Мулде
| Мулде Mulde |
|
Мулде во близина на Бад Дибен. |
|
| Извор | Цвикауер Мулде и Фрајбергер Мулде |
|---|---|
| Устие | Елба 51°52′08″N 12°13′52″E / 51.86889°N 12.23111°EКоординати: 51°52′08″N 12°13′52″E / 51.86889°N 12.23111°E |
| Земји во сливот | Германија |
| Должина | 124 км (290 км, вкл. ја и Цвикауер Мулде) |
| Надм. вис. на изворот | 63 м |
Мулде (германски: Mulde) е река во Саксонија и Саксонија-Анхалт, Германија. Таа е лева притока на Елба и е 124 километри долга.
Реката се формира со вливање, во близина на Колдиц, на Цвикауер Мулде (тече низ Цвикау) и на Фрајбергер Мулде (Фрајберг е на нејзините брегови), двете извираат од Рудните Планини. Оттука реката тече кон север низ Саксонија (Грима, Вурцен, Ајленбург, Бад Дибен) и Саксонија-Анхалт (Јесниц и Десау, стариот главен град на Анхалт). Мулде се влива во Елба на 3 километри северно од Десау.[1]
Во август 2022, поплавата предизвика неколку оштетувања, кои дури го загрозија и светското природно наследство на УНЕСКО „Градинарско кралство Десау-Верлиц“ и градот Десау. Особено градовите Дебелн и Грима страдаа од штетите од поплавата.
Нејзиното име може да доаѓа од старогерманскиот (можеби готски) „Мулда“, што значи „жед“. Но, поверојатно е дека е поврзано со германскиот „mahlen“, што означува „меле“. Затоа, Мулде веројатно значи „река што меле“ и се поврзуваат бројните воденици на реката што постоеле некогаш. Денес, таму има хидроелектрични централи во употреба.
[уреди] Наводи
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Мулде“ |
| Оваа локација во Саксонија статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| Оваа локација во Саксонија-Анхалт статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |