Хенри Џејмс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Henry James Jr.
HenryJamesPhotograph.png
Henry James in 1890
Занимање Writer
Националност American; acquired British nationality in 1915
Високо образование Harvard Law School
Значајни дела The American
The Turn of the Screw
The Portrait of a Lady
The Wings of the Dove
Daisy Miller
The Ambassadors
Роднини Henry James, Sr. (father), William James (brother), Alice James (sister)

Хенри Џејмс, О.М. (април 15,1843 - февруари 28,1916 ) бил aмерикански писател, кој се смета за една од најклучните фигури на литературниот реализам од 19 век. Тој бил син на Хенри Џејмс постариот, кој бил свештеник и брат на филозофот и психолог Вилиjaм Џејмс и писателката на дневници Алис Џејмс.

Џејмс ги помина последните 40 години од неговиот живот во Англија, станувајќи британски државјанин во 1915, една година пред неговата смрт. Тој е главно познат по неговата серија романи во кои ја отсликува средбата на Американците со Европа и Европејците. Неговиот метод на пишување од гледната точка од некој лик во приказната, му дозволува да истражува прашања кои имаат врска со свеста и перцепцијата, а неговиот стил во подоцнежните дела бил споредуван со импресионистичкото сликарство.

Џејмс значително придонесе за книжевна критика, особено по неговото инсистирање на писателите да им биде дозволено во најголема слобода да го претстават својот поглед на свет. Неговата имагинативна употреба на гледната точка, внатрешниот монолог и недоверливи раскажувачи во неговите романи и новели донесе нова длабочина и интерес за раскажувачката проза.

Извонредно продуктивен писател, тој покрај неговите обемни прозни дела, објавуваше статии и патеписи, биографија, автобиографија и критики, а пишувал и драми, од кои некои беа изведени во текот на неговиот живот со умерен успех. Неговите театарски дела се смета дека имаат длабоко влијание врз неговите подоцнежни романи и новели.

Живот[уреди]

Џејмс е роден во богато семејство во Њујорк. Неговиот татко, Хенри Џејмс постариот, бил еден од најпознатите интелектуалци во средината на деветнаесеттиот век во Америка. Во неговата младост Џејмс патувал меѓу Европа и Америка. Во Женева, Лондон, Париз, Болоња и Бон тој учел со ментори. На 19-годишна возраст тој накратко посетувал предавања во Хардвардскиот правен факултет, но повеќе претпочитал да чита литература отколку да студира право. Џејмс ја издал својата прва кратка новела по две години, Трагедија на грешката и се посветил на литературата. Во 1866-69 и 1871-72 тој бил соработник во Нацијатa и Атлантик мантли.

Од рана возраст Џејмс веќе ги прочитал англиските, американските, француските и германските литературни класици и преведените руски класици. Неговиот прв роман, Поглед и заштита (1871), бил напишан додека патувал по Венеција и Париз. По животот во Париз, каде објавувал за Њујорк трибјун, Џејмс се пресели во Англија во 1876, прво живеејќи во Лондон, а потоа во Рај, Сасекс. Во текот на неговите први години во Европа Џејмс напишал романи кои отсликуваат Американци што живеат во странство. Во 1905 Џејмс ја посетил Америка за првпат по дваесет и пет години и го напишал Џоли Корнер.

Помеѓу ремек-делата на Џејмс се наоѓа Дејзи Милер (1879), роман во кој истоимениот главен лик, младата, наивна Американка Дејзи Милер, ги наоѓа своите вредности во конфликт со европска софистицираност, и Портрет на дама (1881), каде повторно една млада Американка е жртва на нејзиниот провинцијализам во текот на нејзините патувања низ Европа. Бостанци (1886) е поставенa во времето на растечкото феминистичко движење. Што знаеше Мејзи (1897) прикажува тинеjџерка, која мора да избере помеѓу нејзините родители и старата грижлива воспитувачка. Во Крилјата на гулабот (1902) наследство ја уништува љубовта на двајца млади. Џејмс за неговото најсовршено дело го сметаше Амбасадори (1903). Неговата најпозната новела е Свртување на завртката, приказна со дух, каде прашањето за уништено детство ќе ја обземе една воспитувачка. Иако Џејмс е најдобро познат по неговите романи, неговите есеи се почесто ја привлекуваат публиката.

Помеѓу 1906 и 1910 година Џејмс ревидирал голем број од своите новели и романи за њујоршко издание на неговите комплетни дела. Неговата автобиографија Малото момче и останатите се појави во 1913 и била продолжена во Белешка на син и брат (1914). Третата книга Блиски години се појави по неговата смрт во 1917. Избивањето на Првата светска војна било шок за Џејмс и на 26 јули 1917 тој станал британски државјанин како декларација за верност на неговата усвоена држава и во знак на протест против одбивањето на Америка да влезе во војна. Џејмс доживеал срцев удар на 2 декември и починал во Лондон на 28 февруари 1916. Тој бил кремиран во крематориумот Голдерс Грин, а неговите посмртни останки се закопани во Кембриџ, Масачусетс.


Кариера во писма[уреди]

Џејмс рано воспостави преседан во својата писателска кариера. Неговото прво издадено дело било театарска критика "Госпоѓица Меги Мичел во делото Наметка на крикет "издадено во 1863, кое прикажува доживотен интерес во уметноста на еден глумец. Од рана возраст Џејмс читал, критикувал и учел од англиски, американски, француски, италијански, германски и (преведени) руски литературни класици. Во 1863, тој анонимно ја издаде својата прва кратка новела Трагедија на грешката.

Се до неговата педесетта година тој се издржувал од пишување, главно со објави во илустрирани месечни списанија во Соединетите Држави и Велика Британија, но по смртта на сестра му во 1892 неговите авторски права биле дополнувани со скромен придонес од семејниот имот во Сиракјуз, Њујорк.

