Мекерн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мекерн
Kirche Moeckern.jpg
Грб на Мекерн
Мекерн се наоѓа во Германија
Мекерн
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Јерихов
Градоначалник Франк фон Холи-Понинциц (CDU)
Основни податоци
Површина 530 км2
Надм. височина 64 м
Население 13.247 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 25 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. JL
Пошт. бр. 39291, 39279
Повик. бр. 039221, 039223, 039225, 039244, 039245
Портал Мекерн-Лобург-Флеминг
Местоположбата на градот Мекерн во рамките на округот Јерихов
Карта
Координати 52°08′26″ СГШ 11°57′09″ ИГД / 

Мекерн (германски: Möckern) — град во округот Јерихов, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа источно од Магдебург. Бил дел од општинската заедница Мекерн-Лобург-Флеминг. Битката кај Мекерн се случила јужно од градот во 1813.

Историја[уреди]

Мекерн првично бил наречен „Mokrianici“ од Словените, кои први на населиле оваа област. Името значело влажно место, во тоа време се однесувало на големите мочуришта околу реката Еле. До средината на 10 век, населбата била населена со Германци, но се верува дека веќе од крајот на 9 век, населбата била под германско влијание. Како таква, населбата била должна во документ од Отон Велики во 948 да плати десеток на манастирот Мориц во Магдебург. Документот се смета за прво споменување на местот. Во тој период, била изградена тврдина на местото на старата словенска населба, а нејзините ѕидини сè уште се дел од тврдината денес. Замокот служел како истурена позиција за заштита на Магдебург и да ги обезбеди важните патишта кон Бранденбург и Цербст. Во 955 г., Отон I се смета за основач на парохиската црква во Мекерн, следејќи ја неговата победа над Унгарија на 10 август таа година. Бидејќи на тој ден е (Свети Лаврентиј), црквата била именувана по светецот. Во 11-от век, Мекерн добил ѕидини (направени од камења од 12 век) со три порти. Мекерн веќе ја имал градската повелба.

Низ вековите, суверенитетот на Мекерн имал неколку пресврти. Во 12 век, маркгрофот на Бранденбург имал суверенитет, но во 1196, Отон II (маркгроф на Бранденбург) го доделил на епископијата Магдебург. Од 14-от век, Мекерн станал дел од опатијата Кведлинбург. Во 1376, опатијата ја дала сувереноста назад на Бранденбург. Потоа, Мекерн бил менуван неколкупати, вклучувајќи ги и семејствата на благородници и Магдебуршката епископија. Во 1472, по неколку обиди, изборникот кнез на Бранденбург се откажал од епископијата во корист на својот вазал. Сопственоста на феудот отишла на грофовите од Арнштајн-Линдоф, кои го држеле до 1524, кога изумреле. Во 1710, сопственоста преминала на Кристијан Вилхелм фон Мунхаузен и во 1742, на друго семејство, кој го држеле до 1945.

Во 17 век, градот претрпел тешки оштетувања од окупацијата во 1626 во текот на Триесетгодишната војна и пожар во 1688. По 1680, градот припаднал на бранденбуршкото-пруско Војводство Магдебург и бил во поранешниот округ Јериховер Ланд. Новото градско собрание било изградени во 1700 и во 1715, Минхаузен изградил нов замок за да ја замени старат тврдина. Неговиот наследник, Вилхелм Хаген, го доградил замокот во 1840.

Серија на тешки судири помеѓу здружените пруско-руски трупи и француската армија на Наполеон јужно од Мекерн довеле до пораз на Французите на 5 април 1813. Ова било вовед во војната за ослободување против Наполеон и е позната како Битка кај Мекерн.[2]

По пруската конечна победа, кралството ја реорганизирало окружната администрација. Ова го довело Мекерн во новоформираниот округ Јериховер Ланд, со Бург како урбан округ. Градот претходно бил фармерски град со пиварниците и отворени пазари, но инфраструктурата почнала да се развива со воденици, парни мелници и фабрики за скроб, поттикнати од отворањето на железничката линија во 1892 помеѓу Магдебург и Лобург. Во 1895, поранешното градско собрание било заменето од трикатна ренесансна зграда. На крајот на 19 век, Мекерн имал повеќе од 1.700 жители.

Релативниот развој на градот исто така се одразил и на приватната градба, која почнала во втората половина на 19 век и продолжила сè до почетокот на Првата светска војна. Серија на нови улици биле изградени во западниот дел на градот, некои со куќи во Југендстил. На 5 мај 1945, Мекерн бил окупиран од црвената армија, убивајќи 42 жители.

По крајот на Втората светска војна, советските окупациски сили спровеле аграрна реформа, конфискувајќи ја земјата од благородниците. Семејството Хаген ги изгубило замокот Мекерн и дел од покраинскиот архив од Магдебург бил преместен овде. Територијалната реформа во 1952 прво го поставила Мекерн во урбаниот округ Лобург, но подоцна во округот Бург. Во 1964, Мекерн имал население од 2.904.

Во 1960-тите била основана голема живинарска фабрика, меѓу најголемите од ваков вид во Источна Германија. По повторното обединувањето на Германија, фабриката бил преземена од корпоративна група, осигирувајќи 400 работни места во градот. Други поголеми производители се фабриката за ламинати кои се продаваат низ Европа. Поранешните сопственици на замокот, Хагенови, исто така се развила во 1991, тие се вратиле во Мекерн и ги повратиле деловите на нивните поранешно богатство. Замокот, кој останал во сопственост на градот, станал основно училиште во Мекерн во 1998, откако се иселил покраинскиот архив.

Градската администрација на Мекерн се споила со администрацијата на другите градови од 1991. Во 2005, и покрај големите локални протести, е основана болница за ментално неспособни криминални лица на 12 акри, во поранешна воена база во Лохов, дел од градот Мекерн.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]