Јерихов (округ)
| Јерихов Jerichower Land |
|||
|---|---|---|---|
| — Округ — | |||
|
|||
| Земја | |||
| Покраина | Саксонија-Анхалт | ||
| Адм. цент. | Бург (Магдебург) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 1,336.63 км2 | ||
| Население (31 декември 2011)[1] | |||
| • Вкупно | 95.179 | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| Рег. табл. | JL | ||
| Портал | www.lkjl.de | ||
Јериховер Ланд (германски: Jerichower Land) е округ (Kreis) во североисточниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од југ надесно) Анхалт-Битерфелд, Залцланд, слободниот округ Магдебург, Берде, Штендал и окрузите Хафеланд и Потсдам-Мителмарк во Бранденбург.
Содржина |
Историја [уреди]
Во 1816, површината на округот станала дел од пруската Провинција Саксонија и била поделена административна во три окрузи, Јерихов I, Јерихов II и Цизар. Округот Цизар бил додаден на Јерихов I во 1826.
По Втората светска воја, окрузите биле изменети. Некои површини на двата окрузи биле додадени на соседните окрузи Хафелберг, Ратенов, Бранденбург, Лобург и Цербст. Двата окрузи биле исто така преименувани по нивните административни седишта, така Јерихов I станал Округ Бург, а Јерихов II станал Округ Гентин. Во 1952, округот Бург бил поделен на два дела. Меѓутоа, во 1957, округот Лобург бил споен со округот Бург.
Во 1994, двата окрузи Бург и Гентин биле споени и го прифатиле историското име Јерихов. Во 2007, 6 општини од поранешниот округ Анхалт-Цербст (Хобек, Лобург, Либс, Предел, Розијан и Швајниц) биле додадени на округот Јерихов.
Името на округот потекнува од градот Јерихов, име кое се поврзува со раното доселување на словенските племиња. Не е поврзано со името на градот Ерихон (герм. Jericho) на Блискиот Исток.
Географија [уреди]
Главни водотеци во округот се реките Елба, Еле, Иле и Нуте, како и каналот Елба-Хафел.
Грб [уреди]
Вертикалните линии во левата половина на грбот го симболизираат Каналот Елба-Хафел, додека жеравот во десната половина ја симболизира природата на округот. Жеравите се чести птици во округот.
Градови и општини [уреди]
Округот Јерихов се состои од следниве административни единици:[2]
| Градови | Слободни општини |
|---|---|
Надворешни врски [уреди]
Медиумски материјали поврзани со Landkreis Jerichower Land на Ризницата.
- Службена страница (германски)
Наводи [уреди]
|
|||||||||||