Птоломејска династија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава az:Ptolemeylər sülaləsi
сНема опис на уредувањето
Ред 23: Ред 23:
* [[Птоломеј I Сотир]] ([[305 п.н.е.]] - [[282 п.н.е.]]) се оженил прво со (веројатно) [[Таис]], потоа со [[Артакама]], па со [[Евридика Египетска|Евридика]] и на крај со [[Береника I Египетска|Береника I]]
* [[Птоломеј I Сотир]] ([[305 п.н.е.]] - [[282 п.н.е.]]) се оженил прво со (веројатно) [[Таис]], потоа со [[Артакама]], па со [[Евридика Египетска|Евридика]] и на крај со [[Береника I Египетска|Береника I]]


* [[Птоломеј II Филаделфиј]] ([[284 п.н.е.]] - [[246 п.н.е.]]) се оженил со [[Арсиноја I Египетска|Арсиноја I]] и [[Арсиноја II Египетска|Арсиноја II]] Филаделфиј; владеел заедно со својот син [[Птоломеј Синот Египетски|Птоломеј Синот]] ([[267 п.н.е.]] - [[259 п.н.е.]])
* [[Птоломеј II Филаделф]] ([[284 п.н.е.]] - [[246 п.н.е.]]) се оженил со [[Арсиноја I Египетска|Арсиноја I]] и [[Арсиноја II Египетска|Арсиноја II]] Филаделф; владеел заедно со својот син [[Птоломеј Синот Египетски|Птоломеј Синот]] ([[267 п.н.е.]] - [[259 п.н.е.]])


* [[Птоломеј III Еуергет]] ([[246 п.н.е.]] - [[222 п.н.е.]]) се оженил со [[Береника II Египетска|Береника II]]
* [[Птоломеј III Еуергет]] ([[246 п.н.е.]] - [[222 п.н.е.]]) се оженил со [[Береника II Египетска|Береника II]]

Преработка од 14:05, 10 април 2012

Птоломејската династија било македонско кралско семејство која владеела со Египет речиси 300 години, од 323 п.н.е. до 30 п.н.е.

Птоломеј, еден од седумте телохранители и генерали на Александар III Македонски бил назначен за сатрап на Египет по смртта на Александар во 323 п.н.е. Птоломеј 305 п.н.е. се прогласил за Крал Птоломеј I, подоцна познат како Сотир (спасител). Египјаните брзо ги прифатиле Птоломејците како вистински наследници на фараоните на независен Египет. Династијата на Птоломеј владеела со Египет до Римското освојување во 30 п.н.е.

Сите машки владетели од династијата го носеле името Птоломеј. Кралиците пак, од кои некои биле сестри на своите сопрузи, обично се викале Клеопатра, Арсиноја или Береника. Најпозната во низата на оваа династија е последната владетелка - Клеопатра VII, позната по својата улога во политичките борби во Рим помеѓу Јулиј Цезар и Помпеј, а подоцна и помеѓу Октавијан и Марко Антониј. Нејзиното самоубиство по покорувањето на Египет од Рим го означува крајот на династија.

Птоломејски владетели

Поделба на царството на Александар
  Кралство на Птоломеј
  Кралство на Касандар
  Кралство на Лизимах
  Кралство на Селевк
Други држави

Годините во заградите го означуваат периодот на владеење. Тие често владееле заедно со своите сопруги, кои пак често биле и нивни сестри. Неколку кралици имале кралски авторитет напоредно со кралот или самостојно. Неколку кралици имале силен авторитет, но најпозната и најуспешна била Клеопатра VII (51 п.н.е.-30 п.н.е.), заедно со нејзините двајца браќа и нејзиниот син како последователни номинални ковладетели. Постојат повеќе системи за броење на подоцнежните владетели, овој што е прикажан тука е најчесто применуван од современата наука.

Поедноставено семејно стелно на птоломејската династија

Многу од долуприкажаните семејни врски се контроверзни. Повеќе детали може да се најдат на некоја од локациите посочени во надворешните врски.

Други членови на Птоломејската династија

Литература

  • J. G. Manning The Last Pharaohs - Egypt Under the Ptolemies, 305-30 BC, 2009 (англиски)

Видете исто така

Наводи

Надворешни врски