Вајсенфелс (германски: Weißenfels) бил округ (Kreis) на југот на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од југ надесно) Бургенланд, Мерзебург-Кверфурт и саксонскиот округ Лајпциг.
Историја [уреди]
Во близина на малиот град Гозек археолозите ја открија во 1999, најстарата соларна обсерваторија во Европа, победувајќи го Стоунхенџ за повеќе од 2000 години. Околу 5000 години п.н.е. кружниот ров со дијаметар од 75 метри бил опкружен со дрвени палисади, со три отвори што се овозможува да се мери датумот на пролетната и есенската рамноденица. Ископувањата на локалитетот се планирани да продолжат до 2007.
Округот во денешните граници бил основан во 1994, кога двата претходни окрузи Вајсенфелс и Хоенмелзен биле споени.
Географија [уреди]
Главната река во округот е Зале, со винокултура по течението на речната долина. Во источниот дел од округот има отворен рударски коп за лигнит, во близина на Хоенмелзен.
 |
Главниот симбол на грбот е сината лента, претставувајќи ја реката Зале. Прускиот орел во горниот десен агол бил додаден, кога оваа територија станала дел од Прусија во 1816, иако историски припаѓа на Саксонија. Листот од детелина со рударски симбол внатре бил земен од грбот на поранешниот округ Хоенмелзен. Листот го претставува земјоделството во округот, рударските чекани рудниците за јаглен. |
Градови и општини [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
Градови во поранешниот округ Вајсенфелс
|
|
|
|
|
|