Во подоцнежните години од неговиот живот неговите романи биле објавени во продолженија, во списанија пред да се издадат во книги. Тој, исто така, ги пишувал одредени делови месечно, како што налагале роковите, а немал можност за завршна преработка. За да го надополни својот приход тој исто така често пишувал за весници и од 1863 се до неговата смрт одржувал енергичен ред на објавување на разни теми и медиуми. Во неговата критика за белетристика, театар и уметноста, тој разви идеи во врска со хармонијата и соединувањето на уметностите. Напиша две долги биографии, два мемоара за неговото детство и долг дел автобиографија, 22 романи, вклучувајќи две недовршени книги поради неговата смрт, 112 новели со различна должина, петнаесет драми и многубројни актуелни есеи и патописи. Неговите биографи и критичари сметаат дека врз него извршиле влијание Хенрик Ибзен, Натаниел Хоторн, Оноре де Балзак и Иван Тургенев. Тој темелно ги преработувал своите главни романи и многу од негови новели за одбрани изданија, од кои дваесет и три книги ја формираа неговата уметничка автобиографија наречена ‘њујоршкото издание’, за да ги истакне неговите постојани врски со родниот град. Во неговиот есеј Уметност на прозата и како вовед на секоја книга од њујоршкото издание Џејмс ги опишува неговите погледи за уметноста на прозата, истакнувајќи ја важноста за реалниот опис на личности како што се видени и замислени преку очите на нараторот.

Во различни моменти од неговата кариера, Џејмс пишуваше драми, почнувајќи со пиеса за еден актер, кои биле пишувани за месечни изданија во 1869 и 1871 и драматизација на неговиот најпопуларен роман Дејзи Милер во 1882. Од 1890 до 1892 тој направи заеднички напор за комерцијално да успее во Лондонскиот театар, пишувајќи половина дузина драми, од кои романот Американецот, бил објавен како драматизација. Оваа претстава била изведувана неколку години од театар со репертоар кој одел на турнеи, кој исто така во Лондон бил многу ценет и почитуван, но Џејмс не заработи многу од тоа. За ова време останатите негови драми не биле напишани. Напорот бил направен со цел да ги подобри своите финансии, а по смртта на неговата сестра Алиса во 1892 имал скромен самостоен доход и ги прекинал неговите театарски напори. Во 1893, сепак тој одговори на барањето од актерот и воедно раководител Џорџ Александар за сериозна претстава за отворањето на неговиот обновен театар Театарот Св. Џејмс за кој Џејмс ја напиша долгата драма, Гај Домвил, која Џорџ ја режира. Имало голема врева вечерта, на отворањето на 5 јануари 1895, со свирење и викање од галеријата, кога Џејмс се поклонил откако последната завеса се спуштила, а авторот бил значително вознемирен. Инцидентот не се повторил, претставата добила добра критика и добро се прикажувала пет недели, а потоа била отстранета за претставата на Оскар Вајлд Важно е да се биде богумил, за која Александар мислел дека ќе има подобар успех во новата сезона. По стресот и разочарувањето од неговиот напор Џејмс инсистира да не пишува повеќе за театарот, но по неколку недели напишал краток расказ за театарот на Елен Тери. Ова стана пиеса со еден актер, Самерсофт, која подоцна ја преработил во новела Крајно опфаќање и потоа се прошири во долгометражна претстава, Високиот, која кратко се прикажуваше во Лондон во 1907, кога Џејмс направи уште еден заеднички напор за да пишува за театарот. Тој напишал три нови драми, две од нив биле во продукција кога во Лондон се затворија сите театри поради жалост за смртта на Едвард VII на 6 мај 1910. Обесхрабрен од нарушеното здравје и стресови од театарската работа, Џејмс не ги обновил неговите напори за театарот, но ги преработил неговите претстави во успешни романи. Неодобрено бил бестселер во Соединетите Држави кога бил објавен во 1911. Од 1890 до 1893, најангажиран со театарот, Џејмс напиша голем дел за театарска критика и му помагал на Елизабет Робинс и на други со преведувањето и продуцирањето на Хенрик Ибзен за првпат за Лондонскиот театар.

Биографот Леон Едел бил првиот кој обрнал внимание на важноста на ‘театарските години’ 1890-1895 за подоцнежните дела на Џејмс. По комерцијалниот неуспех на неговиот роман Трагична муза, во 1890 Џејмс се откажал од пишувањето романи и се посветил на кратка белетристика и драми, кои ги опиша како сродни форми. Меѓу 1890 и 1895, тој во неговите тетратки забележува и зацртува белешки и теми за скоро сите негови подоцнежни романи, кои прво ги започна како кратки раскази или драми. Структурата на неговите нови романи била живописни сцени според специфична смисла на Џејмс според структурата „сцена по сцена“ на француска претстава на класичен начин, и тој слободно ги претворал кратките раскази во драми и обратно. Употребата на свесноста на набљудувачот и смислата за дејството како изведба стана најобележано во белетристиката на Џејмс во и по 1890. Неуспевајќи да направи комерцијален успех во театарот и сметајќи дека стресот од театарската работа е тежок да се издржи, тој му се вратил на пишувањето долги романи во серијали, што повторно стана начин на добивање приход. Со неговиот нов личен приход тој одржувал селска куќа и соби во Лондон.

Леон Едел во неговата психоаналитичка биографија тврди дека Џејмс бил длабоко трауматизиран од вревата која го пречека Гај Домвил за време на отворањето и заради тоа тој западнал во долготрајна депресија. Според Едел, новите успешни романи биле резултат на еден вид самоанализа, изразена во белетристиката на Џејмс, која делумно го ослободила од неговите стравови. Биографите и научниците не го прифатија овој исказ, туку оној на Ф.О. Метхајзен, кој напиша: "Наместо да биде уништен од пропаѓањето на неговите надежи [за театарот]... тој почувствува оживување на нова енергија".

Џејмс се врати во Соединетите Држави во 1904-1905 на турнеја за предавање да се зајакне финансиски и да го посети неговото семејство.

Неговите есеи кои ја опишуваат таа посета, објавени како Американска сцена, најверојатно биле неговите најзначајните дела со општествен коментар. Тој во нив го опишува подемот на економијата и демократијата, влијанието на слободното имигрирање на американската култура и неговото длабоко чувство дека американската националност била загрозена од овој пресврт.


Психолошка карактеризација[уреди]

Џејмс никогаш не се оженил, откако тој се сместил во Лондон се прогласил за ерген и редовно ги одбивал сугестиите за брак. По неговата смрт, критичарите шпекулирале за причината за неговото ергенството. Ф.В Дјупи, во неколку книги напишани за семејството на Џејмс, дава теорија дека Џејмс бил заљубен во неговата братучеда Мери (Мини) Темпл, но дека имал некој невротичен страв од сексот кој го чува од признавање како наклонетост: „Инвалидноста на Џејмс... беше симптом на некој страв или колебање за сексуалната љубов. Дјупи употреби дел од мемоарот на Џејмс Малото момче и другите, потсетувајќи се на слика од Наполеон во Лувр со што се илустрира романтизмот на Џејмс за Европа, и Наполеоновите фантазии во коо тој се губеше. Оваа анализа, се чини, ги поддржува критичарите Ван Вик Брукс и Верон Парингтон, кои го осудуваа Џејмс за прогонство и ги критикуваа неговите дела како женствени и не поврзани со корените. Леон Едел ова го употребил како воведен дел за неговата извонредна биографија, на која што работел многу години. Дјупи немал пристап до документи на семејството на Џејмс, но користел содржини од објавените мемоари од неговиот постар брат и од збирката на писма уредени од Перси Лабок, чија содржина тежи кон последните години од животот на Џејмс. Според Дјупи, Џејмс бил прикажан како човек кој од детството поминува во возрасен инвалид, следејќи го својот повозрасен брат. Како што поголем дел од материјалот им станувал достапен на научниците, вклучувајќи ги дневниците на современиците и стотина искрени и понекогаш еротски писма напишани од Џејмс за помлади мажи, сликата за невротичниот целибат се промени во онаа за таен хомосексуалец. Како што вели авторот Тери Иголтон, ‘…хомосексуални критичари дебатирале точно колку била прикриена неговата хомосексуалност Писмата на Џејмс со кои го прогонувал американскиот скулптор Хендрик Кристијан Андерсон привлекле големо внимание. Кога Џејмс имал 56 години, се запознал со 27-годишниот Андерсон во Рим во 1899. Џејмс му пишувал емотивни писма на Андерсон: ‘Те (чувам, имам, поседувам) најдраго момче во мојата најинтимна (најскриена) љубов и сметам на твоето чувство за мене – во секој дамар (дел) од твојата душа’. Во едно писмо до неговиот брат Вилјам, од 6 мај 1904, Џејмс се нарекува себеси како ‘секогаш твојот безнадежен целибат иако шеесетгодишен Хенри. Колку бил точен овој опис е предмет на мислење меѓу биографите на Џејмс, но писмата до Андерсон некогаш биле квази-еротски: ‘Ја ставам, мое драго момче, мојата рака околу тебе и го чувствувам (немирот, пулсот), за нашата прекрасна иднина и твојата надареност за восхит. До Хауард Стругис, неговиот хомосексуален пријател, Џејмс напишал: ‘Јас повторувам, отворено дека би можел да живеам со тебе. Во меѓувреме само ќе се обидам да живеам без тебе. Џејмс се смета себеси како ‘љубовник’ во писмата упатени до младите мажи (хомосексуалци). Џејмс им пишувал на младите мажи кои претпоставувал дека се хомосексуални или бисексуални, кои всушност биле голем дел од неговите блиски пријатели. Во писмо до Хауард Стургис, за следната долга посета Џејмс шеговито упатува за нивната ‘весела, мала средба за двајца. Во писма до Хју Валпол, Џејмс продолжува со игра на зборови за нивниот однос, опишувајќи се себеси како слон кој ‘те гали, ох толку љубезно’ и завршува за Волпол, неговата ‘добра важна стара сурла’. Неговите писма до Волтер Бери испечатени од Црно сонце печатница долго време биле прочуени по нивната лесно скриена еротика.

Сепак, Џејмс и пишуваше на својата пријателка – писателката Луси Клифорд: ‘Најдрага Луси! Што да кажам? Кога те сакам толку многу и те гледам девет пати за еднаш што ќе ги видам Другите! Затоа јас мислам дека – доколку сакаш да се разјасни до најзначајна интелектуалност – Те сакам тебе повеќе отколку што ги сакам Другите. Во друг пример тој и пишува на неговата пријателка од Њу Јорк, Мери Кадваладер Џонз:

Моја најдрага Мери Кадваладер. Јас копнеам за тебе, но залудно копнеам; и твојот долг молк навистина ми го крши срцето, збунува, обесхрабрува, скоро ме шокира, дури ме прави да се помислам дали слабата совесност и приврзан стар Келимаре (нагалено име што Џонз го употребуваше за Џејмс) ‘направила’ нешто во некој темен сомнамбулизам од духот, кој ти ... создаде лош миг, или погрешен впечаток, или ‘шарен изговор’ Како и да е, тој те сака толку многу како и секогаш; ништо, до крајот од времето, не ќе го оттргне од тебе и ќе се сеќава на оние Единаесетте Св. утрински интимни саати, оние телефонски матинеа, како најромантични од неговиот живот...

Неговото пријателство со американската писателка Констанца Фенимор Вулсон, во чија куќа живеел повеќе недели во Италија во 1887 и неговиот шок и тага од нејзиното самоубиство во 1894, се опишани во делата во биографијата на Леон Едел и играат централна улога во проучувањето на Линдол Гордон. Едел претпостави дека Вулсон бил заљубен во Џејмс и дека се самоубила поради неговата рамнодушност. Врз основа на мислењето на Едел, Гордон шпекулира дека Џејмс се чувствувал виновен за саботажа на работата на Вулсон. Биографите на Вулсон силно го демантираа мислењето на Едел и го опишаа Џејмс како пријател кој ја усоврши кариерата на Вулсон. Новик, во неговите поскорешни мислења тврди дека со дадените докази покажува дека Џејмс страдал од силни емоции поттикнати од наводното самоубиство на пријател и колега, но немало никаков доказ дека Вулсон бил заљубена во него ниту дека тој бил причина за нејзината смрт.


