Халберштат (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Халберштат
округ
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
Укинат2007-07-01
СедиштеХалберштат
Површина
 • Вкупна664,99 км2 (256,75 ми2)
Население (2002)
 • Вкупно77,876
 • Густина120/км2 (300/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.HBS
Мреж. местоlandkreis.halberstadt.de

Халберштат — поранешен округ во средниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) Бердекрајс, Кведлинбург, Вернигероде, Гослар, Волфенбител, Хелмштет.

Историја[уреди | уреди извор]

Областа околу Халберштат била верско кнежевство, кое се појавило со создавањето на бискупијата Халберштат во 804 и постоело до Триесетгодишната војна. Во 1648, тоа било секуларизирано и станало дел од Бранденбург-Прусија како Кнежевство Халберштат. Во текот на Наполеоновите војни станало дел од француско контролираното Кралство Вестфалија, каде Халберштат бил главен град на департманот Зале. Во 1815 се вратило назад во Кралството Прусија и во 1816 станало дел од Административниот округ Магдебург во рамките на новоформираната пруска Провинција Саксонија. Истовремено, округот (Landkreis) Халберштат бил основан. Во 1825, тој бил споен со округот Остервик.

На 1 јули 2007, округот бил споен со окрузите Кведлинбург и Вернигероде, за да го основаат новиот округ Харц.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓа на северниот дел од планините Харц.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Грбот е истиот, кој историски бил користен во кнежевството и во бискупијата Халберштат.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Заедница на општини Слободни општини
  1. Халберштат
  1. Боде-Холтеме (вкл. ги градовите Шванебек и Вегелебен)
  2. Харцфорланд-Хуи
  3. Остервик-Фалштајн (вкл. го градот Остервик)
  1. Хуи

Надворешни врски[уреди | уреди извор]