Цосен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цосен
Црква Св. Тројство во Цосен
Црква Св. Тројство во Цосен
Грб на Цосен
Цосен се наоѓа во Германија
Цосен
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Телтов-Флеминг
Градски единици 16
Градоначалник Михаела Шрајбер (независен)
Основни податоци
Површина 179,57 км2
Надм. височина 38 м
Население 17.465 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 97 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. TF
Пошт. бр. 15806
Повик. бр. 03377
Портал www.zossen.de
Местоположбата на градот Цосен во рамките на округот Телтов-Флеминг
Карта
Координати 52°13′00″ СГШ 13°26′59″ ИГД / 

Цосен (германски: Zossen) е град во округот Телтов-Флеминг, во сојузната покраина Бранденбург, Германија, јужно од Берлин. Цосен е составен од неколку помали општини, кои биле споени заедно во 2003 со цел да го создадат градот.

Географија[уреди]

Со општинската реформа во 2003, Цосен се состои од неколку окрузи и единици:

  • Глиник
    • Хорстфелде
    • Шинов
    • Вербен
  • Калинхен
  • Некст Нојендорф
  • Нунсдорф
  • Шенајхе
  • Винсдорф
    • Функенмиле
    • Линденбрик
    • Нојхоф
    • Валштат
    • Цеш ам Зе
  • Цосен
    • Дабендорф

Историја[уреди]

Цосен, како многу места во Бранденбург, бил првично основан како словенска населба. Неговото име потекнува од Зосна што означува бор, кој е воочаено дрво во областа.

Во 1875 била отворена железничката станица Цосен на линијата Берлин - Дрезден и пруската воена железница за артилериското поле во Кумерсдорф-Гут, денес во Ам Мелензе.

Во 1910 градот станал гарнизон за царската германска армија. Во Првата светска војна бил користен за неколку затворенички кампови, меѓу кои и „кампот полумесечина“ (Halbmondlager) за муслиманските борци на Антантата, каде била изградена и првата дрвена џамија во Германија. Од 1939 до 1945, во Винсдорф се наоѓале подземните седишта на германскиот Вермахт и командата на армијата.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]