Кетен бил округ (Kreis) во средишниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од север во насока на стрелките на часовникот) Анхалт-Цербст, Шенебек, слободниот град Десау, Битерфелд, Залкрајс и Бернбург.
[уреди] Историја
Во 1603, кнежеството Анхалт-Кетен било создадено, кога кнежеството Анхалт било поделено во пет делови. Во 1655 година, било споено со Анхалт-Плецкау и во 1807 станало војводство. Во 1847 било поеделено помеѓу Анхалт-Десау и Анхалт-Бернбург и во 1853 припоено кон Анхалт-Десау да го формира војводството Анхалт-Десау-Кетен.
Кога во 1863, некои делови на Анхалт се обединиле, округот бил создаден. Најпрвин, округот Dessau-Köthen ја покривал околината околу двата слободни града Десау и Кетен. Во 1950, градот Кетен бил додаден кон округот и бил назначен како негов главен град. Како последица на реформата на окрузите во 2007, областа била припоена кон новиот округ Анхалт-Битерфелд со градот Кетен како негов главен град.
[уреди] Географија
Округот се наоѓа во Magdeburger Börde, со ниски ридови од морена од последното ледено доба. Реката Елба формира дел од северната граница на округот.
 |
Левата половина на грбот покажува крило, кое било симбол на семејството Von Cöthen, кои можеби го основале замокот Кетен во 12-от век. Семејството постоело во 14-от век. Десната срана покажува палма, која е симболот на палмскиот ред (меѓутоа, неговата официјално име било Fruchtbringenden Gesellschaft - друштво за одгледување на овошје). Овој ред бил основан од принцот Лудвиг фон Анхалт-Кетен во 1617 и бил друштво на благородници, научници и поети. Неговата главна цел била грижата за германскиот јазик. Меѓутоа, друштвото престанало да постои во 1680 година. |
[уреди] Градови и општини
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
|
Градови во поранешниот округ Кетен |
|
|
|
|
|