук е роден во Хјустон и живееше во Тусла за време на аудициите). Голем број на други значајни финалисти во серијалот, исто така имаа потекло од југот на Америка, вклучувајќи ги Клеј Аикен, Кели Пиклер и Крис Дотри кои доагаат од Северна Каролина.

Во финалето во 2004 година во кое се натпреваруваа Фантасиа Барино од Северна Каролина и Дијана Де Гармо од Џорџија, како причина за нивниот успех беа наведени нивните јужњачки особини или особини поврзани со Југот. Крис Мураторе- потпретседател на Нелсен Ентертејмент изјави “сите овие изведувачи се привлечени од големата побарувачка во музиката... Кери Андервуд не е традиционален кантри изведувач, таа премина во друг вид на музика, истото се однесува и за Кели Кларксон”. Податоците од Нелсен Саунд Скан- служба за продажба на музички албуми, покажаа дека од 47 милиони цедеа продадени од учесниците на Идол во јануари 2010 година , 85 проценти беа од учесниците кои доагаа од Југот на Америка.

Шоуто е особено популарно на Југот од Америка, каде што 10% од домаќинствата во југоисточниот дел на САД го гледале Американски Идол за време на осмата сезона во 2009 година, а 16 проценти од домаќинствата од централно-источниот регион како Кентаки било поверојатно дека ќе пуштат друга програма. Победникот од петтата сезона, Тејлор Хикс од државата Алабама кога беше запрашан за атрактивните натпреварувачи од Југот тој рече “Луѓето од Југот имаат многу гордост... тие им даваат огромна поддршка на успешните натпреварувачите од нивната држава или регион”.

Дискусија

[уреди | уреди извор]

Во првите сезони шоуто беше критикувано поради сериозните договори кои натпреварувачите морале да ги потпишат , така што 19 Ентертејмент имале претерана контрола на нивните кариери во иднина, како и придобивки од нивната идна заработувачка.

Поединечни натпреварувачи создадоа спорови во овој натпревар поради нивното однесување. Неколку натпреварувачи беа дисквалификувани поради различни причини. На пример Џоана Пачити беше дисквалификувана во осмата сезона поради наводни врски со извршителите на 19 Ентертејмент и Крис Колигтли во деветтата сезона поради непочитување на правилата за веќе постоечки договор , иако шоуто беше обвинувано поради двоен стандард за дисквалификации само на одредени натпреварувачи.

Резултатите од гласањето постојано беа извор на контроверзност, на пример кога Џенифер Хадсон беше елиминирана во третата сезона. Механизмот на гласање исто така предизвика многу критики. Најзабележително беше во втората сезона кога Рубен Студард го победи Клеј Аикен со мала разлика во гласовите, а во осмата сезона големиот број текстуални гласови (100 милиони текстуални гласови повеќе од седмата сезона) предизвикаа контроверзии. Уште од првата сезона имаше загриженост за гласањето. Од сезоната во 2004 година на гласовите влијаеа и заедничките интернет служби како dialidol.com и votefortheworst.com.

Идол помага

[уреди | уреди извор]

Идол Помага е посебен хуманитарен настан кој започна во шестата сезона на кој настапуваат познати личности и различни хуманитарни иницијативи. Настанот исто така се одржа во седмата и деветтата сезона и собра вкупно 185 милиони долари.

Телевизиски рејтинг

[уреди | уреди извор]

Рангирање на сезоните (според просечниот број на гледачи по епизода) на Американски Идол на Тв Фокс. Тоа е едно од највисоко рангираните тв емисии во историјата на телевизијата.

Секоја сезона на Тв мрежите во САД започнува на крајот на Септември и завршува на крајот на мај, што се совпага со завршувањето на другите серијали во мај.

Американски Идол првпат се емитуваше во јуни 2002 година и на големо изненадување стана хит шоу во летото 2002 година. Првото шоу привлече 9,9 милиони гледачи со што Тв Фокс стана најгледана телевизија во 20.30 часот преку целата година. Бројот на гледачите постојано се зголемуваше. Во финалето имаше околу 23 милиони гледачи, а подоцна достигна до 40 милиони гледачи. Гледачите од сите старосни групи го пласираа ова шоу на трето место и најважно беше што гледачите од 18 до 49 годишна возраст беа најценети од рекламните агенти.

Во наредната сезона бројот на гледачите се зголеми, каде што во премиерното емитување на сезоната имаше околу 27 милиони гледачи. Таа сезона привлече околу 21,7 милиони гледачи, а гледачите од 18 до 49 години ја пласираа сезоната на второ место. Финалната вечер кога Рубен Студард го победи Клеј Аикен исто така беше една од највисоко рангираните епизоди на Американски Идол со 38,1 милиони гледачи во последниот час од епизодата. До третата сезона шоуто стана најгледано кај гледачите од 18 до 49 годишна возраст и ја задржа таа позиција наредните години, вклучувакќи ја и деветтата сезона. До четвртата сезона Американски Идол стана најгледан серијал кај сите тв гледачи во Америка, со просечен број на гледачи од 26,8 милиони. Шоуто го достигна врвот во петтата сезона со 30,6 милиони гледачи.

Една од најгледаните епизоди на Американски Идол беа во шестата сезона и многу Тв продуценти го сметаа шоуто како програмска сила што не била видена до сега. Двочасовното емитувањето на Американски Идол трипати во неделата го надмина емитувањето од 30 или 60 минути на претходните хитови, како на пример “Шоуто на Козби”. Како резултат на тоа конкурентните тв мрежи кои го нарекоа шоуто “Мртвата ѕвезда”, и честопати ја преуредуваа програмата со цел да ги намалат загубите. Мегутоа, во шестата сезона се забележа постојано опаѓање на бројот на гледачите во текот на целата сезона. Финалето на сезоната имаше пад на рејтингот од 19% во однос на претходната година.

Намалувањето на гледачите продолжи и во седмата сезона. На премиерното прикажување на шоуто имаше 11% помалку гледачи, а во шоуто кога се прогласуваа резултатите во кое Кристи Ли Кук беше елиминирана, имаше најмала гледаност во споредба со емитувањето на првата сезона во 2002 година кај гледачите од 18 до 34 години. Мегутоа, рејтингот повторно порасна во финалето на седмата сезона со возбудливата битка помеѓу Дејвид Кук и Дејвид Арчулета и стана третото најгледано финале, повеќе и од финалето во шестата сезона. Моќната завршница на седмата сезона помогна Тв Фокс да стане најпопуларната Тв мрежа за првпат од нејзиниот почеток. Рејтингот од сите сезони беше најнизок во шестата сезона- понизок за 10%. Општата намаленост на тв гледачите е причина за падот на рејтингот, а според Авторскиот сојуз на Америка од 2007 до 2008 година имало намалена гледаност на сите телевизиски мрежи.

Опаѓањето на рејтингот продолжи и во осмата сезона. Бројот на гледачите се намали од 5 до10% во првите епизоди во споредба со истите епизоди од седмата сезона, а за 13% помалку во финалето. Во деветтата сезона заврши шестгодишната традиција на совршен рејтинг на Идол, кога преносот на Зимската Олимпијада 2010 година на Тв НБЦ на 17 февруари ја надмина гледаноста на Идол со 30,1 милиони гледачи во споредба со 18,4 милиони гледачи кога се емитуваше шоуто за прогласување на резултатите. Подоцна, истата сезона “Танцувај со ѕвездите” на Тв АБЦ привлече повеќе гледачи отколку Идол во некои епизоди. И покрај се, Американски Идол ја заврши деветтата сезона како најгледано Тв шоу во текот на шест години од неговото емитување, кршејќи го рекордот од пет последователни сезони на сериите “Се во фамилијата” на Тв ЦБС и ”Шоуто на Козби” на Тв НБЦ.

