Њујорк (сојузна држава)
Од Википедија, слободна енциклопедија
| Њујорк State of New York |
|||||||||||
|
|||||||||||
| Официјални јазици | нема | ||||||||||
| Главен град | Олбени | ||||||||||
| Најголем град | Њујорк Сити | ||||||||||
| Површина | 27. место | ||||||||||
| - Вкупно | 141 205 km² | ||||||||||
| - Широчина | 455 km | ||||||||||
| - Должина | 530 km | ||||||||||
| - % вода | 13,3 | ||||||||||
| - Латитуда | 40° 30′ N до 45° 1′ N | ||||||||||
| - Лонгитуда | 71° 51′ W до 79° 46′ W | ||||||||||
| Население | 3. место | ||||||||||
| - Вкупно | 18 976 457 | ||||||||||
| - Густина | 155,18/km² (6. место) | ||||||||||
| Надморска височина | |||||||||||
| - Највисока точка | Маунт Марси[2] 1 629 m |
||||||||||
| - Најниска точка | Атлантски Океан[2] 0 m |
||||||||||
| Влез во сојузот | 26 јули 1788 (11) | ||||||||||
| Гувернер | Елиот Спицер (Д) | ||||||||||
| Сенатори | Чарлс Шумер (Д) Хилари Родам Клинтон (Д) |
||||||||||
| Делегација на конгресот | Листа | ||||||||||
| Временска зона | Источна: UTC-5/-4 | ||||||||||
| Кратенки | NY US-NY | ||||||||||
| Веб-место | www.ny.gov | ||||||||||
Њујорк е сојузна држава во склоп на САД. Се простира во североисточниот дел од земјата. Главен град е Олбени, додека други поголеми градови се Њујорк, Бафало, Рочестер, Сиракјуз и други. Оваа држава се протега и на островот Лонг Ајленд.
Градот Њу Јорк претставува еден од најразвиените градови во истоимената држава. Тој е основан од страна на Холанѓаните во 1625 година под името „Нов Амстердам“. Овој град излегува на Атланскиот океан, што ја прави неговата местоположба многу поволна. Овој излез кон светот придонесува Њујорк да претставува многу важен град за трговијата. Во него се сместени бројни национални и интернационални бизнис центри и банки коишто се од големо значење за целиот свет. Низ срцето на оваа метропола се протега една од најпознатите улици во светот, а тоа е светски познатата Вол Стрит. Њујорк претставува важен град за емиграцијата. Во него се наоѓа интересен музеј за емиграцијата на Елис Ајленд.
[уреди] Белешки
- ↑ „New York State Motto“. New York State Library.
- ↑ 2,0 2,1 (29 април 2005). „Elevations and Distances in the United States“. U.S Geological Survey. [Страницата е посетена на 6 ноември 2006].
|
|
|||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||||

