Хари Потер и Полукрвниот Принц (филм)
„Хари Потер и Полукрвниот Принц Harry Potter and the Half-Blood Prince“ | |
---|---|
Податотека:Harry Potter 6 Poster Movie.JPG Театарскиот постер | |
Режисер | Дејвид Јејтс |
Продуцент | Дејвид Хејмен Дејвид Барон |
Сценарист | Роман: Џ. К. Роулинг Сценарио: Стив Кловс |
Главни улоги | Даниел Редклиф Руперт Гринт Ема Ватсон Бони Рајт Џим Бродбенд Алан Рикмен Том Фелтон Хелен МекКрори |
Музика | Николас Хупер Темите од: Џон Вилијамс |
Кинематографија | Бруно Делбонел |
Монтажа | Марк Деј |
Студио | Heyday Films |
Дистрибутер | Warner Bros. |
Премиера | 15 јули 2009 [1][2] |
Времетраење | 153 минути[3] |
Земја | Обединето Кралство САД |
Јазик | англиски |
Буџет | £150 милиони ($250 милиони)[4] |
Претходен | Редот на фениксот |
Следен | Реликвиите на смртта |
Хари Потер и Полукрвниот Принц (англиски: Harry Potter and the Half-Blood Prince) е фантастично-авантуристички филм од 2009 заснован на истоимениот роман напишан од Џ. К. Роулинг. Филмот е шестиот дел од популарниот Хари Потер филмски серијал. Филмот е во режија на Дејвид Јејтс, режисерот на петтиот филм, Хари Потер и Редот на фениксот. Дејвид Хејмен и Дејвид Барон го продуцираат филмот,[5] а Стив Кловс, сценаристот на првите четири филма (но не и на петтиот), се враќа како сценарист на овој филм.[6] Снимањето е започнато на 24 септември 2007 и всушност било планирано премиерата да се одржи во ОК и Северна Америка на 21 ноември 2008,[6][7] но на 14 август 2008, е најавено дека датумот за прикажување на филмот е одложен за 17 јули 2009, но овој датум е подоцна променет на 15 јули 2009.[1][8] Отворачката секвенца од филмот ќе биде во 3-D.[9][10] За разлика од претходниот филм, овој пат филмот нема истовремено да биде прикажан во секојдневните кина и IMAX 3-D, поради Трансформери: Одмазда на паднатиот.[11] The film will instead be released in IMAX 3D on 29 јули, two weeks after its original release.[12]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Во декември 2007, Warner Bros. го издаде својот официјален краток синопсис:
Волдеморт го притегнува зафатот и на светот на волшебниците и на нормалните, а Хогвортс не е повеќе безбеден како што некогаш бил. Хари се сомнева дека многу опасности лежат во замокот, но Дамблдор е концентриран на тоа да го подготви за финалната борба за која знае дека се ближи. Заедно работат да го пронајдат клучот кои ќе ги отклучи тајните на Волдеморт, затоа Дамблдор го придобива својот стар пријател и колега, добро поврзаниот и неочекувано вонвивен професор Хорас Слагхорн, за кој верува има пресудна информација.
Во меѓувреме, учениците се под напад на многу различен противник со што тинејџерските хормони се шират низ бедемите. Хари сè повеќе е вовлекуван од Џини, како и Дин Томас. Лавандер Браун одлучува дека Рон е вистинскиот за нејзе, не сметајќи на чоколатцата на Ромилда Вејн. Потоа тука е и Хермиона, вриејќи од љубомора но одлучна да не ги искаже чувствата. Како што романста цвета, еден ученик останува на страна. Тој е одлучен да остави белег, иако мрачен. Љубовта е во воздухот, но трагедија лежи напред и Хогвортс можеби никогаш повеќе нема да биде ист повторно.[13]
Разлики од книгата
[уреди | уреди извор]Има безброј промени од книгата во филмот. Голем дел од крајот на книгата е променет, со кулминантната борба и погребот на Дамблдор целосно отстранети. Хејмен коментирал дека крајната битка е исфрлена за да се „(избегнат) репетиции“ со престоечката адаптација на Реликвиите на смртта. Погребот е отстранет бидејќи сметале дека не одговара со остатокот од филмот.[14] Уривањето на мостот на Нормалните кратко споменат во книгата служи како отворачка сцена во филмот.[15] Сцени од Дијагоналната уличка, со разурнување од Смртојадите и напад на Дувлото од Белатрикс Лестрејнџ и врколакот Фенрир Грејбек се додадени, како што може да се види во трејлерите. Сите но не и две сцени со сеќавањата, вклучувајќи го и тоа со Испиени се исфрлени. Само ретроспективи од Том Ридл во сиропиталиштето и разговорот на Ридл и Слагхорн за Хоркруксите, прикажани двапати, остануваат.[15] Јејтс вели дека тие донеле одлука да го смалат бројот на сеќавањата, но сепак „да имаат некои навистина добри“.[16] Во ликови кои се отфрлени спаѓаат Дарслиеви, Кричер, Доби, Бил и Флер, Руфус Скримџер, Корнелиус Фаџ и Премиерот на Нормалните. Како и да е, Квидичот[17], исклучен од минатиот филм, се враќа. Белатрикс Лестрејнџ исто така ќе учествува во борбата во астрономската кула, додека ја нема во книгата, видена на слика со Кауроеви и со Грејбек, славејќи ја смртта на Дамблдор. Во книгата, на Хогвортс Експрес, откако е парализиран и скриен под невидливата наметка од страна на Драко Малфој, Хари е спасен од Нимфадора Тонкс. Во филмот, Луна Лавгуд го спасува, користејќи ги своите Спектреспек очила за да го пронајде.[18]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Coming Sooner: Harry Potter Changes Release Date“. TVGuide.com. Архивирано од изворникот на 2009-04-18. Посетено на 2009-04-15.
- ↑ „Official Release Dates“.
- ↑ "Half-Blood Prince Runtime confirmed by several sources"
- ↑ Half-Blood Prince Production Budget. Посетено на 23 June 2009.
- ↑ Warner Bros. (23 март 2007). "Daniel Radcliffe, Rupert Grint and Emma Watson to Reprise Roles in the Final Two Installments of Warner Bros. Pictures' Harry Potter Film Franchise". Соопштение за печат. посет. 23 март 2007 г „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-08-05. Посетено на 2022-10-08.
- ↑ 6,0 6,1 Warner Bros. (16 ноември 2007). "Casting Is Complete on "Harry Potter and the Half-Blood Prince"". Соопштение за печат. посет. 16 ноември 2007 г
- ↑ „"Half-Blood Prince" Filming News: Threat of Strike to Affect Harry Potter Six?“. The Leaky Cauldron. 2007-09-19. Посетено на 2007-09-19.
- ↑ „The Harry Potter Shuffle: How 'Half-Blood Prince' Delay Affected Hollywood“. courant.com. 2008-11-20. Посетено на 2008-11-22.[мртва врска]
- ↑ https://archive.today/20120730010042/www.cinematical.com/2008/09/22/harry-potter-and-the-half-blood-prince-gets-the-3d-imax-treatm/
- ↑ „Harry Potter 6 Confirmed for IMAX“. ComingSoon.Net. [2008-03-15]. Архивирано од изворникот на 2008-03-16. Посетено на 2008-03-15. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ http://www.nytimes.com/2009/07/06/movies/06box.html?hp
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-25. Посетено на 2020-08-01.
- ↑ „Description & first official picture from 'Half-Blood Prince'“. Warner Bros. Entertainment Inc. Посетено на 2008-02-25.
- ↑ „Exclusive: David Heyman talks Dumbledore's funeral, Hogwarts battle & more“. SnitchSeeker. 2008-09-19. Архивирано од изворникот на 2008-09-20. Посетено на 2008-09-20.
- ↑ 15,0 15,1 Eric Scull (2008-09-07). „A test screening experience and review by Eric Scull“. MuggleNet. Архивирано од изворникот на 2013-05-27. Посетено на 2008-09-20.
- ↑ „Yates, Heyman talk HBP movie“. Veritaserum. 2007-07-09. Посетено на 2007-08-28.
- ↑ Chris Rhines (2008-11-26). „A preliminary look at the half blood prince movie that confirms a lot of details on the movie“.
- ↑ http://princewatchlist.ucoz.com/index/0-22
|