Штендал (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Штендал
Landkreis Stendal
—  Округ  —

Грб
Земја  Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Адм. цент. Штендал
Површина
 • Вкупна 2,423 км2
Население (31 декември 2012)[1]
 • Вкупно 116.666 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. SDL, HV, OBG
Портал landkreis-stendal.de

Штендал (германски: Stendal) — округ (Kreis) во североисточниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од југ надесно) Јерихов, Берде, Алтмарк Залцведел, округот Лихов-Даненберг во Долна Саксонија и окрузите Пригниц, Источен Пригниц-Рупин и Хафеланд во Бранденбург.

Историја[уреди]

Во административната реформа од 1994, претходниот округ Штендал бил споен со окрузите Остербург и Хафелберг.

Географија[уреди]

Округот се наоѓа во регионот Алтмарк. Највисоката точка е на 132,8 метри Landsberg. Главни реки во округот се Елба и Хафел.

Партнерства[уреди]

Во 1990 било започнато пријателство со рускиот округ Јарцево, кое прераснало во пријателство во 1996.[2] Во 1994, била започнато партнерство со литванскиот округ Мажејкјај. Други партнерства има со округот Липе во Северна Рајна-Вестфалија и шведската општина Воргорда и со градовите Плоцк (Полска), Хавиржов (Чешка), Салдус (Летонија), Паида (Естонија) и Карлсхамн (Шведска).[2]

Грб[уреди]

Црвениот орел во левата половина на грбот е симболот на Бранденбург, претставувајќи ја историската врска на Алтмарк како дел од Бранденбург. Исто така и за округот Хафеланд. Златниот трефол со три дабови листови го симболизира стариот округ Штендал и бил земен од грбот на семејството Бизмарк. Трите златни дијаманти на црна позадина доаѓаат од грбот на војводите од Остербург, претставувајќи го поранешниот округ Остербург.

Градови и општини[уреди]

Округот Штендал се состоел од следниве административни единици:[3]

Слободни градови
  1. Бизмарк
  2. Хафелберг
  3. Остербург
  4. Штендал
  5. Тангерхите
  6. Тангерминде
Општински заедници

1. Арнебург-Голдбек

  1. Арнебург2
  2. Ајхштет
  3. Голдбек1
  4. Хасел
  5. Хоенберг-Круземарк
  6. Иден
  7. Рохау
  8. Вербен2

2. Елба-Хафел-Ланд

  1. Камерн
  2. Клиц
  3. Зандау2
  4. Шенхаузен1
  5. Шолене
  6. Вуст-Фишбек

3. Зехаузен

  1. Аланд
  2. Алтмеркише Хее
  3. Алтмеркише Више
  4. Зехаузен1, 2
  5. Церентал
1седиште на заедницата на општини; 2град

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]