Во десеттата сезона вкупниот број на гледачи во првата недела на шоуто опадна за 12 до 13%, во споредба со истите епизоди од претходната година, а кај гледачите од 18 до 49 годишна возраст опадна за 23%. Мегутоа, во подоцнежните епизоди гледаноста беше зголемена, а во финалните 13 епизоди бројот на гледачите беше ист со претходната сезона. Најдобрите девет епизоди во десеттата сезона се со просечна гледаност, како и тие од деветтата сезона, но сепак гледаноста кај луѓето од 18 до 49 години продолжуваше да опаѓа, при што гледаноста е за 7% помала во споредба со деветтата сезона, а во осмата сезона имаше пад од 9%.

Влијание

[уреди | уреди извор]

Огромниот успех на шоуто и соберениот приход значеа трансформација за Компанијата Фокс и со тоа Тв Фокс стана водач на Тв мрежите во 2008 година. Со тој успех исто така се зголеми рејтингот на другите шоу програми кои се емитуваа, како на пример “Куќа” и ”Коски”. творецот на шоуто Сајмон Фулер рече дека тоа ја “спасило Тв Фокс”.

Како едно од најуспешните шоу емисии во САД во историјата на телевизијата Американаки Идол имаше силно влијание, не само на телевизијата туку и на поширикиот забавен свет. Целта на шоуто како што беше наведено во оригиналниот наслов е “потрага по супер ѕвезда” помеѓу неоткриени таленти и беше доста успешна. Тоа помогна да се создадат голем број на успешни музичари како што се Кели Кларксон и Кери Андервуд, како и други не толку истакнати музичари.

Според творецот на Билборд листата- Фред Бронсон, никој друг досега не успеал да создаде толку многу пејачи кои прават хитови и најдобро продавани албуми и песни. Кон крајот на 2009 година учесниците на Американски Идол продале над 46 милиони албуми и 56 милиони симнувања на песни во САД и 66 милиони албуми во светот. Во 2007 година заработија 2,1% од сите музички продажби. Учесниците имаа големо влијание на радио и според Рич Маер- претседателот на компанијата Медиабејс која ги надгледува радио станиците, Американски Идол стана “Доминантна сила на радио”. До 2010 година песните на четворица идоли се пуштаа повеќе од милион пати на радио, каде што Кели Кларксон беше најчесто пуштана- повеќе од четири милиони пати.

Тие исто така имаа големо влијание и во музичкиот театар, каде што поголем дел од учесниците на Идол имаа успешни кариери. Настапот на Бродвеј на поранешните учесници во Американски Идол беше забележан и коментиран. Кастингот на популарните натпреварувачи во Идол доведоа до значително зголемена продажба на билетите. Други учесници пак почнаа со работа на телевизија и во филмови, од кои најзабележителна беше Џенифер Хадсон која на препорака од вокалниот тренер на Идол Дебора Бирд доби улога во филмот ”Девојки од соништата” и подоцна доби Оскар за нејзината изведба.

Учесник на Американски Идол со најголема продажба

[уреди | уреди извор]

До 2011 година учесниците на Американски Идол во нивната кариера после Идолот имаа вкупна продажба на повеќе од 50 милиони албуми и 60 милиони песни во САД.

Учесник на Американски Идол со најголем број награди Понатамошни информации: Список на награди и номинации за натпреварувачите во Американски Идол

Идолите во музички театар

[уреди | уреди извор]

После Идолот голем број од натпреварувачите на Американски Идол почнаа да работат во музички театар, а некои ги поставија нивните траги на Големиот бел пат. Тоа се:

  • Џастин Гварини- Карлос во Жена на работ на нервен слом (Бродвеј), Вил во Американски Идиот (Бродвеј)
  • Тамира Греј- Прија во Соништата од Бомбај (Бродвеј), Мими во Кирија (Бродвеј)
  • Рубен Студард- Фет Волер во Не е непристојно на Фет Волер (национална турнеја)
  • Клеј Аикен- Господин Робин во Спамалот (Бродвеј)
  • Френши Дејвис- Кирија (Бродвеј)
  • Џош Стрикленд- Тарзан во Тарзан (Бродвеј)
  • Тренис- изведувач во Не е непристојно на Фет Волер (национална турнеја)
  • Дијан Де Гармо- Пени Пинглетон во Спреј за коса (Бродвеј), Бруклин во Бруклин (национална турнеја), Сара во Отровен озмазник (надвор од Бродвеј), Шејла Франклин во Коса (Бродвеј) и Дорале Род во 9 до 5 (национална турнеја)
  • ЛаТоја Лондон- Нети во Виолетова боја (национална турнеја)
  • Еми Адамс- Раскажувачот во Џозеф и неверојатната прекривка од техниколор (национална турнеја)
  • Антони Федоров- Мет во Фантастичното (надвор од Бродвеј), Џозаф во Џозеф и неверојатната прекривка од техниколор
  • Константин Марулис- Семи во Пејачот на свадба (Бродвеј), Младиот војник во Жак Брел е жив и здрав и живее во Париз (надвор од Бродвеј), Исус во Супер ѕвездата Исус Христос, Дру Бови во Рокот низ годините (Номинација за Тони награда во 2009 година) (Бродвеј и национална турнеја)
  • Анвар Робинсон- Том Колинс во Кирија (турнеја)
  • Ајс Јанг- Кеники (Бродвеј) и Дени (национална турнеја) во Сало, Бергер во Коса (Бродвеј)
  • Тејлор Хикс- Ангелот тинејџер во Сало (Бродвеј и национална турнеја)
  • Џордин Спаркс- Нина Росарио во Во височините (Бродвеј)
  • Сиеша Меркадо- Дена Џонс во Девојки од соништата (Театарот Аполо ЊуЈорк/ национална турнеја)
  • Адам Ламберт- Фиеро во Злоба (турнеја во САД/ Лос Анџелес) (пред Американски Идол)- Џошуа во Десетте заповеди

Прифаќање на критиките

[уреди | уреди извор]

Претходните прегледи наведоа дека претераното пласирање на шоуто влијае негативно. Некои критичари имаа остри критики за безобѕирните рекламни пресметки. Кара Петерсон од списанието “Сан Диего Унион Трибун” напиша дека Американски Идол е “заговорничко медиумско чудовиште кое го привлекува гревот на нашата развратна култура, а го плука како реорганизирана грутка на зло”. Во првите сезони Кен Такер од магазинот “Ентертејмент Викли” вели дека “како тв шоу Американски Идол е многу забавно, но како музичко шоу е безначајно како прашинка”. Мегутоа, некои пак сметаа дека “највпечатливо во серијалот е што откри вистински таленти”. Други аспекти во шоуто привлекоа критики, на пример тоа што победничката на првата сезона беше испратена да ја пее државната химна во Меморијалот Линколн на годишнината од 11 септември 2002 година, при што таа одлука не беше прифатена од многумина. Лиса де Мораес од “Вашингтон Пост” со сатиричен стил напиша “терористите победија”,а ги критикуваше и рекламите во шоуто и процесот на гласање и рече дека “милиони девојки направија хит од Американски Идол и го поставија на значајно место што беше уште еден дел за големиот маркетинг на Американски Идол”, како и грст телефонски гласачи кои испраќаа и по 10.000 гласови неделно за нивниот омилен кандидат. (според Фокс нема шанси да има невердостојни резултати).

Оние кои подоцна пишуваа за шоуто беа попозитивни. Мајкл Слезак од“Ентертејмент Викли” напиша “и покрај надуените вештачки производи и трикови за правење пари ‘Идол’ еднаш годишно му дава шанса на просечниот Американец да се бори со злото на денешниот музички бизнис”. Други пак се фокусираа на личностите во шоуто. Рамин Сетодех од “Њусвик” го обвини судијата Сајмон Коел за неговите остри критики во шоуто, помагајќи со тоа да се создаде свет на култура на злобата при што “Сајмон Коел не повлече во калта со него”.

