Холден Колфилд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Холден Колфилд
Holden Caulfield.png
Цртеж на Холден Колфилд
Прво појавување Игра во ’ржта
Создаден од Џ. Д. Селинџер
Информации
Пол машки
Занимање ученик
Семејство Колфилд
Партнер(и) Сали Хејс
Џејн Галагер
Роднини Феба Колфилд (сестра)
Ели и Д. Б. (браќа)
Националност Американец

Холден Колфилд е 17-годишниот главен лик од романотИгра во ’ржта“ на Џ. Д. Селинџер. Помеѓу читателите ужива статус на тинејџер кој одбива да порасне и е решен да ја задржи детската невиност. Веднаш по излегувањето на книгата во 1951 год. Холден станал синоним за адолесцентските сфаќања и бунт, и е еден од највпечатливите романескни ликови во американската литература на 20-тиот век. Освен во споменатото дело, Колфилд се појавува и во неколку други раскази од истиот писател.

Постојат некои мислења дека Селинџер го составил името на овој јунак спојувајќи ги презимињата на актерите Вилијам Холден и Џон Колфилд, кои се настапиле во филмотДраги Рут“ (1947). Но, ликот на Селинџер првпат се појавил во неговиот расказ „Јас сум луд“ (1945), година и пол пред да излезе филмот.

Изглед и психолошки профил[уреди]

Едни од најтипичните и највоочливи карактеристики на Холден Колфилд се неговите одвратност и гадење спрема лажното и лицемерно поведение на луѓето од неговото блиско опкружување. Неговите пренагласени подбивност и сарказам во однесувањето и говорот со ликовите со кои доаѓал во допир го прават во некоја мера непожелен во повеќето средини каде во даден момент се наоѓал. Она што го прави трагичен лик било тоа што тој поседувал некои од особините кои ги презирал. И неговиот физички изглед бил доста контрадикторен: Беше висок околу 190 цм, повеќе од просекот за неговата возраст, а неговото однесување повеќе наликуваше на 13-годишник отколку на зрел човек. Постојано паѓаше години во разни училишта, се нарекуваше себеси „клапчо“, но сепак покажуваше знаци на некаква интелигенција преку логичното расудување за настаните од неговото друштво. Идејата на книгата можеби била да се прикаже Холденовата критика кон општеството, кое не било способно да ја препознае неговата скриена остроумност.

Улога во „Игра во ’ржта“[уреди]

Холден Колфилд е главниот јунак и наратор во романотИгра во ’ржта“. Во делото се раскажани дните на Колфилд по неговото исклучување од училиштето Пренси Преп. Раскажувачкиот јазик и стил на Холден се исполнети со цинизам и иронија, а често е користен и тинејџерскиот сленг. Прикажан е како лекомислен, но искрен лик кој не можел да го пронајде своето место во светот на возрасните. Самото момче истовремено е и премногу едноставно и премногу комплексно за да изведеме конечен заклучок за неговите постапки: Можеби нема да погрешиме ако кажеме дека Холден беше роден во свет на лицемерието и расипништвото. (коментар на Џ. Д. Селинџер)[1]

Културно влијание[уреди]

Холден Колфилд е еден од најспоменуваните и најдебатирани фиктивни ликови на 20-тиот век низ американската јавност.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Раскази од Џ. Д. Селинџер

  • Тивкиот бунт во Медисон
  • Во Јапонија, најголем дел од Селинџеровите раскази се преведени на нивниот јазик (собрани во два тома) и се достапни за пошироката јавност со одобрение од менаџментот на писателот. (ISBN 4-7521-0001-0 / ISBN 4-7521-0002-9) Расказот Хепворт 16, 1924 е достапен на (ISBN 4-7521-0004-5).

Фан организации

Наводи[уреди]