Бизмарк (Германија)
| Бизмарк | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија-Анхалт |
| Округ | Штендал |
| Градоначалник | Гудрун Волтер |
| Основни податоци | |
| Површина | 289 km2 (112 sq mi) |
| Надм. височина | 55 m (180 ft) |
| Население | 8.976 (31 декември 2008) |
| - Густина | 31 /km2 (80 /sq mi) |
| Други информации | |
| Часовна зона | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | SDL |
| Пошт. бр. | 39576, 39579, 39599, 39606, 39624, 39629 |
| Повик. бр. | 039080, 039083, 039089, 039320, 039324, 039325, 039328 |
| Мреж. место | www.stadt-bismark.de |
| Местоположбата на град Бизмарк во рамките на округот Штендал | |
Бизмарк е град во округот Штендал, во историскиот регион Алтмарк, во северниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа околу 22 километри западно од Штендал.
Во раниот 12-ти век, површината била под власт на Алберт Мечката и била населена од селани, кои потекнувале од Долните земји. Името на градот е изведено од блискиот поток Бизе (по холандски: bies што значи брзи растенија), притока на Аланд; иако исто така може да се однесува на бискупски марш, посед на бискупите од Хафелберг, спомнат во 1209 во декрет издаден од асканискиот гроф Алберт Втори. Со Алтмарк, Бизмарк бил дел од Грофство Бранденбург, додека не бил приклучен кон пруската Провинција Саксонија.
Хербордус од Бизмарк бил спомнат како градоначалник на Штендал околу 1280. Неговиот наследник Ото фон Бизмарк го добил статусот почесен граѓанин на Бизмарк во 1895.
По административната реформа, која влегла во сила од 1 јануари 2010, градот Бизмарк се состои од поранешните општини Бадинген, Беркау, Бисте, Доберкау, Гарлип, Грасау, Хоенвулш, Холцхаузен, Кетен, Кледен, Кенигде, Кремкау, Месдорф, Кверштет, Шеплиц, Шерникау, Шорштет и Штајнфелд.
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Бизмарк (Германија)“ |
|
|||||||
| Оваа локација во округот Штендал статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