ДЕЛА[уреди]

Стил и Теми[уреди]

Џејмс е еден од најзначителните фигури за трансатлантската литература. Неговите дела често контрастираат ликови од Стариот Свет (Европа), остварувајќи феудална цивилизација која е прекрасна, често лоша, корумпирана и примамлива, и од Новиот Свет (Соединетите Држави) каде луѓето често се наметливи, отворени и сигурни и изразуваат влијанија – слобода и уште поголема развиеност на моралниот карактер – на новото американско општество. Џејмс го истражува овој судир на личности и култури во приказните на лични односи каде се применува силата на доброто или лошото. Неговите главни јунаци често се млади Американки кои се соочуваат со обесправеност или злоупотреба, како што неговата секретарка Теодора Бозанкет забележа во нејзината монографија Хенри Џејмс на работа:

Кога избега од засолниште од неговото истражување и влезе во светот и погледна околу него, тој виде место на мачење каде суштествата постојано ги забиваат своите канџи во треперечкото месо на несреќниците, беспомошни деца на светлината... Неговите романи се откривање кое ја повторува оваа лошотија, многукратна и страствена молба за целосна слобода на развојот, незагрозен од безгрижна и варварска глупавост. Критичарите шеговито опишале три фази во развојот на прозата на Џејмс: ‘Џејмс Првиот, Џејмс Вториот и Стариот Симулант и набљудувачите често ја групираат неговата белетристика во три периоди. Во неговите ученички години, кулминирајќи со ремек-дело Портрет на дама, неговиот стил бил едноставен и директен (според стандардите за пишување на Викторијанско списание), а тој исто така многу експериментира со форми и методи, главно раскажувајќи од вообичаена сезнајна точка. Заплетите едноставно се за романса, освен за трите големи романи со општествен коментар со коиавршува овој период. Во вториот период, како што е погоре забележано, тој го напушта романот и од 1890 до 1897 тој пишува кратки раскази и драми. За крај, во неговиот трет и последен период тој му се врати на долгиот роман во продолженија. Почнувајќи во вториот период, но позабележително во третиот, тој се повеќе ја избегнува директната изјава поради чести двојни негации и комплексната описна метафорика. Поединечни параграфи течат од страна на страна, каде што една именка би била продолжена со заменки обиколени со придавки и предлози далеку од нивните оригинални референти и глаголите би биле одложени и претходени од серија прилози. Целосниот ефект би можел да биде јасен признак на сцена како што би била гледана од емоционален набљудувач. Со интензивниот фокус на свеста на неговите главни ликови, подоцните дела на Џејмс предвестуваат голем развој на белетристиката од 20 век.Во негово време и многу подоцна многу читатели го наоѓаат подоцниот стил сложен и непотребен; неговиот пријател Едит Вартон, кој многу го почитувал, вели дека во неговите дела имало делови кои биле неразбирливи. Х.Г. Велс грубо го опиша Џејмс како нилски коњ кој напорно се труди да фати зрно грашок што заглавило во ќошот од некој кафез. Некои критичари сметаат дека посложениот начин на изразување бил последица на тоа дека Џејмс почнал да и диктира на секретар. Тој имал маана и пелтечел надоместувајќи со зборување бавно и намерно. Подоцниот стил станува потежок во годините каде што диктира, но Џејмс исто така можел значително да ги прегледува напишаните примероци, неколку од неговите преживеани нацрти покажуваат дека подоцните дела се повеќе прегледани и преправени. Во некои случаи критичарите ја преферираат пораната, непрецртана верзија на некои дела затоа што се мисли дека постариот стил е поблизок до оригиналниот концепт и дух на делата, на пример, Дејзи Милер: повеќето од сегашните печати на овој роман содржат неизменет текст. Од друга страна, подоцниот преглед на раниот роман Портрет на дама, е попрефериран отколку првото издание, дури и од оние кои не го сакаат подоцниот стил, поради силата на метафориката и длабочината на опишување, додека неговата, подоцнежна, пократка белетристика како на пример Свртување на завртката се смета за многу прифатлива и останува популарна кај читателите.

Многу важно за неговата работа во целост би можел да биде неговиот статус на иселеник, или со други зборови странец кој живее во Европа. Поради тоа што бил од средната класа и провинцијална припадност (гледано од перспективата на учтивото општество на Европа) тој напорно работел за да стекне пристап до сите нивоа на општеството, а околината во неговата белетристика варира од работничката класа до аристократијата и често се опишани напорите на Американците од средната класа да се пробијат во европските главни градови. Тој признал дека некои од неговите најдобри идеи за раскази ги добил од озборувањата од вечерите или викендите на куќниот имот. Тој работел за просечен живот и имал недостиг на искуство од избрани училишта, универзитети и од војска, вообичаени врски во машкото општество. Според актуелни стандарди на Викторијанската ера на англо-американската култура, тој бил човек чии вкусови и интереси биле прилично женствени и кој бил скриен со облак на предрасуди кои тогаш и подоцна биле проследени со сомневања за неговата хомосексуалност. Едмунд Вилсон ја споредува објективноста на Џејмс со таа на Шекспир:

Џејмс би бил подобро ценет доколку се спореди со драмски писатели од седумнаесеттиот век – Расин и Молиер, на кои Џејмс им наликува по форма и по гледна точка, па дури и со Шекспир, кога е дозволено да се направат најекстремните разлики по форма и содржина. Овие поети не се како Дикенс и Харди, писатели на мелодрама – хумористични или песимисти, ниту пак секретари на општеството како Балзак, ниту пророци како Толстој: тие се преокупирани со претставувањето на конфликтите на моралниот карактер, кои не се обидуваат да ги омекнат или да ги спречат. Тие не го обвинуваат општеството за овие ситуации: тие ги сметаат за универзални и неизбежни. Тие ниту го обвинуваат Господ што ги дозволил: тие ги прифаќаат како појави на животот.


