Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Велес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Парохија Трета велешка
Местоположба

Карта

Место Велес
Општина Велес
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 14 век
Живопис 14 век
Архитектонски опис

Свети Никола — црква на југ од градот Велес, веднаш од десната страна на патот за Градско и реката Вардар.[1]

По својата архитектонска градба црквата е еднокорабна, мала по димензии, со тристрана апсида на исток и влез на западната страна. Истата е изградена од кршен камен и со наизменични хоризонтални и вертикални редови на делкан бигор и тула. Според начинот на градба оваа црква припаѓа на храмовите кои се карактеристични за нашата средновековна уметност главно до крајот на XIV век. Во поново време кон западната страна е додаден трем, а исто така и дел од апсидата е обновен. Од првобитниот фреско - живопис подобро се сочувани две композиции кои се наоѓаат во самата апсида и тоа: “Св. Богородица Ширшаја - Небес” и “Причестувањето на Апостолите”. Имајќи ги предвид изразените тенденции за оплеменување на фасадите, стилските и ликовни одлики карактеристични за живописот од XIV век, оваа црква е изградена и живописана во XIV век. Во периодот меѓу двете светски војни, во нишите на јужната и северната страна од наосот, се насликани ликовите на Св. Никола и Св. Архангел Михаил на вратата од иконостасот во 1939 година. Црквата е доста оштетена. Најмногу придонело тоа, што во времето кога се градела пругата Солун — Скопје — Приштина, во нејзина близина бил отворен мајдан на камен за потребите на пругата, а црквата била приспособена како магацин на железничката секција, во кој се чувале алатите на работниците. Последното нејзино поголемо реновирање и живопис настанал во 1921 година. Додека, пак во 1939 и 1940 година извршени се уште некои дополнителни зогравдисувања. Изгледа со овој последен живопис се премачкани и последните траги на претходниот од српското време. Од еден заостанат, испрекинат и деформиран текст може да се заклучи, оти тој се однесува на посветата на црквата на Св. Никола, но од него не може да се насети името на добротворот. Денес црквата служи како параклис слично на Маркова Меана.

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]