Одра-Шпре

Координати: 52°13′N 14°17′E / 52.217° СГШ; 14.283° ИГД / 52.217; 14.283
Од Википедија — слободната енциклопедија
Одра-Шпре
Landkreis Oder-Spree

округ
Знаме на Одра-Шпре Landkreis Oder-SpreeГрб на Одра-Шпре Landkreis Oder-Spree
Карта
Земја Германија
ПокраинаБранденбург
СедиштеБесков
Површина
 • Вкупна2.242 км2 (866 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно179.276
 • Густина80/км2 (210/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.LOS
Мреж. местоlandkreis-oder-spree.de

Одра-Шпре (германски: Oder-Spree) — округ во источниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи (од север надесно) се округот Меркиш-Одерланд, слободниот град Франкфурт на Одра, државата Полска, окрузите Шпре-Ниса и Даме-Шпревалд и сојузната покраина Берлин.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот е именуван по двете главни реки во округот, реката Шпре тече низ целиот округ, додека реката Одра ја создава источната граница.

Историја[уреди | уреди извор]

Округот бил создаден во 1993 со спојување на окрузите Ајзенхитенштат, Бесков и Фирстенвалде и слободниот град Ајзенхитенштат.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Грбот прикажува симболи на трите поранешни окрузи, кои го сочинуваат округот. Во горниот лев дел е грбот на бискупите од Лебус, кои имале седиште во Фирстенвалде. Вториот дел прикажаува лента со шаховница на Цистецијанскиот ред како симбол на опатијата Нојцеле, кои до 1817 ја поседувале поголемиот дел од територијата на некогашниот округ Ајзенхитенштат. Двата дела долу го прикажуваат поранешниот округ Бесков. Трите ножа лево се симбол на грофовите од Штрела, додека рогот на еленот е симбол на грофовите од Биберштајн, кои во 1317 ги наследиле грофовите од Штрела како грофови на Бесков и Шторков.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Слободни градови Општински заедници
  1. Бесков
  2. Ајзенхитенштат
  3. Еркнер
  4. Фридланд
  5. Фирстенвалде
  6. Шторков


Слободни општини

  1. Гринхајде
  2. Риц-Нојендорф
  3. Шенајхе
  4. Штајнхефел
  5. Таухе
  6. Волтерсдорф

1. Брисков-Финкенхерд

  1. Брисков-Финкенхерд1
  2. Грос Линдов
  3. Фогелзанг
  4. Визенау
  5. Цилтендорф

2. Нојцеле

  1. Лавиц
  2. Најсеминде
  3. Нојцеле1

3. Одерфорланд

  1. Беркенбрик
  2. Бризен1
  3. Јакобсдорф

4. Шармицелзе

  1. Бад Заров1
  2. Динсдорф-Радлов
  3. Лангевал
  4. Рајхенвалде
  5. Вендиш Риц

5. Шлаубетал

  1. Грунов-Дамендорф
  2. Миксдорф
  3. Милрозе1, 2
  4. Рагов-Мерц
  5. Шлаубетал
  6. Зидихум

6. Шпренхаген

  1. Гозен-Ној Цитау
  2. Рауен
  3. Шпренхаген1
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

52°13′N 14°17′E / 52.217° СГШ; 14.283° ИГД / 52.217; 14.283