Исто така, можно е да се видат многу приказни на Џејмс како психолошки промислени експерименти. Портрет на дама можеби е експеримент да се види што ќе се случи кога идеалистичка млада жена одеднаш станува многу богата. Во многу негови приказни, ликовите изгледаат како да ги илустрираат различните одлики и можности како што е забележително во Џоли Корнер, каде што главниот лик и неговиот дух живеат заеднички американски и европски живот; како и во други, на пример Амбасадори, постариот Џејмс изгледа склон да се почитува себеси помлад соочувајќи се со критичен момент.


Главни романи[уреди]

Иако кој било избор на роман на Џејмс како ‘главен’ значително до некоја мера зависи од лични преференции, во поглед на многу критичари, следните книги ја достигнале оваа важност меѓу неговите дела. Џејмс веруваше дека романот мора да е органски.Делови од романот треба да се заедно и врската мора да одговара на формата.Ако читателот ужива во уметничкото дело или во дел од пишувањето тогас тој мора да биде во можност да објасни зошто.Самиот факт дека секој читател има различен вкус помага во верувањето дека уметниците треба да имаат уметничка слобода да пишуваат на било кој начин што ќе го избераат да зборуваат за предмет што мозе да предизвика интерес кај сите. Првиот период во белетристиката на Џејмс, се сметало дека кулминира во Портрет на дама, сконцентриран на разликата меѓу Европа и Америка. Стилот на овие романи главно е едноставен и карактеристичен за нормите на белетристиката од 19 век. Родерик Хадсон (1875) е Канстлероман кој го оцртува развојот на насловниот лик, навистина талентиран скулптор. Иако книгата покажува знаци на незрелост – овој роман беше прв сериозен обид за долг роман – има привлечено позитивни коментари поради јасната реализација на првите главни улоги: Родерик Хадсон, неверојатно надарен, но нестабилен и недоверлив, Рауленд Малет, пријател и чувар на Родерик кој е ограничен и многу позрел и Кристина Лајт, една највосхитувачка и страшна фатална жена на Џејмс. Кажано е дека Хадсон и Малет ги претставуваат двете страни на Џејмс: дивиот креативен уметник и млад совесен ментор.

Иако во Родерик Хадсон се прикажани повеќе американски ликови во европска околина, Џејмс ја направи разликата меѓу Европа и Америка уште повеќе експлицитна во неговиот нареден роман. Всушност, разликата може да се смета за главна тема во Американецот (1877). Оваа книга е комбинација на општествена комедија и мелодрама во врска со авантурите и незгодите на Кристофер Њуман, Американец, всушност добродушен, но прилично невешт бизнисмен за првпат на турнеја во Европа. Њумен бара свет кој е различен од едноставниот, строг и реален во американскиот бизнис од 19 век. Тој се среќава со убавата и грдата страна на Европа и од тоа учи да не ги зема двете страни здраво за готово.

Џејмс го напиша Плоштадот во Вашингтон (1880), лажно едноставна трагична комедија во која се раскажува конфликтот помеѓу глупава, но слатка ќерка и нејзиниот брилијантен татко кој доминира. Книгата често ја споредуваат со делата на Џејн Остин поради јасноста и грациозноста на прозата и силниот фокус на семејни односи. Џејмс не бил особено ентузијаст за Џејн Остин, затоа можеби не ја ценел споредбата како пофалба. Всушност, Џејмс не бил ентузијаст за книгата Плоштадот во Вашингтон. Се обидел да ја препрочита за содржината во Њујоршкото издание на неговата белетристика (1907-09), но открил дека не може. Затоа го исклучил романот од изданието. Но, други читатели доволно уживале во книгата за да биде една од попопуларните дела во целиот Џејмсов канон.

Во Портрет на дама (1881) Џејмс ја заврши првата фаза од неговата кариера со роман кој остана да биде негова најпопуларна долга белетристика. Приказната е за енергична млада Американка, Изабел Арчер, која "ја наградува нејзината судбина" и ова го наоѓа како неодоливо. Таа наследува голема сума на пари и подоцна станува жртва на макијавелистичка интрига од американски иселеници. Приказната главно е поставена во Европа, особено во Англија и Италија. Портрет на дама, се смета за ремек-дело од неговата рана фаза, романот е опишан како психолошки, истражувајќи го умот на неговите ликови, скоро како дело за општеството –истражувајќи ги разликите меѓу Европејците и Американците, стариот и новиот свет.

Џејмс ја напиша Бостонците(1886), горко слатка трагедија која се фокусира на: Базил Рансом, строг политички конзервативец од Мисисипи, Олив Ченслер, братучед на Ренсом и посветен феминист од Бостон и Верена Тарант, убава штитеничка на феминистичкото движење на Олив. Приказната раскажува за натпреварот помеѓу Ренсом и Олив, за верноста и љубовта кон Верена, но сепак романот вклучува широка панорама на политички активности, луѓе од печатот и ексцентрици.

Џејмс продолжи со Принцезата Касамасима (1886), приказна за интелигентен, но збунет млад укоричувач на книги од Лондон, Хијацинт Робинсон, кој ќе биде инволвиран во левичарската политика и во терористички атентаторски заплет. Книгата е осамена во Џејмсовиот опус за справување со ваква насилна политичка тема. Но, често се споредува со Бостонци, која содржи политички прашања и проблеми.

Само што Џејмс започнувал со неговиот ужасен обид да го освои театарот, тој ја напиша Трагична муза (1890). Овој роман нуди широка, весела панорама на англискиот живот и го следи среќниот живот на двајца кои сакаат да бидат уметници: Ник Дормер, кој се двоуми помеѓу политичка кариера и неговите напори да стане уметник и Миријам Рут, глумица која се стреми за уметнички и комерцијален успех. Голем дел од споредните ликови му помагаат и ги отежнуваат нивните цели. Книгата го одразува интересот на Џејмс за театарот и често се смета за крај на втората или средната фаза од неговата кариера.