Дел од забавната индустрија имаа критики за аспектот на правење на ѕвезди во шоуто. Менторот на шоуто- Ашер жалеше за загубата на “вистинската уметничка форма на музиката”. Емисиите како Американски Идол прават да изгледа ”толку лесно што секој може да го направи тоа и може да се случи преку ноќ” и дека “телевизијата е лага”. Тоа што Американски Идол беше брз пат кон успех на натпреварувачите беше причина за гневот на некои луѓе од индустријата. Лиен Рајмс коментираше за победата на Кери Андервуд над Феит Хил за Најдобар женски изведувач во земјата за 2006 година и рече дека “Кери не го платила доволно нејзиниот дел за целосно да ја заслужи наградата ”. Тоа беше заедничка тема која што одекнуваше помеѓу многумина. Елтон Џон кој се појави како ментор во шоуто, а ја одби понудата да биде судија во Американски Идол, општо коментирајќи го шоуто за таленти рече “имаше некои добри постапки, но единствениот начин да ја одржиш кариерата е да настапуваш во мали клубови”. Стивен Тејлор кој беше судија во Американски Идол, се појави во шоуто на Дејвид Летермен на 17 јануари 2011 година и рече “отсекогаш мислев дека за да бидеш Американски Идол или каков било идол мораш да ги исполниш своите должности, но денес светот е поразличен”. Други пак како на пример Џон Маер ги омаловажуваа натпреварувачите, велејќи дека оние што се појавиле на Идол не се вистински изведувачи со самопочит.

Американски Идол осум години беше номиниран за Еми награда за програма со реален натпревар, но никогаш не победи. Режисерот Брус Говер ја доби главната Еми награда за извонредна режија на забавна програма, музичка серија и комедија во 2009 година, а шоуто доби Еми награда за креативна уметност во 2007 и во 2008 година. Ја доби и наградата Избор на гледачите во 2005, 2006, 2007, 2010 и 2011 година за која публиката од поп-културата гласа за својот омилен натпревар/ реално шоу.

Приход и вложен капитал

[уреди | уреди извор]

Доминантноста на Американски Идол на ранг листата го направи најпрофитабилно шоу на Тв во САД многу години. Беше оценето дека шоуто заработило 900 милиони долари во 2004 година од продажбата на Тв реклами, албуми, промоции и билети за концерт. До седмата сезона беше оценето дека шоуто заработило 900 милиони долари само од реклами, не вклучувајќи ги споредните договори со спонзорите и другите приходи. Се проценува дека вкупниот приход на телевизијата во првите осум сезони во Америка е 6,4 милијарда долари. Спонзорите кои понудиле целосен пакет очекувале различни промоции на нивните производи во шоуто, како што се пласирање на производот, реклами и промоција на производот директно во шоуто и различни можности за промовирање. Еден од партнерите го откупи правото да го стави ‘Идол’ како бренд на нивните пакувања, производи и рекламни програми. Исто така Американски Идол беше партнер со Дизни и дизниевиот парк на атракции- Искуство со Американски Идол.

Приход од реклами

[уреди | уреди извор]

Во четвртата сезона Американски Идол стана најскапа серија на мрежата за рекламните агенти, а во наредната сезона го сруши рекордот за редовно рекламирање во серијата во ударно време, така што реклама од 30 секунди чинеше 700 000 долари, а во финалето достигна цена од 1,3 милиони долари. Цената за реклама го достигна врвот во седмата сезона со 737 000 долари. Проценетиот приход од 404 милиони долари во третата сезона беше двојно зголемен во шестата сезона со 870 милиони долари. Иако имаше пад од осмата сезона па наваму, сепак имаше поголема заработка од најблиската конкуренција со 800 милиони годишен приход од рекламирање.

