Константин II (владетел)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Константин II
Constantius II.jpg
римски император
Роден 316 година
Арлес
Починал 340 година
Акуилеја

Флавиј Клаудиј Константин (лат.Flavius Constantinus),(ok.316- 340 год.) е византиски император, син на Константин Велики и Фауста. Во 317 година е прогласен за цезар, а на седумгодишна возраст го придружува својот татко во војната со Сарматите. На десетгодишна возраст, по смртта на неговиот полубрат Крисп, е прогласен за управник на западниот дел од римското царство, поточно Галија, Шпанија и Британија. Во еден натпис од 330 година е титулуван како Alamannicus (Алеманик), што значи победник на Алеманите. По смртта на Константин Велики власта во империјата е поделена меѓу него и неговите браќа Константиј II и Констанс. Кога најмалиот син Констанс ќе стане полнолетен, Константин II ќе го нападне за да освои неговиот дел од империјата. По кратка борба меѓу обете браќа во Северна Италија, Константин ќе биде сардисан до Акуилеја, убиен, а неговото тело пронајдено во блиската река.

Солид на Константин II

Извори[уреди]