Лукенвалде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лукенвалде
Градската црква Св. Јован
Градската црква Св. Јован
Грб на Лукенвалде
Лукенвалде се наоѓа во Германија
Лукенвалде
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Телтов-Флеминг
Градски единици 3
Градоначалник Елизабет Херцог фон дер Хајде (SPD)
Основни податоци
Површина 46,75 км2
Надм. височина 48 м
Население 20.154 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 431 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. TF
Пошт. бр. 14943
Повик. бр. 03371
Портал www.luckenwalde.de
Местоположбата на градот Лукенвалде во рамките на округот Телтов-Флеминг
Карта
Координати 52°05′00″ СГШ 13°10′00″ ИГД / 

Лукенвалде (германски: Luckenwalde) е град и адмистративно седиште на округот Телтов-Флеминг во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Нуте северно од Флеминг, на источната граница со природниот парк Нуте-Ниплиц, околу 50 километри јужно од Берлин. Во градот влегуваат и селата Франкенфелде и Колценбург.

Историја[уреди]

Фабрика за шапки, моментално се обновува

Поранешната словенска населба Лугкин (Lugkin) била освоена од маркгрофот Конрад Ветин во текот на Крстоносните походи против Словените во 1147. Замокот Лукенвалде бил прв пат споменат во декрет од 1216 како бургвард на Бискупијата Бранденбург, бил стекнат од Опатијата Цина во 1285. Заедно со Цина останал под власта на Надбискупијата од Магдебург и неговиот наследник, пруското Војводство Магдебург пред да биде додаден на Маркгрофството Бранденбург во 1773.

Започнувајќи во 17 век, фабриките за облека и волна во Лукенвалде не добиле поттик до власта на кралот Фридрих II, кога се развиле како едни од најголемите во Германија. Други традиционални индустрии биле боење на памукот и правење бои, пиварници и металската индустрија. Во 1808, Лукенвалде официјално ги добил градските права.

Во 1923, архитектот Ерих Менделсон ја изградил фабриката за шапки Херман, пресвртница во експресионистичката архитектура. Во текот на Втората светска војна постоел камп за воените затвореници. Исто така имало и работен камп за цивили. Нацистите ги принудувале луѓето да работат за нив со закана за нивните семејства. Недостигот на храна и силната работа убила илјадници работници. Помеѓу нив имало Полјаци, Италијанци, Французи и многу други.

Родени во Лукенвалде[уреди]

Меѓународни односи[уреди]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Лукенвалде е збратимен со:

Наводи[уреди]

 Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост„“. Енциклопедија „Британика“ (XI). (1911). Cambridge University Press.