Паго Паго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Паго Паго
Pago Pago
Поглед на дел од пристаништето на Паго Паго
Паго Паго се наоѓа во Американска Самоа
Паго Паго
Координати: 14°16′46″ ЈГШ 170°42′02″ ЗГД / 
Земја САД
Територија Американска Самоа
Надм. вис. 9 м
Население (2000)
 • Вкупно 11.500 жит.
Портал pagopago.com
Вишиот суд на Американска Самоа

Паго Паго (самоански: Pago Pago, [ˈpaŋo ˈpaŋo]) — главен град на Американска Самоа, со население од 11.500 жители (2000). Главни стопански гранки се туризмот, угостителството и конзервирањето на туна. Поврзан е со другите земји со Меѓународниот аеродром Паго Паго.

Историја[уреди]

Од 1878 до 1951 г., на местото на Паго Паго се наоѓала тогашната военоморнаричка станица „Тутуила“ која служела за дотур на гориво и поправка на бродовите на американската воена морнарица.

Во јануари 1942 г. пристаништето било нападнато од јапонска подморница.

На 29 септември 2009 г. се случил земјотрес кај Самоа и Американска Самоа, кој предизвикал цунами што го погодил Паго Паго и околните места. Бранот причинил умерени до посериозни штети на селата, објектите и возилата и непознат број на човечки жртви.

Географија[уреди]

Местото се наоѓа на островот Тутуила и впрочем претставува агломерација од поголем број на села долж источниот дел од брегот. Во Фагатого е сместено законодавството и судот, а Утулеи е седиште на извршната власт.[1]

Клима[уреди]

Паго Паго има клима од типот на тропска дождовна шума (Кепен: Af).

Образование[уреди]

Во градот има една јавна библиотека, која го носи името „Фелети Барстоу“.

Занимливости[уреди]

На периферијата на Паго Паго е сместен ресторан и ноќевалиште „Сади Томпсон“, прогласено за историско место на САД.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]


Шаблон:Главни градови на САД