Штендал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Штендал
Градско собрание
Градско собрание
Градско собрание
Грб на Штендал
Штендал во рамките на Германија
Штендал
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Штендал
Градски единици 33
Градоначалник Клаус Шмоц
Основни податоци
Површина 268 км2
Надм. височина 31 м
Население 38.778 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 145 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SDL
Пошт. бр. 39551–39596
Повик. бр. 03931
Портал www.stendal.de
Местоположба на град Штендал во рамките на округот Штендал
Карта
Карта
Координати 52°36′N 11°51′E / 52.600° СГШ; 11.850° ИГД / 52.600; 11.850Координати: 52°36′N 11°51′E / 52.600° СГШ; 11.850° ИГД / 52.600; 11.850

Штендал (германски: Stendal) — град во Саксонија-Анхалт, Германија. Тој е главен град на округот Штендал и неофицијален главен град на Алтмарк. Се наоѓа на 125 километри западно од Берлин и околу 170 километри источно од Хановер.

Историја[уреди | уреди извор]

Tangermünder Tor, средновековна порта

Основан од Албрехт Мечката во 12 век, брзо станал важен член на Ханзата. Прекрасните цркви, градското собрание и двете зачувани градски порти се сè уште доказ за поранешното богатство.

Претходно дел од грофовијата Бранденбург, Штендал станал дел од пруската Провинција Саксонија по војните на Наполеон. Од 1949 до германското обединување во 1990, Штендал бил во Германската Демократска Република.

Псевдонимот „Стендал“ на францускиот писател Мари-Анри Бојл се претпоставува дека е во чест на германскиот писател Јохан Јоаким Винкелман, кој е роден во Штендал во 1717.

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Театар на Алтмарк[уреди | уреди извор]

Областа има театар именуван Theater der Altmark - Штендал. Бил основан во 1946 и секогаш имал делумно вклученост во младинскиот и детскиот театар. Покрај, театарските претстави и танцувачки настaни се одржуваат и концерти, конференции и состаноци.

Музеј Винкелман[уреди | уреди извор]

Музејот Винкелман Архивирано на 18 септември 2008 г. е именуван по Јохан Јоаким Винкелман, основачот на класичната археологија. Неговите фондови вклучуваат биографски документи, дела, дизајни и дојаграми како и грчки скулптури, заедно со други мали артефакти од антиката. Од 2003, музејот е сопственик на најголемиот Тројански коњ во светот. Со неговата големина од 15,6 метри, 13 метри долг и 9,5 метри широк и негова тежина од 45 тони, нуди прекрасен поглед над Штендал. Изложбите, кои се одржуваат се поврзани со археологијата и историјата на уметноста од XVIII и XIX век; постои исто така и музеј за современа уметност. Музејот е седиште на Winckelmann-Gesellschaft Архивирано на 20 септември 2008 г..

Дополнително, музејот има изложби поврзани со историјата и културната историја на градот Штендал и регионот Алтмарк кои потекнуваат од праисториските период низ раната историја, па сè до денес. Постојат изложби за Ханзата, романскиот стил и месните археолошки пронајдоци.

Музеј на противпожарната бригад[уреди | уреди извор]

Градот има е Landesfeuerwehrmuseum (Музеј на противпожарната бригада), покажувајќи го развојот на пожарникарите и од заштитата од кожа до современите противпожарни техники.

Друго[уреди | уреди извор]

Скулптура пред градското собрание

Други згради вклучувајќи ја и готската катедрала, градското собрание со скулптурата и две среденовековни градски порти. Постојат и други цркви во областа.

Штендал е исто така дел од велосипедската патека Алтмарк. Информациите и картите за оваа велосипедска патека може да се најдат во туристичките канцеларии.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Почесни граѓани[уреди | уреди извор]

  • Фридрих Херман Хаке (1824–1899), кој го посветил неговиот живот на борба против епидемиите на колера, кои го погодиле Штендал во 19 век. Хаке-Брунен, бунар во Шперлингсберг, во чест на него.
  • Густаф Нахтигал (1834–1885), доктор и истражувач во Африка. Тој е почестен со биста на плоштадот Густаф Нахтигал.

Личности[уреди | уреди извор]

  • Јохан Јоаким Винкелман, основач на класичната археологија и историјата на уметност. Роден е во Штендал во 1717, син на чевлар.

Литература[уреди | уреди извор]

Францускиот писател Мари Анри Бојл, кој бил стациониран овде како војник во текот на Наполеоновите војни, го користел псевдонимот Стендал од 1817 во чест на Јохан Јоаким Винкелман.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Штендал е збратимен со:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини на 31 декември 2020 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]