Десау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Десау
Градски дел во Десау-Рослау
Градскиот плоштад со фонтана
Градскиот плоштад со фонтана
Градскиот плоштад со фонтана
Грб на Десау
Десау во рамките на Германија
Десау
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Урбан округ
Град Десау-Рослау
Основни податоци
Површина 183 км2
Надм. височина 61 м
Население 77.394  (31 декември 2006)
 - Густина 423 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. DE
Пошт. бр. 06811-06849
Повик. бр. 0340
Портал www.dessau.de
Координати 51°50′N 12°15′E / 51.833° СГШ; 12.250° ИГД / 51.833; 12.250Координати: 51°50′N 12°15′E / 51.833° СГШ; 12.250° ИГД / 51.833; 12.250

Десау — град во Германија на устието на реките Мулде и Елба, во покраината Саксонија-Анхалт. Од 1 јули 2007, е дел од здружениот град Десау-Рослау. Населението во Десау е околу 77.973 (јуни 2006).

Географија[уреди | уреди извор]

Реката Мулде близу Десау

Десау се наоѓа на плавно земјиште, каде Мулде се влева во Елба. Ова предизвикува скоро секоја години поплави. Најлошата поплава се случи во 2002 година, кога округот Валдерзе бил скоро потполно поплавен. Јужно од Десау се протега областа наречена Мозигкауер Хајде. Највисоката височина е 110 метри високата поранешна депонија наречена Шербелберг, на југозапад од Десау. Десау е опкружен од бројни паркови и дворци, поради кои Десау е сметан за еден од најзелените градови во Германија.

Историја[уреди | уреди извор]

Десау бил првпат споменат во 1213. Станал важен центар во 1570, кога кнежевството Анхалт било основана. Десау станал главен град на оваа држава, во рамките на Светото Римско Царство. Анхалт бил распуштен во 1603 и бил поделен во четири - подоцна пет - дела, Десау станал главен град на мини-државата Анхалт-Десау до 1918. Во 1863, две од благородничките линии изумреле и се обединиле.

Кавалиерштрасе во 1900

Десау е познат по неговата школа за архитектура Баухаус. Била преместана тука во 1925, откако била присилена да биде затворена во Вајмар. Многу познати уметници биле предавачи во Десау во следните години, меѓу нив и Валтер Гропиус, Паул Кле и Васили Кандински. Нацистите принудиле затворање на Баухаус во 1931 и била повторно отворена сè до 1986.

Градот бил скоро уништен од сојузничкото бомбардирање во Втората светска војна на 7 март 1945, шест недели пред американските трупи да го окупираат градот. Потоа, бил обновен со типичен ГДР-стил на бетонска архитектура (Plattenbau) и станал главен индустриски центар на Источна Германија. По германското реобединување во 1990 многу историски згради биле обновени.

Композиторот Курт Вајл е роден во Десау. Од 1993, градот е домаќин на годишниот фестивал Курт Вајл. Десау бил, исто така, и родно место на филозофот Мозес Менделсон (во 1729) и Леополд I, принд на Анхалт-Десау (der alte Dessauer), фелдмаршал во Кралството Прусија.

Од 7 јануари 2005, Десау станал познат по мистериозната смрт на азилантот Ури Џало од Сиера Леоне во неговата ќелија во полициска станица во Десау. Според локалната полиција, Џало, кој бил пијан и бил врзан за неговиот кревет, предизвикал пожар на својот кревет, со што изгорел жив. Голем број на противречности и недоследности, како и исчезнување на клучниот доказ, како што се видео-лентите довеле до судски спор, во кој се испитувала како полицијата и локалниот суд биле вклучени во смртта на Џало и последователните ефекти. Локалниот суд ги ослободил службениците во 2008. Во 2010, меѓутоа, повисокиот сојузен суд го прогласил судењето за неважечко и ништовно и наредил нова истрага и судење.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Дворецот Георгиум

Замоци и градини[уреди | уреди извор]

Школата Баухаус во Десау

Баухаус[уреди | уреди извор]

Има неколку примери на Баухаус-архитектура во Десау, некои од нив вклучени во светското културно наследство на УНЕСКО. Школата Баухаус била изградена по цртежи на Валтер Гропиус.

Свети Петар и Павле

Цркви[уреди | уреди извор]

  • Црква Свети Богородица
  • Црква Свети Јован
  • Георгенкирхе
  • Петрускирхе
  • Црква Свети Павле
  • Црква Свети Петар и Павле
  • Црква Свети Јакоб
Сојузно биро за животна средина (UBA)

Други знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Градско собрание, изграден во 1901
  • Дворците на Валдерзе и Дитрих, денес користени како библиотеки
  • Главната пошта
  • Нова водокула
  • Сојузно биро за животна средина (порано железничка станица Верлиц)
  • Пешачки мост над реката Мулде

Култура[уреди | уреди извор]

Театар и музеи[уреди | уреди извор]

Лујзиум

Регионални медиуми[уреди | уреди извор]

  • Весник Mitteldeutsche (дневен весник, Понеделник-Сабота)
  • Wochenspiegel (слободен весник во среда) и Supersonntag (слободен весник во недела)
  • REGJO (квартален економски журнал за регионот Лајпциг/Хале)
  • leo[2] (месечен магазин за култура и настани)
  • локални студија на MDR и SAW (радио-станици)
  • локални телевизиски станици: RAN 1 и Отворен канал Десау

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Јавен превоз[уреди | уреди извор]

Десау поседува трамвајски систем со три линии и неколку автобуси со бројни линии. Јавниот превоз е организиран од компанијата „DVG“, секоја година превезува над 6 милиони луѓе.

„Dessau-Wörlitzer-Eisenbahn“ (DWE)

Железница[уреди | уреди извор]

Главната железничка станица Десау има врски до Магдебург, Берлин, Лајпциг, Хале, Битерфелд и Лутерштат Витенберг. Линијата од Берлин била отворена на 1 септември 1840. Линијата Десау-Битерфелд (отворена на 17 август 1857) била електрифицирана во 1911, првата целосна електрифицирана железничка линија во Германија. Десау бил дел од ИнтерСити-мрежата до 2002 година. Регионалните возови застануваат и на станицата Десау-Зид (Dessau-Süd), Десау-Алтен (Dessau-Alten), Десау-Мозигкау (Dessau-Mosigkau) и Родлебен (Rodleben). Dessau-Wörlitzer-Eisenbahn (железница) го поврзува Десау со Верлиц, град кој се наоѓа 15 километри на исток и Wörlitzer Park. Почетна точка на железницата е на главната железничка станица. Овој воз завршува на станиците Десау-Валдерзе и Десау-Адриа.

Патишта[уреди | уреди извор]

Мост на А9 близу Десау поминувајќи ја реката Елба

Во 1938, автопатот A9 (Минхен-Берлин) бил изграден југоисточно од градот. Два излеза од Десау на А9 се наречени „Десау-Исток“ и „Десау-Југ“. Десау е, исто така, поврзан со „Bundesstrassen“ (сојузни патишта) B 184 и B 185.

Воздушно поле[уреди | уреди извор]

Аеродромот во Десау се наоѓа северозападно од градот, помеѓу окрузите Клајнкинау, Алтен и Зидлунг. Слетување со чартер-авион е возможна. Пистата е долга 1.000 метри. Техничкиот музеј Хуго Јункерс се наоѓа во близина (источно) на воздушното поле, кој е на источниот крај на модерната писта, скоро на истото место на историската фабрика од Втората светска војна Јункерс.

Вода[уреди | уреди извор]

Денес, „Leopoldshafen“ (пристаниште) — користено за годишни меѓународни настани на брзи чамци. „Wallwitzhafen“ е користено како приватно спортско пристаниште, а „Elbehafen“ во близина на Житната куќа е користена за крстосувачи. Следното пристаниште за добра се наоѓа во Рослау.

Велосипеди[уреди | уреди извор]

Десау, со неговиот рамен пејзаж во саксонската низина е многу погоден за велосипедизам. Има патеки за велосипедизам во должина од 146 километри и водат со сите паркови и знаменитости.

