Едеран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Едеран
Градското собрание на Едеран
Градското собрание на Едеран
Грб на Едеран
Едеран се наоѓа во Германија
Едеран
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Средна Саксонија
Градски единици 7
Градоначалник Штефен Шнајдер (независен)
Основни податоци
Површина 77,35 км2
Надм. височина 400 м
Население 8.258 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 107 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. FG
Пошт. бр. 09569
Повик. бр. 037292
Портал www.oederan.de
Местоположбата на градот Едеран во рамките на округот Средна Саксонија
Карта
Координати 50°51′42″ СГШ 13°10′02″ ИГД / 

Едеран (германски: Oederan) — град во округот Средна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија.

Географија[уреди]

Едеран се наоѓа 14 километри југозападно од Фрајберг, 17 километри источно од Кемниц и околу 50 километри западно од Дрезден.

Градот ги вклучува и селата Бернихен, Брајтенау, Франкенштајн, Галенц, Герберсдорф, Кирхбах, Лесництал и Шенерштат.

Историја[уреди]

Едеран првпат бил споменат како град во 1286 година. Населбата на оваа област потекнува од лужичкото племе во IX и X век. Франкониските фармери, занаетчии и трговци се населиле овде во XII век. Од Средниот век, најважни индустрии биле текстилната и ткаењето. Во XIX век, изградбата на железничката линија придонела за развој на градот. Биле изградени неколку фабрики со средна големина околу железничката станица во Едеран.[2]

Во текот на Втората светска војна, овде се наоѓал подкамп на концентрациониот камп Флосенбирг.[3]

Знаменитости[уреди]

Едеран е познат по неговата туристичка атракција „Klein-Erzgebirge“, најстариот минијатурен парк во Германија. Во паркот се прикажани околу 185 минијатурни реплики на познати згради од областа на Рудните Планини во размер од 1:25[4].

Најважната стара градба е готската црква. Историјата на црква потекнува од 13. век.[2] Оргули изградени од познатиот Готфрид Зилберман се наоѓаат внатре.

Втората важна градба во градот е Градското собрание. Прво изградена околу 1400 година, но подоцна била запалена неколкупати (1632, 1709 и 1753) и повторна била изградена во нејзиниот денешен облик во 1785 година.

Луѓе[уреди]

Литература[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]