Витенберг (округ)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Витенберг
—  Округ  —

Грб
Земја Знаме на Германија Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Гл. град Витенберг
Површина
 - Вкупна 1.929,89 km2 (745,1 sq mi)
Население (31 декември 2010)[1]
 - Вкупно 137.070
 - Густина 71/km2 (184/sq mi)
Часовен појас CET (UTC+1)
 - Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. WB
Мреж. место landkreis-wittenberg.de

Витенберг е округ (Kreis) во источниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од запад во правец на стрелките на часовникот) Анхалт-Битерфелд, слободниот округ Десау-Рослау, окрузите Потсдам-Мителмарк, Телтов-Флеминг и Елба-Елстер во Бранденбург и округот Нордзаксен во Саксонија.

Содржина

[уреди] Историја

Во 1994, округот бил создаден со спојување на округот Јесен и мал дел од округот Грефенхајнихен. Во 2007, 27 општини од поранешниот округ Анхалт-Цербст биле додадени на округот Витенберг.

[уреди] Географија

Главните реки во округот се Елба и нејзината притока, Шварце Елстер.

[уреди] Грб

Грбот прикажува два меча, кои се симбол на фелдмаршалот во Светото римско царство. Оваа титула била подарен на грофовите од Саксонија, кои потоа го додале симболот на нивниот грб. Центарот на кнежеството Саксонија се наоѓал во сегашната област на округот.

[уреди] Градови и општини

Округот Витенберг се состои од следниве градови:

  1. Анабург
  2. Бад Шмидеберг
  3. Косвиг
  4. Грефенхајнихен
  5. Јесен (Елстер)
  6. Кемберг
  7. Оранинбаум-Верлиц
  8. Витенберг
  9. Цана-Елстер

По резолуцијата на 6 октомври 2005, како дел од општинската реформа, тогашните 27 градови и општини на поранешната заедница на општини Косвиг и Верлицер Винкел, порано во округот Анхалт-Цербст, биле додадени на округот Витенберг на 1 јули 2007.

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Наводи

51°48′N 12°41′E / 51.8°N 12.683°E / 51.8; 12.683

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици