Телтов-Флеминг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Телтов-Флеминг
Teltow-Fläming
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Бранденбург
Адм. цент. Лукенвалде
Површина
 • Вкупна 2,092 км2
Население (31 декември 2012)[1]
 • Вкупно 159.686 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. TF
Портал teltow-flaeming.de

Телтов-Флеминг (германски: Teltow-Fläming) е округ (Kreis) во југозападниот дел на Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од исток надесно) Даме-Шпревалд, Елба-Елстер, окрузите Витенберг во Саксонија-Анхалт, округот Потсдам-Мителмарк и главниот град и покраината Берлин.

Географија[уреди]

Округот е именуван по двете главни области. Телтов е земјоделски појас јужно од Берлин. Флеминг е пошумен ридски масив во јужниот дел; делот од областа сместен во округот е наречен Долен Флеминг, додека Горен Флеминг се наоѓа во округот Потсдам-Мителмарк.

Историја[уреди]

Округот бил создаден во декември 1993 со спојување на претходните окрузи Лукенвалде, Јитербог и Цосен, но исто така и мали делови од другите поранешни окрузи, како Лукау.

Разно[уреди]

Во периодот од 1997 до 2001, округот имал најголем пораст на БДП од сите окрузи во Германија со стапка од 56,1%.[2]

Флеминг-Скејт („Fläming-Skate“) е 160 километри долга патека специјализирана за возење ролерки, единствена од таков вид во Германија.

Интересно, градот Телтов не е дел од округот Телтов-Флеминг, како што и градот Даме не е дел од округот Даме-Шпревалд.

Грб[уреди]

Грб Грбот го покажува орелот на Бранденбург во левиот дел, бидејќи маркгрофовите на Бранденбург започнале да владеат со северниот и северозападниот дел на округот во 13 век. На десно е бастунот на игуменот. Ја симболизира верската држава Магдебург, на која припаѓале јужниот и средишниот дел на округот. Црнобелата шаховница потекнува од династијата Торгов, кои ја поседувале областа околу Цосен до 1478.

Градови и општини[уреди]

Слободни градови Слободни општини Општинска заедница
  1. Барут/Марк
  2. Јитербог
  3. Лукенвалде
  4. Лудвигсфелде
  5. Требин
  6. Цосен
  1. Ам Мелензе
  2. Бланкенфелде-Малов
  3. Гросберен
  4. Нидерер Флеминг
  5. Нидергерсдорф
  6. Нуте-Урштромтал
  7. Рангсдорф

1. Даме/Марк

  1. Даме1, 2
  2. Даметал
  3. Илов


1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]