По неуспехот на неговиот "експеримент со драма" Џејмс продолжи со белетристиката и почна да ја истражува потсвеста на неговите ликови. Неговиот стил почна да се усложенува за да и даде поголема длабочина на неговата анализа. Пленот на Појнтон (1897) е роман од средна големина која ја опишува борбата помеѓу Госпоѓа Герет, вдовица со беспрекорен вкус и железна волја, и нејзиниот син Овен, за куќата полна со драгоцен и старински мебел. Поголем дел приказната е прикажан од гледната точка на Фелда Веч, младата дама заљубена во Овен, но пријатна кон Госпоѓата Герет која страда од загубата на старинскиот мебел кој таа внимателно го собира.

Џејмс продолжи со вклучување на повеќе психолошки пристап во неговата белетристика со Што знаеше Мејзи (1897), приказна за чувствителната ќерка на разведени и неодговорни родители. Романот има огромно современо значење како цврст приказ на дисфункционално семејство.

Третиот период во кариерата на Џејмс постигна најзначаен успех во три романи кои биле објавени по преминувањето во другиот век. Критичарот Ф.О. Метхајзен ја нарече оваа "трилогија" најважната фаза на Џејмс и се разбира овие романи беа интензивно критички проучени. Второ-напишаната Крилата на гулабот (1902) била прва објавена. Овие романи раскажуваат за Милер Тејлер, Американка-наследничка која е погодена со сериозна болест и нејзиното влијание на луѓето околу неа. Некои од овие луѓе се спријателуваат со Мили со благородни мотиви, додека други се повеќе заинтересирани за себе. Џејмс во неговите автобиографии потврди дека Мили е роман кој е базиран на Мини Темпл, неговата најсакана братучеда која почина на рана возраст од туберкулоза. Тој кажува дека се обиде романот да го содржи нејзиното сеќавање ‘во убавина и достоинство на уметноста.

Следниот од трите романи кој бил објавен е Амбасадори (1903), мрачна комедија која го следи патувањето на главниот јунак Луис Ламберт Стретер во Европа во потрага по тврдоглавиот син на неговата свршеничка. Стретер треба да го врати младиот човек назад во семејниот бизнис, но тој се среќава со неочекувани компликации. Приказната која се раскажува во трето лице ексклузивно е раскажана од гледна точка на Стретер. Во неговиот вовед до Њујоршко издание за романот, Џејмс ја постави оваа книга на врвот од неговите успеси, и предизвика неколку критички несогласувања. Златниот пехар (1904) е сложено, напнато проучување на брак и прељуба која ја комплетира "најзначителната фаза" и главно кариерата на Џејмс. Книгата ја истражува испреплетеноста на врските помеѓу татко и ќерка и нивните сопружници. Романот длабоко и делумно ексклузивно се фокусира на потсвеста на главните ликови, со повремени опсесивни детали и моќен увид.


Пократка проза[уреди]

Џејмс особено бил заинтересиран во тоа што го нарекувал ‘прекрасна и благословена новела’, подолгата форма на кратки раскази. Покрај тоа, тој напишал голем број многу кратки раскази со кои постигна забележително збиено прикажување на понекогаш сложени теми. Следните прозни дела се претставници на успехот на Џејмс во пократки форми на белетристиката.

Како што разликата меѓу Европа и Америка била најистакната тема во раните романи на Џејмс, многу од неговите први кратки прозни дела исто така го прикажуваат конфликтот меѓу Стариот Свет и Новиот. Во Страсниот аџија (1871), најраната белетристика која Џејмс ја вклучува во Њујоршко издание, разликите меѓу Америка и Европа избиваат во отворен конфликт кој води до тажен ироничен крај. Техниката на раскажување се уште изгледа некако неискусна, со делови опишани во боите од околината, кои повремено го прекинуваат текот на нарацијата. Но Џејмс успева да направи интересен и реален пример на тоа што тој би го нарекол "американско - европска легенда".

Џејмс објави многу кратки прозни дела пред она што се докажа како негов најдобар успех со читателите од неговото време, Дејзи Милер (1878). Овој расказ наликува на збунето додворување на насловниот лик, опуштена Американка, од Винтерборн, од нејзин сонародник со многу поголема префинетост. Неговата борба по Дејзи е попречена од нејзиното флертување кое не го одобруваат нивните пријатели кои ги запознале во Швајцарија и Италија.Нејзиниот недостаток на разбирање на општествените обичаи на општеството во кое таа очајно посакува да влезе, води до трагедија.

Како што Џејмс понатаму продолжи со проучување на европско-американскиот судир и американското девојче во неговите романи, неговите пократки дела исто така истражуваат нови предмети во 1880-тите години. Делата на Асперн (1888) е еден од најпознатиte и најприфатени подолги приказни на Џејмс. Приказната е базирана на анегдота која Џејмс ја имаше слушнато, за љубител на Шели, кој се обидел да набави неколку вредни писма напишани од поетот. Поставена во брилијантно опишана Венеција, приказната ја покажува способноста на Џејмс да произведе скоро неподнослива неизвесност и истовремено да не го запоставува развојот на неговите ликови. Друг одличен пример од средната фаза на кариерата на Џејмс во пишување на кратки приказни е Учениците (1891), приказната за претпазливо момче кое расте во лажно и нечесно семејство. Тој се спријателува со неговиот тутор, кој е единствениот возрасен во неговиот живот на кој може да му верува. Џејмс ја претставува неговата врска со разбирање и увид, а приказната достигнува, како што некои сметаат, статус на класична трагедија.

