Кингстон (Норфолшки Остров)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Гат на крајбрежјето на Кингстон
Стариот затвор во Кингстон

Кингстон (англ. Kingston) е главен град на австралиската јужнопацифичка територија Норфолшки Остров. Меѓу позначајните знаменитости во местото се вбројуваат гробиштата, рушевините на домовите на офицерите (на Квалити Роу), владиниот дом, историската црква Сите Светители, Старата касарна и Новата касарна кадешто е сместена денешната управа на Норфолшкиот Остров, како и просториите на Законодавното собрание.

Населбата е на местото кадешто впловил Филип Гидли Кинг заедно со 22 доселеници (меѓу кои и 9 машки и 6 женски осуденици) на 6 март 1788, помалку од 2 месеца по основањето на британската колонија Нов Јужен Велс.

Гратчето е само административен и историски центар, но сепак игра суштинска улога во културата на островот. Де факто главниот град на островот е Бернт Пајн.

[уреди] Надворешни врски

29°4′S 167°58′E / 29.067°S 167.967°E / -29.067; 167.967

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици