Алтмарк

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Алтмарк кај Шерникау

Алтмарк е историски регион во Германија, ја сочинува северната третина од Саксонија-Анхалт. Како првична територија на грофството Бранденбург, некогаш е именуван како „Лулка на Прусија“, бидејќи Ото фон Бизмарк потекнува од Шенхаузен близу Штендал.

Содржина

[уреди] Географија

Топографија на Алтмарк

Алтмарк се наоѓа западно од реката Елба помеѓу градовите Хамбург и Магдебург, главно вклучувајќи ги сегашните окрузи Алтмаркрајс Залцведел и Штендал. На запад се наоѓа ридскиот масив Дравен и депресијата Дремлинг разделувајќи го од Линебуршкото поле во Долна Саксонија; Алтмарк се граничи и со регионот Вендланд на север и Магдебург Берде на југ. Источно од Елба се наоѓа историскиот регион Пригниц.

Населението е мало. Културниот пејзаж во рамките на Северноевропската низина е рурален и главно прекриен со шуми и полиња. Најголеми градови се Штендал, со население од 39.000 и Залцведел.

Најпозната личност, која потекнува оттука е канцеларот Ото фон Бизмарк, роден во Шенхаузен, во Алтмарк, на 1 април 1815.

[уреди] Реки и езера

Реката Аланд близу Ванцер

Регионот е поделен од Елба, на која ѝ се придружува Хафел кај Хафелберг и нејзините леви притоки Милде-Бизе-Аланд и реката Јецел.

Најголемото природно езеро во Алтмарк е Арендзе.

[уреди] Сообраќај

[уреди] Патен

Алтмарк се наоѓа надвор од главните сообраќајни правци. Bundesautobahn 14 води до Bundesautobahn 2 од Хановер до Берлин, меѓутоа завршува на север од Магдебург. Продолжувањето низ Алтмарк, па сè до Шверин е веќе испланирано. И покрај тоа, сојузните автопати B71, B107, B188, B189, B190, B248 поминуваат низ регионот.

[уреди] Железнички

Станицата Штендал е попатна станица на брзата железничка линија Хановер-Берлин. Други линии се:

[уреди] Градови

Скулптура во Штендал

[уреди] Надворешни врски

  • Altmarkwiki, регионално Вики за Алтмарк

52°43′N 11°24′E / 52.717°N 11.4°E / 52.717; 11.4

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици