Елба-Елстер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елба-Елстер
Elbe-Elster
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Бранденбург
Адм. цент. Херцберг
Површина
 • Вкупна 1,889.4 км2
Население (31 декември 2012)[1]
 • Вкупно 107.649 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. EE
Портал landkreis-elbe-elster.de

Елба-Елстер (германски: Elbe-Elster) е округ (Kreis) во јужниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се Телтов-Флеминг, Даме-Шпревалд, Горен Шпревалд-Лужица, Мајсен, Северна Саксонија и Витенберг.

Историја[уреди]

Округот бил основан во 1993 со спојување на поранешните окрузи Финстервалде, Бад Либенверда и Херцберг.

Географија[уреди]

Округот е именуван по двете реки, реката Елба која ја создава западната граница со Саксонија и реката Шварце Елстер која е притока на Елба и тече низ округот. Округот е дел од историската област Лужица. Мочуриштата долж Шварце Елстер се станишта на неколку ретки животни, како модроврани, дабари и видри.

Грб[уреди]

Грб Грбот бил донесен во 1995. Лавот во долниот лев дел потекнува од грофството Мајсен, кому историски му припаѓал јужниот дел од округот. Црните ленти потекнуваат од грофството Саксо-Витенберг бидејќи областа околу Бад Либенверда припаѓала на тоа грофство во минатото. Црвените линии потекнуваат од најстариот грб на Бранденбург, а бикот е симбол за областа Долна Лужица каде е сместен самиот округ.

Градови и општини[уреди]

Слободни градови Општинска заедница
  1. Бад Либенверда
  2. Доберлуг-Кирхајн
  3. Елстерверда
  4. Фалкенберг/Елстер
  5. Финстервалде
  6. Херцберг
  7. Милберг
  8. Шеневалде
  9. Зоневалде
  10. Ибигау-Варенбрик


Слободни општини

  1. Редерланд

1. Елстерланд

  1. Хајделанд
  2. Рикерсдорф
  3. Шилда
  4. Шенборн1
  5. Требиц

2. Клајне Елстер (Долна Лужица)

  1. Криниц
  2. Лихтерфелд-Шаксдорф
  3. Масен-Нидерлаузиц1
  4. Залгаст

3. Плеса

  1. Горден-Штаупиц
  2. Хоенлајпиш
  3. Плеса1
  4. Шраден

4. Шлибен

  1. Фихтвалд
  2. Хоенбуко
  3. Кремицауе
  4. Лебуза
  5. Шлибен1, 2

5. Шраденланд

  1. Греден1
  2. Гростимиг
  3. Хиршфелд
  4. Мерцдорф
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]