Медиумски спонзори

[уреди | уреди извор]

Автомобилската компанија Форд и Кока Кола беа првите два спонзори на Американски Идол во првата сезона. Спонзорите потрошија околу 10 милиони долари во првата сезона, а во седмата сезона достигна сума од 35 милиони долари. Третиот голем спонзор беше АТ&Т Ваерлес кој се приклучи во втората сезона, а ајТун се приклучи во седмата сезона.

Уште во првите сезони на Американски Идол беа прикажувани логоата и производите на нивните спонзори. Според Медиумското истражување Нелсен до седмата сезона на Идол се прикажале 4 151 производ во првите 38 епизоди. Спојувањето на брендовите со забавната програма беше корисно и за шоуто и за рекламните агенти. Промоцијата на АТ&Т технологија за гласање со текст пораки беше успешно претставена на пошироката јавност. Кока кола го зголеми капиталот во текот на шоуто, а Форд го искористи шоуто да ја промовира технологијата на “мислење” на своите автомобили со серија реклами во кои учествуваа натпреварувачите, како и победникот во 2009 година.

Кока Кола- Чашите со логото на Кока Кола, а повремено и нивната витаминска вода беа постојано на масата на која седеа судиите. Во шоуто помеѓу изведбата на песните учесниците беа прикажувани во “црвената соба на Кока Кола”, еквивалент на традиционалната залена соба. (мегутоа, логото на Кока Кола беше прекриено за време на емитувањето во Велика Британија во 2010 година и го забрани рекламирањето на производот.) • Форд- Во шоуто на прогласување на резултатите учесниците се појавија во специјална снимка на Форд. Исто така и победниците Кели Кларксон, Тејлор Хикс и Крис Ален се појавија во рекламите на Форд. Последните двајца финалисти од четвртата, петтата и шестата сезона добија бесплатен Форд Мустанг, во седмата сезона добија Форд Ескејп Хибрид, а Форд Фјужн Хибрид во осмата сезона и Форд Фиеста во деветтата сезона. Во црвената соба има поставено стаклена маса чија основа е тркало од Форд. • АТ&Т- АТ&Т мобилната мрежа беа претставени како услуга за текст гласање. АТ&Т создадоа рекламна кампања во која несериозни тинејџери ги замолуваа луѓето да гласаат. • Ејпл ајТуне- Рајан Сикрест ја најави можноста ексклузивно да се гледа изведбата на натпреварувачите преку ајТуне. Постојано се прикажуваа видеа во кои натпреварувачите ги учат своите песни кои ги преслушуваат на ајпод. • Претходни спонзори беа Олд Нејви и Клаирол Хербалните Екстракти. Во втората и третата сезона натпреварувачите понекогаш носеа облека од Олд Нејви за нивните изведби, каде што познатиот стилист Стивен Којокари им помагаше при нивниот избор на гардероба, а добија и фризури од Клаирол. Во финалето на седмата сезона Дејвид Кук и Дејвид Арчулета се појавија во “Ризичен бизнис”- реклама за ”Херојот на гитара”, што таа година беше спонзор на турнејата.

Соперникот на Кока Кола- Пепси одби да биде спонзор на Американски Идол на почетокот на шоуто, “Пропуштајќи ја најголемата можност за маркетинг во генерацијата” придонесе Пепси да има загуби на пазарот, при што во 2010 година од второ падна на трето место во САД. Пепси ќе биде спонзор на американската верзија на Икс фактор на Коел за да не ја повтори грешката со Идол.

Музички издавања

[уреди | уреди извор]

Традиционално, Американски Идол за продажба ги издава студиските снимки од изведбата на натпреварувачите како и победничката песна. Во првите пет сезони снимките беа издавани како компилациски албум на крајот од секоја сезона. Сите пет албуми стигнаа до најдобрите 10 на Билборд 200 листата и тонските записи од Американски Идол станаа најпродавани од било кој филм или тв програма. На почетокот на шестата сезона беа издадени поединечните настапи како дигитални снимки, првенствено од официјалното мрежно место на Американски Идол. Во седмата сезона кога ајТуне стана спонзор беше овозможено во живо да се следи изведбата и студиските записи. Во десеттата сезона веднаш после настапите беа издавани неделните студиски снимки како компилациски албум.

Првите девет сезони “Сони мјузик” беше партнер на Американски Идол со цел да ја промовира и дистрибуира музиката, а го задржа и правото за непотпишување на договор со натпреварувачите после три месеци од финалето. Во 2010 година, Сони како музички соработник во Идол беше заменет со Интерскоп -Гефен-А&М рекордс на УМГ.

Турнеја на Американски Идол

[уреди | уреди извор]

Најдобрите десет натпреварувачи одеа на турнеја на крајот од секоја сезона. Поп-Тарт на Келог беше спонзор во првите седум сезони, а “Херојот на гитара” стана спонзор на турнејата во седмата сезона. М&М чоколадните бонбони беа спонзори на турнејата во деветтата сезона. Турнејата во петтата сезона беше најуспешна, со заработка од над 35 милиони долари.

Промоции

[уреди | уреди извор]

Видео игри на Американски Идол

Американски Идол-мобилен телефон Караоке Револуција на Американски Идол Караоке Револуција претставена на бис во Американски Идол Караоке Револуција претставена на бис во Американски Идол 2

Атракција во Тем парк

[уреди | уреди извор]

Видео бим на “Искуство со Американски Идол” Главен дел: Искуство со Американски Идол

На 14 декември 2009 година Компанијата Волт Дизни за првпат го одржа настанот “Искуство со Американски Идол” во Тем паркот Дизни Холивуд Студио во светското одморалиште Волт Дизни во Флорида. Во оваа продукција и копродукција на 19 Ентертејмент, гостите во паркот избираат песни и учесници од членовите на Дизни. Оние што се изберени настапуваат на сцена која има иста сценографија како на Идол, во театар со 1000 седишта. Тројца судии кои ги имаат одликите и стилот на исмејување како и вистинските судии на Идол ги критикуваат изведбите. Тогаш публиката гласа за нивниот фаворит. Има неколку преелиминарни кругови во текот на денот кое колуминира со финално шоу кое се служува вечерта, каде што еден од победниците во претходните кругови е избран за севкупен победник. Победникот од финалното шоу добива “билет од соништата” што му дава привилегија да биде во првите редови на секоја аудиција на Американски Идол.

Меѓународно емитување

[уреди | уреди извор]

Американски Идол се емиитува кај повеќе од 100 нации надвор од САД. Повеќето од нив не го пренесуваат во живо и може да биде одложено за неколку дена или недели. Во Канада епизодите се пренесуваат во живо, но можат да бидат одложени од БДУ во зависност од можностите и регионот во Канада. Исто така во Метаморос и Тамаулипас во Мексико настанот во живо го пренесува ЏХРИО на англиски јазик, затоа што и на тој пазар Фокс има партнерство што му служи на американскиот пазар. Во остатокот од земјата, како и во остатокот од Латинска Америка шоуто го емитува и го преведува Сони Емтертејмент.

Во југоисточна Азија шоуто се емитува преку сателитот “Ѕвезден свет” секоја среда и четврток после точно девет часа од прикажувањето. Австралија ги емитува епизодите неколку часа после прикажувањето во САД. Велика Британија ги емитува епизодите на дигиталниот канал ИТВ 2 еден ден после прикажувањето во САД. Во Ирска се емитува на ТВ3 Ирска два дена после прикажувањето. Во Бразил и Израел шоуто се емитува два дена после прикажувањето во САД. Во случај кога пренесувањето е одложено, шоуто може понекогаш да се прикаже во една епизода за да се сумитаат рекламите.

Земја/Регион

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Список на финалисти на Американски Идол
  • Ѕвезата од Нешвил
  • Потрага по ѕвезди

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]