Спортови[уреди | уреди извор]

Спортови како што се фудбал, велосипедизам, ракомет, одбојка, гимнастика, пинг-понг и тенис имаат долга традиција и се многу популарни во Десау. Поранешниот фудбалски клуб „СГ Вагонбау Десау“ го освои фудбалскиот куп на Источна Германија во 1949. Ракометниот клуб играл во источногерманската „Oberliga“ и од 1990 играл во 1-та и 2-та „Bundesliga“. Моментално, Десау имал околу 80 спортски клубови со над 13.500 членови. По традиционални спортови, Десау има активни спортски клубови во следниве дисциплини: аикидо, бадминтон, баскетбал, кану, шах, планинарство, велосипедизам, танцување, рибарство, карате, џудо, џиу-џицу, нуркање, брзо лизгање, едрење, сквош, ватерполи и друг.

Објекти[уреди | уреди извор]

  • Бројни спортски терени (повеќе од 10)
  • Терени за тесни (3)
  • Затворени базени (2)
  • Стадион Паул Грајфцу (за 22.000 гледачи)
  • Терен за брзо лизгање
  • Кула за качување Цукертурм
  • Анхалт арена Десау (за 3.600 гледачи)
  • Воздушно поле Десау

Политика[уреди | уреди извор]

Градско собрание

Округот Десау првпат е спомнат во 1372. Главниот на градот наречен „Schultheiss“ бил основан од Ерл. Заедно со неколку наследници на „Schultheiss“ го основал градскиот совет. Почнувајќи од 1372, градскиот совет бил поделен во 2 агенции. Почнувајќи од 1600, во три агенции и од 1785 повторно во две агенции. „Schultheiss“ на Десау се менувал скоро секоја година сè до откажување на Уставот на градскиот совет во 1832. Потоа Десау, станал градски совет и градска делегација. Од 1852, главниот на градот бил наречен градоначалник. Во текот на националсоцијализмот, градоначалник доаѓал од партијата NSDAP. По Втората светска војна Советите формирал извршен совет со градоначалник. Уставот на градскиот совет бил избран од луѓето. По германското реобединување овој комитет е избран слободно. И од 1994 е наречен „Stadtrat“ (градски совет). Градоначалник е директно избиран од луѓето од 1994.

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градскиот совет се состои од следниве партии: (според одржани избори од 22 април 2007) [3]

  • Градоначалник: 1 место
  • Христијанско-демократска унија (CDU): 13 места
  • Леви (Die Linke): 10 места
  • Социјалдемократска партија на Германија (SPD): 8 места
  • Слободна демократска партија (FDP): 4 места
  • Сојуз 90/Зелени (Bündnis 90/Die Grünen): 2 места
  • Граѓанска листа (Bürgerliste): 3 места
  • Слободни гласачи (Freie Wähler): 1 место
  • DVU: 1 место
  • Нов Форум (Neues Forum): 3 места
  • ВГ Про Десау-Рослау (WG Pro Dessau-Rosslau): 5 места

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Образование[уреди | уреди извор]

  • Универзитетот Анхалт на применети науки (архитектура, управување на објекти, дизај и геоинформатика) [5]
  • Образовен центар од германската комора за индустрија и трговија (Хале/Десау)
  • Стручно средно училиште Анхалт Хуго Јункерс I, II and III
  • Граматичка школа „Валтер Гропиус
  • Граматичка школа „Либориус“
  • Граматичка школа „Филантропинум“

Европски субвенции[уреди | уреди извор]

Десау е дел од ЕУ-УРБАН програмата. Оваа програма е основана на интегриран пристап, кој се користи за справување на проблемите во животната средина, економски и социјалните програми, кои влијаат на лишени урбани област. Постојат неколку проекти Архивирано на 29 септември 2011 г. во Десау, спонзорирани преку овие субвенции.

Луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [1], Театар Анхалт (германски)
  2. [2], leo Magazine (германски)
  3. [3] Архивирано на 27 септември 2011 г., Резултати на локалните избори според www.dessau.de
  4. [4] Архивирано на 27 август 2007 г., Збратимени градови според www.dessau.de
  5. [5] Архивирано на 15 јуни 2007 г., Службена страница на универзитетот Анхалт

Надворешни врски[уреди | уреди извор]