Во Олтар на мртвите за прв пат објавено дело во колекцијата на Џејмс Завршетоци во 1895 откако приказната не доживеа да биде објавена во списание, се зборува за приказна за значајноста на животот и смртта. Приказната истражува како главниот лик се обидува да го одржува сеќавањето на неговите почитувани пријатели, за да ги спаси од целосен заборав во брзиот тек на секојдневни настани. Тој се среќава со жена која ги дели неговите идеали, само да открие дека минатото е така како што изгледа и е неминлива бариера помеѓу нив. Иако Џејмс не бил религиозен во каква било конвенционална смисла, приказната прикажува длабока спиритуалност во неговиот третман на смртноста и извонредната моќ на несебичната љубов.


Последната фаза за кратки расказина Џејмс, ги покажува истите карактеристики како и неговата последна фаза на романи: поинволвиран стил, подлабок психолошки пристап и поостар фокус на неговите главни ликови. Неговата најпопуларна кратка современа новела најверојатно е Вртење на завртката (1898), приказна за дух која стана лесно податлива за оперна и филмска адаптација. Со нејзината двосмислена содржина и моќна раскажувачка техника, приказната го предизвикува читателот да реши дали главниот лик, неименувана гувернанта, точно ги пренесува настаните или се работи за недоверлива невротична фантазија. За повеќе да се заматат водите нејзиниот писмен исказ за искуството како како вметната приказна – е прочитано многу години подоцна за време на Божиќна домашна забава од некој кој тврди дека ја познава. Ѕверот во џунглата (1903) скоро универзално се смета за негов најизвонреден краток расказ и често се споредува со Амбасадорите и со неговата медитација на искуства или недостаток од искуства. Приказната исто така содржи и универзални теми: осаменост, судбина, љубов и смрт. Параболата на Џон Марчер и неговата необична судбина зборува за секој што размислувал за вредноста и значењето на човечкиот живот. Помеѓу неговите последни трудови во кратки раскази, Џоли Kорнер (1908) е негов најдобар расказ со духови. Приказната ги опишува авантурите на Спенсер Брајдон кој ја демне веќе празната куќа во Њујорк каде што израснал. Брајдон се среќава со "сензација посложена од кога било порано, а согласна со разумот".


Научна литература[уреди]

Надвор од неговата белетристика, Џејмс бил еден од најзначајни литературни критичари во историјата на романот. Во неговиот класичен есеј Уметност на прозата (1884), тој е против непопустливи забрани за изборот на писателот на тема и метод на обработка. Тој тврди дека најшироката можна слобода во содржина и пристапот би помагалa да се осигури виталноста на прозното прикажување. Џејмс напишал многу вредни статии на критика за други писатели, типично за неговото промислено долго проучување на неговиот американски наследник Натаниел Хоторн. Кога го состави Њујоршко издание на својата белетристика во неговите последни години, Џејмс напиша серија воведи во кои ја подложи својата работа на истата потрага, одвреме-навреме на строга критика. За поголемиот дел од неговиот живот Џејмс негува амбиции за успех како драмски писател. Го претвори својот роман Американецот во претстава која ужива скромни посети од раните 1890-ти. Тој напишал околу 12-тина драми, од кои повеќето не биле реализирани. Неговата костимографска драма Гај Домвил доживеала ужасно отворањето во 1895, а Џејмс тогаш ги напушти своите напори за да го освои театарот и и се врати на белетристиката. Во неговите Бележници тој потврдува дека неговото театарско искуство придонесе за неговите романи и новели, помагајќи му да ги драматизира мислите и емоциите на неговите ликови. Џејмс напишал мал, но вреден број театарска критика, вклучувајќи забележителни пофалби за Хенри Ибзен. Со неговиот широк опсег на интереси за уметноста, Џејмс понекогаш пишува за визуелната уметност. Можеби неговата највредна добивка била неговата наклонетост кон испитување на пријателот иселеник Џон Сингер Саргент, сликар чиј критички статус забележително се подобри во последните декади. Џејмс исто така понекогаш пишувал шармантни статии за различни места кои ги посетил и во кои живеел. Неговите најпознати книги за патувања се: Италијански часови (пример за шармантниот пристап) и Американска сцена (сигурно на размислувачка страна).

Џејмс бил еден од највеличествените пишувачи на писма од кое било време. Повеќе од десет илјади од неговите лични писма постојат, а повеќе од три илјади биле објавени во голем број на колекции. Комплетно издание од писмата на Џејмс било објавено во 2006 во две книги покривајќи го периодот 1855-1872, уредени од Пиер Волкер и Грег Чакриес. Соработниците на Џејмс се славни современици како што се Роберт Луис Стивенсон, Едит Вартон и Џозеф Конрад, а покрај нив и многу други во неговиот широк круг на пријатели и познаници. Писмата се движат од "вистински глупости на грациозноста" до сериозни дискусии за уметници, општествени и лични проблеми. Многу подоцна во неговиот живот Џејмс започна серија автобиографии: Малото момче и другите, Белешки на синот и брат и недовршената Блиски години. Овие книги го насликуваат развојот на класичниот набљудувач кој страствено бил заинтересиран за уметничка креација, но бил резервиран за потполно учество во животот околу себе.

Хенри Џејмс имал само дваесет и две години кога ја напиша Благородна школа за белетристика за првото издание на Нациите, во 1865. Тој вкупно напишал над двесте есеи и книги, уметнички и театарски осврти за списанија.


Прифаќање[уреди]

Обработка на критика, биографија и белетристика[уреди]

Делата на Џејмс останаа континуирано популарни со ограничената публика на образовани читатели со кои зборувал во текот на неговиот живот, а цврсто остана во британскиот литературен канон, но по неговата смрт, американските критичари, како на пример Ван Вик Брукс, изразиja непријателство кон долгата експатријација на Џејмс и евентуалната натурализација како британски жител. Други критичари, како Е.М. Форстер се побунија за нагласувањето на секс и друг контроверзен материјал кај Џејмс и го негираат неговиот стил како тежок и нејасен, кој цврсто се држи за крајно долги реченици и претеран латински јазик. Вернон Педингтон, составувајќи го канонот на американската литература, го осудува Џејмс за тоа што се исклучил од Америка. Хорхе Луис Борхес за него напишал: "Без оглед на нерешителноста и деликатните заплети на Џејмс, неговите дела страдаат од голем дефект: отсуството на живот."

