Џ. Д. Селинџер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г. (3), 1 год. → 1 г., 3 год. → 3 г., 9 год. → 9 г.
с →‎top: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: Infobox writer → Инфокутија Писател
Ред 1: Ред 1:
{{Инфокутија Писател
{{Infobox writer
| name = Џ. Д. Селинџер
| name = Џ. Д. Селинџер
| image = Salinger.jpg
| image = Salinger.jpg

Преработка од 11:24, 9 јули 2020

Џ. Д. Селинџер
фотографија од страна на Лот Џејкоби (1950)
Роден/аЏером Дејвид Селинџер
1 јануари, 1919 г.
Њујорк,
САД
Починат/а27 јануари, 2010 г. (91)
Корниш, Њу Хемпшир,
САД
ЗанимањеПисател
Период1940–1965
Значајни делаИгра во 'ржта (1951)
Девет приказни (1953)
Френи и Зуи (1961)
ДецаМаргарет и Мет Селинџер
Потпис

Џером Дејвид Селинџер (англиски: Jerome David Salinger, роден на 1 јануари 1919 - 27 јануари 2010) беше американски автор, најпознат по романот „Игра во 'ржта“ (The Catcher in the Rye), класична книга, којашто ужива огромна популарност од нејзиното печатење во 1951, па сè до денес.

Тој бил единственото машко дете на Сол и Мириам Селинџер. Таткото бил увозник на деликатесна стока и, според некои извори, син на кливлендски рабин. Неговата мајка по мажењето го сменила своето име Марија Џилиќ во еврејското Мириам.

Првата книга на Селинџер и единствениот роман кој го објавил, „Игра во 'ржта“, излегла од печат на 16 јули, 1951 г. На Селинџер му требале речиси 10 години да го напише ова дело, кое ги изразило сексуалните конфликти и егзистенцијални стравувања на младата генерација во повоена Америка, како и бунтот против лицемерноста и лагата во светот на главниот јунак, Холден Колфилд.[1]

Селинџер е можеби најчитаниот писател кој истовремено најмалку напишал, сѐ на сѐ, објавил четири книги проза, од кои само „Френи и Зуи“ (Franny and Zooey, 1961) донекаде го повторила огромниот успех на „Игра во 'ржта“. Писателот останал верен на својот јунак Холден. Неговиот изолиран начин на живеење станал легенда како и самото негово дело. Уште во 1953 г. се повлекол од Њујорк во својата колиба во планините Њу Хемпшир, а од 1965 престанал да објавува и за јавноста станал глувонем. Со него, со децении не било можно да се оствари контакт. Последното интервју го направил во 1980 г.

Наводи

  1. Скоу, Џон (15 септември, 1961). „Осврт кон делото“. Тајм. Посетено на 2007-04-12. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)