Источен Пригниц-Рупин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Источен Пригниц-Рупин
Landkreis Ostprignitz-Ruppin
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Бранденбург
Адм. цент. Нојрупин
Површина
 • Вкупна 2,508.7 км2
Население (31 декември 2012)[1]
 • Вкупно 99.125 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. OPR
Портал ostprignitz-ruppin.de

Источен Пригниц-Рупин (германски: Ostprignitz-Ruppin) е округ (Kreis) во северозападниот дел на Бранденбург, Германија. Се граничи со (од север надесно) округот Мекленбуршка Езерска Област во Мекленбург-Западна Померанија, окрузите Горен Хафел и Хафеланд, округот Штендал во Саксонија-Анхалт и округот Пригниц.

Географија[уреди]

Округот се состои од низини северозападно од Берлин. На неговата територија се наоѓаат густи шуми. Многу реки и езера има во западниот, средишниот и североисточниот дел на округот. Главна река во округот е Досе.

Историја[уреди]

Округот отсекогаш се разликувал од Западен Пригниц, така што првично бил населен од Словени од Мекленбург. Бил создаден во 1993 со спојување на окрузите Кириц, Нојрупин и Витшток. Округот скоро ја покрива истата територија на двата историски окрузи Источен Пригниц и Рупин. Источен Пригниц бил создаден во 1815 како еден од двата округа на местото на поранешното грофство Пригниц и бил поделен на окрузите Кириц, Прицвалк и Витшток во 1952. Исто така во 1952, округот Рупин бил преименуван во Нојрупин и дел од неговата територија била доделена на окрузите Кириц и Гранзе.

Грб[уреди]

Грб Орелот во горниот дел на грбот потекнува од грофовите Арнштајн, кои владееле со Рупин во 13 век. На левата страна е лилјан кој ги претставува грофовите Фон Плото, вендско семејство кои владееле со Кириц. Митрата на десно го симболизира Витшток, бидејќи бискупот Хајнрих Први го прогласил Витшток за главен град на Бискупијата Хафелберг.

Градови и општини[уреди]

Слободни градови Општинска заедница
  1. Кириц
  2. Нојрупин
  3. Рајнсберг
  4. Витшток


Слободни општини

  1. Фербелин
  2. Хајлигенграбе
  3. Вустерхаузен

1. Линдов (Марк)

  1. Херцберг
  2. Линдов1, 2
  3. Ритник
  4. Филицзе

2. Нојштат (Досе)

  1. Бредин
  2. Дрец
  3. Нојштат (Досе)1, 2
  4. Зиверсдорф-Хоенофен
  5. Штидениц-Шенермарк
  6. Церниц-Лом

3. Темниц

  1. Дабергоц
  2. Меркиш Линден
  3. Шторбек-Франкендорф
  4. Темницквел
  5. Темництал
  6. Валслебен1
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]