Без оглед на овие критики, Џејмс сега се цени за неговиот психолошки и морален реализам, неговото авторитативно создавање на ликови, неговата дискретност на разигран хумор и неговото сигурно владеење со јазикот. Во неговата книга од 1983 Романите на Хенри Џејмс, Едвард Вагнекс нуди мислење кое го повторува тоа на Теодора Бозанкет:

"За да бидеш целосно одличен", Хенри Џејмс напиша во ран преглед, "уметничкото дело мора да го подигне срцето" и неговите романи го прават ова до извонреден степен... Повеќе од шеесет години по неговата смрт, големиот романсиер, кој понекогаш признава дека нема никакви мислења, веројатно стои во големата христијанска, хуманистичка и демократска трагедија. Мажите и жените (читателите), кои во екот од Втората светска војна ги преплавија продавниците за користени книги знаеја што сакаат. Никогаш ниту еден писател похрабаро не подигнал знаме за сите кои ја сакаат слободата.

Претходни биографи за Џејмс создадоа негативна слика за него врз основа на раната критика. Како што е споменато претходно, Ф.Б. Дјупи го карактеризира Џејмс како нервозен, повлечен и плашлив и иако тој немал пристап до основните материјали, неговиот поглед остана убедлив во академските кругови, делумно затоа што големото дело од пет книги на Леон Едел, објавено во 1972, билаподдржана со широка документација. Работејќи од првобитните материјали, Мајкл Анеско, Фред Каплан и Шелдон Новик, го бранат вистинското основно мислење на Дјупи и Едел. Други критичари и биографи ги оспоруваат интерпретациите и заклучоците на Едел. Џејмс исто така е претставен во најмалку шест романи. Колм Тоибин употреби голема листа на биографии од Хенри Џејмс и неговото семејство за неговиот широк восхитуван роман во 2004, Господар, кој е приказна раскажана во трето лице со Џејмс како главен лик и зборува за специфични епизоди од неговиот живот во периодот меѓу 1895 и 1899. Автор, автор, роман од Дејвид Лоџ, објавен истата година, е базиран на напорите на Џејмс за освојувањето на театарот во 1890-тите. Во 2002, Ема Тенант ја објави книгата Прекршок: Приватна историја на Трудовите на Асперн, роман кој ја измисли врската помеѓу Џејмс и американска писателка Констанца Фенимор Вулсон и можните влијанија од таа врска во Трудовите на Асперн.


Објавената критика за делата на Џејмс достигна огромна слава. Книгата за критиката на Вртењето на завртката самата стана многу голема за толку кратко дело. Преглед на делата на Хенри Џејмс, објавувано три пати годишно, нуди критика за целиот асортиман на делата на Џејмс но и многу други статии и проучувања редовно се појавуваат. Некои прирачници од овој опширен опус можат да се најдат на надворешните страни забележани подолу.


Наследство[уреди]

Можеби најпроминентни примери на записите на Џејмс во последните години биле филмските верзии на неколку негови романи и приказни. Три од неговите романи биле снимени од тимот на Исмаил Меркхант и Џејмс Ајвори: Европејци (1978), Бостонци (1984) и Златниот пехар (2000). Лајан Софтли – директна верзија на На крилата на гулабот (1997) помина успешно кај критичарите и публиката. Хелена Бонам Картер ја доби наградата на Академијата, номинирана за најдобра актерка за нејзината улога како Кејт Крау. Плоштадот во Вашингтон (1997) на Агниеска Холанд беше добро примена од критичарите и Џејн Кемјон си ја проба среќата со Портрет на дама (1996), но со помалку успех. Во претходните години Невините (1961) од Џек Клејтон ја донесе Вртењето на завртката до вистински живот на филм и Наследничката (1949) на Вилијам Вајлер, адаптирано од Плоштадот во Вашингтон, доби четири награди на Акадамијата, вклучувајќи награда за најдобра актерка за Оливија Де Хавиленд како Кетрин Слаупер.

Повеќето од делата на Џејмс останаа во печатена форма по своето прво објавување и тој продолжува да биде главна фигура во реалистичката белетристика давајќи им влијание на многу генерации писатели. Признавајќи ја неговата важност, лик со име ЌХенри Џејмс" се појавува во најмалку шест романи, како што е забележано погоре, најпозната е Господарот Колм Тоибин. Толку неспоредни писатели како Џојс Керол Оутс со Жителите во куќата на Блу (1994), Луис Очинклос со Амбасадорка (1950), Том Стопард со Реални нешта (1982) и Ален Холингхрст со Линија на убавина (2004), биле под експлицитно влијание на делата на Џејмс. Џејмс дефинитивно бил најдобар во својот елемент кога станува збор за музика, но оперската верзија на Вртењето на завртката на Бенџамин Бритен (1954) стана еден од најпопуларните дела од композиторот. Вилјам Такет ја претвори приказната во балет во 1999.

Дури кога влијанието не е толку очигледно, Џејмс може да фрли моќна магија. Во 1954, кога сенките на депресијата брзо се згуснуваа, Ернест Хемингвеј напишал емотивно писмо каде се обидел да се смири, како што мислел дека Џејмс би направил: ‘Многу скоро ќе морам да го исфрлам ова, па затоа треба да бидам смирен како Хенри Џејмс. Дали воопшто си го прочитал Хенри Џејмс? Тој бил извонреден писател кој дошол во Венеција и гледаше низ прозорецот и пушеше цигара и мислеше.’ Чудната, можеби потсвесна или случајната алузија на Трудовите на Арспен е извонредна. И навистина има невообичаеност, како во рекламата за Ролз Ројс, која ги употребува популарните зборови на Стретер: "живеј колку што можеш, грешка е ако не е така." Тоа е повеќе иронично, имајќи го предвид циничниот пристап во Амбасадорите за ‘големата нова сила’ на рекламирање.

Наводи[уреди]