Ашерслебен-Штасфурт бил округ во Саксонија-Анхалт, Германија до 2007. Се граничел со (од североисток надесно) окрузите Шенебек, Бернбург, Мансфелдер Ланд, Кведлинбург и Бердекрајс.
Историја [уреди]
Двата окрузи Ашерслебен и Штасфурт биле споени во 1994, со цел да го формираат новиот округ Ашерслебен-Штасфурт. Како дел од реформата на окрузите од 2007 округот бил распуштен и површината на округот, сега е дел од округот Залцландкрајс, освен градот Фалкенштајн, кој сега е дел од округот Харц.
Географија [уреди]
Југозападните делови на округо се наоѓаат на ридовите од планините Харц. Оттука, округот продолжува по долината на реката Зале на исток и на реката Елба на североисток. Двете реки не поминуваат директно низ округот. Двете главни водотеци се Боде и Випер, двете се влеваат во Зале.
Регионот надвор од ридовите на Харц, главно е наменет за земјоделство.
 |
Грбот прикажува:
- горе лево: црно-белите линии од грофството Ашерслебен
- горе десно: хералдичкиот орел од Прусија
- долу лево: хералдичкиот мечка од поранешната држава Анхалт
- долу десно: црвено-бели половина на војводството Магдебург
|
Градови и општини [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
Градови во поранешниот округ Ашерслебен-Штасфурт
|
|
|
|
|
|
51.83, 11.5