Лид
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Лид (герм. Lied, множ. Lieder) германски збор, со буквално значење на „песна“; меѓутоа во светот поимот се користи за песните во романтистичката музика, наречени и уметнички песни. Попрецизно, поимот најточно секористи за песни засновани на германски поеми од достатно висока книжевна вредност, највеќе за време на XIX век, започнувајќи со Франц Шуберт и кулминирајќи со Хуго Волф. Обично лидовите се аранжирани за еден пејач и пијано. Понекогаш тие се собираат во Liederkreis („циклус песни“) — низа песни (обично три или повеќе) со заедничка приказна или тема. Најпознати творци од овој жанр на романтистичката музика се композиторите Франц Шуберт и Роберт Шуман.
Содржина |
[уреди] Историја
За германските говорници, поимот „лид“ има долга историја започнувајќи од трубадурските песни (Minnesang) од XII век, преку народните песни (Volkslieder) и црковните песни (Kirchenlieder), па до трудовите песни (Arbeiterlieder) или протестни песни (Kabarettlieder, Protestlieder) од XX век.
Во Германија, славното доба на песната (лидот) дошло во XIX век. Германските и австриските композитори компонирале музика за глас и клавијатура и пред тоа, но сега, со расцутот на германската книжевност во класицистичкото и романстистичкото доба композиторите нашле висока инспирација во поезијата која го зачнала жанрот наречен лид. Зачетоците на оваа традиција можат да се видат во песните на Моцарт и Бетовен, но дури Шуберт наоѓа нов баланс помеѓу зборовите и музиката, како нова апсорпција во музиката на значењето на зборовите. Шуберт искмпонирал прек 600 песни, од кои некои во низи и циклус песни кои раска уваат приказна — авантурата на душата, наместо на телото. Оваа традиција ја продолжиле Шуман, Брамс и Хуго Волф, а во XX век, Рихард Штраус и Густав Малер. Корпусот на песни во лидската традиција, како и италијанскиот мадригал три века пред тоа, е еден од најбогатите продукти на човечката чувствителност.
[уреди] Други национални традиции
Лидската традиција е тесноповрзана со германскиот јазик. Но постојат паралели и на други места, особено во Франција, со мелодиите на композитори како Берлиоз, Форе, Дебиси и Франсис Пуленк, додека во Русија, со песните на Мусоргски и Рахманинов. И Англија доживеала расцут на песната во XX век, и нејзини претставници се Вон Вилијамс и Бенџамин Бритен. Полскиот композитор Станислав Моњушко (1819 - 1872) искомпонирал 278 песни. 276 биле составени во 12 книжиња наречени called „Домашна песнарка“ (Śpiewnik Domowy). Песните обработувале поеми на најпознатите полски поети од тоа време, како на пример Адам Мицкиевич.
[уреди] Библиографија
Hallmark, Rufus, ed. German Lieder in the Nineteenth Century. New York: Schirmer, 1996. Parsons, James, ed. The Cambridge Companion to the Lied. Cambridge: Cambridge University Press, 2004. [1]
[уреди] Надворешни врски
