Барним

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Барним
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Бранденбург
Адм. цент. Еберсвалде
Површина
 • Вкупна 1,494 км2
Население (31 декември 2012)[1]
 • Вкупно 173.193 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. BAR
Портал www.barnim.de/

Барним (германски: Barnim) е округ (Kreis) во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од исток надесно) Полска, округот Меркиш-Одерланд, сојузната покраина Берлин и окрузите Горен Хафел и Укермарк.

Историја[уреди]

Името „Барним“ се појавило во 13 век и се однесувало на големата шумска област источно од Хафел и северно од Шпре, каде благородниците оделе да ловат. Сегашниот округ е приближно ист, но малку помал, со оваа историска област.

Округот бил основан во 1993 со спојување на поранешните окрузи Бернау и Еберсвалде.

Географија[уреди]

Барним се протега од реката Одра до предградијата на Берлин. Реката Одра ја создава источната граница. Оттука водат Каналот Одра-Хафел (ги поврзува Одра и Хафел) и историскиот Канал Финов до Еберсвалде и натаму. Деловите северно од овие вештачки водни патишта се наречени Шорфхајде. Ова е шумска област со неколку големи езера, како Вербелинско Езеро (8 км²), Гримницско Езеро (8 км²) и Парштајнско Езеро (10 км²). Шорфхајде е биосферен резерват на УНЕСКО, каде се наоѓаат ретки животни како белоопашестиот орел, големиот орел кликач, орелот-рибар, црниот штрк, дабарот и видрата.

Грб[уреди]

Грб Грбот на округот го прикажува грбот на поранешниот округ Горен Барним. Единствена разлика е што стариот имал две половина, горната сребрена, а долната црвена, додека моменталниот е поделен на четири делови и во десната половина постојат црвената и сребрената боја. Орелот во горната половина е орелот на Бранденбург.

Градови и општини[уреди]

Слободни градови Општински заедници
  1. Бернау кај Берлин
  2. Еберсвалде
  3. Вернојхен


Слободни општини

  1. Аренсфелде
  2. Панкетал
  3. Шорфхајде
  4. Вандлиц

1. Бизентал-Барним

  1. Бизентал1, 2
  2. Брајдин
  3. Маринвердер
  4. Мелхов
  5. Ридниц
  6. Зидовер Флис

2. Бриц-Хорин-Одерберг

  1. Бриц1
  2. Хорин
  3. Хоенфинов
  4. Липе
  5. Лунов-Штолценхаген
  6. Нидерфинов
  7. Одерберг2
  8. Парштајнзе

3. Јоахимстал (Шорфхајде)

  1. Алтхитендорф
  2. Фридриксвалде
  3. Јоахимстал1, 2
  4. Цитен
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]