Дебелн

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дебелн
Градско собрание
Градско собрание
Грб на Дебелн
Дебелн се наоѓа во Германија
Дебелн
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Адм. подрач. Кемниц
Округ Средна Саксонија
Градски единици 19
Градоначалник Ханс-Јоаким Егерер (CDU)
Основни податоци
Површина 39,47 км2
Надм. височина 159-262 м
Население 22.110 (31 декември 2011)[1]
 - Густина 560 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. FG
Пошт. бр. 04720
Повик. бр. 03431
Портал www.doebeln.de
Местоположбата на градот Дебелн во рамките на округот Средна Саксонија
Карта
Координати 51°07′10″ СГШ 13°06′46″ ИГД / 

Дебелн (германски: Döbeln) е град во Саксонија, Германија, дел од округот Средна Саксонија, кој се наоѓа на обата брега на реката Фрајбергер Мулде.

Содржина

Историја [уреди]

Schlegelbrunnen (фонтана) со црквата Свети Никола во позадина

Бил основан во 10. век, првиот пишан доказ за неговото постоење е од годината 981.[2]

  • Околу 1220 Дебелн официјално го добил статусот град.
  • 1293: Црквата Свети Никола била првпат спомената.
  • 1296: Замокот и градот биле окупирани од Адолф од Насау.
  • 1330: На 25.03. била завршена градбата на манастирот.
  • 1333: Голем пожар го уништил целиот град.
  • 1360: Лордот Улман од Штаупиц го изградил замокот Рајхенштајн.
  • 1429: Грабеж на градот и уништување на замокот од Хуситите.
  • 1450: Дебелн е нападнат од Бохемијците, притоа уништувајќи го замокот. Потоа, на замокот му опаднала значајноста. Во 1567 бил споменат како „напуштена палата“ и потоа користен за најразлични цели.
  • 1637: Нападнат од Швеѓаните.
  • 1730: Уште еде сериозен пожар го погодил градот. Како последица на тоа, остатоците на замокот биле користени како градежен материјал за обнова. Во овој пожар, 266 сопственици и 400 потстанари ги загубиле нивните домови.
  • Во текот на Седумгодишната војна, имало битка помеѓу Прусите и Австријците. На 12 мај 1762, трупите на принцот Хајнрих од Прусија ги поразил австриските војници и зел затвореници, вклучувајќи го генералот Фон Цетвиц.
  • 1754-1810 Дебелн е гарнизон на пешадиската дивизија Лубомирски.
  • 1847 Дебелн бил поврзан со железница од Риза. Во 1857 линијата била продолжена до Хемниц. Во 1868 отворена е линијата Дрезден-Дебелн-Лајпциг.
  • 1945 Градот бил окупиран од советската армија без да биде испукан ниеден куршум.

Сообраќај [уреди]

Главната железничка станица Дебелн е на железничките линии Борсдорф-Косвиг и Риза-Хемниц.

Има две врски со автопатот А14.

Дебелн ја поседува последната преостаната линија на трамвај влечена од коњи во Германија, во форма на трамвајот во Дебелн. Оваа линија, потекнува од периодот 1892-1926 и била повторно отворена во 2007.

Збратимени градови [уреди]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Дебелн е збратимен со:

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]