Прејди на содржината

Трета египетска династија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Храм за погреби на Џосер во Сакара

Третата династија на древниот Египет е првата династија на Старото Кралство. Други династии на Старото Кралство ги вклучуваат Четвртата, Петтата и Шестата династија. Главниот град во периодот на Старото Кралство бил во Мемфис.

По турбулентните последни години од Втората династија, кога можеби имало и граѓанска војна, Египет стапил под власта на Џосер, што го означува почетокот на Третата династија.[1] И Торинскиот папирус и Списокот на кралеви од Абидос набројуваат пет кралеви,[2] а Таблата од Сакара само четири.

  • Во Торинскиот список се дадени: Небка, Џосер, Џосерти, Худефа I и Хуни
  • Список на кралеви од Абидос ги дава: Небка, Џосер, Тети, Седјес и Неферкаре
  • Таблата од Сакара ги дава: Џосер, Џосертети, Небкаре и Хуни

Археолошките докази покажуваат дека Хасехемви, последниот владетел на Втората династија, бил наследен од Џосер, кој во тоа време бил запишан само со неговото претпоставено Хорово име, Нетјерихет. Наследник на Џосер бил Сехемхет, чие хебти име било Џезерти. Последниот крал на династијата е Хуни. Постојат три преостанати Хорови имиња на познати владетели од третата династија: Санахт, Каба и можеби Кахеџет. Еден од овие тројца имал небти име Небка.[2]

Сличен предизвик е датирањето на третата династија. Шо ги дава датумите приближно 2686 до 2613 г. п.н.е.[3] Списокот на кралеви од Торино сугерира вкупно 75 години за третата династија. Бејнс и Малек ја поставуваат третата династија во годините 2650 - 2575 г. п.н.е.,[2] а Додсон и Хилтон династијата ја датираат 2584 - 2520 г. п.н.е. Не е невообичаено овие проценки да се разликуваат за повеќе од еден век.[1]

Владетели

[уреди | уреди извор]

Фараоните од Третата династија владееле околу седумдесет и пет години. Редот на кралевите даден овде е според Вилкинсон.[2] Бројот на години како крал е според Додсон и Хилтон. Според нив, династијата траела само 64 години.[1]

Династија III фараони
Хорово име Лично име Владеење години Погреб Кралица(и)
Нетјерихет Џосер 19 Сакара Хетепхернебти
Сехемхет Џосерти 6 Сакара: Погребна пирамида Џесеретнебти
Санахт Небка 19 Абидос ?
Каба Тети 6 Слојна пирамида
Неизвесно Кахеџет ? Хуни 24 Медум ? Џефатнебти
Мересанх I

Додека Манетон го наведува Нехерофес, а во списокот на кралево од Торино се наведува како Небка (или Санахт), како прв фараон од Третата династија,[2] многу современи египтолози веруваат дека Џосер бил првиот крал на оваа династија, посочувајќи дека некои претходници на Куфу кои се спомнуваат во папирусот Весткар, сугерираат дека Небка треба да се постави меѓу Џосер и Хуни, но не пред Џосер. Уште поважно, печатите кои го содржат името Џосер биле пронајдени на влезот во гробницата на Хасехемви во Абидос, што покажува дека бил Џосер, наместо Санахт, оној кој го погребал и го наследил овој крал.[2] Пишувачот на списокот на кралеви од Торино го запишал името на Џозер со црвено мастило, што укажува на тоа дека Старите Египќани признаваат историско значење на овој крал во нивната култура. Во секој случај, Џозер е најпознатиот крал на оваа династија, кој му дозволил на својот везир Имхотеп да ја изгради најраната пирамида, Џосеровата пирамида.

Според некои проучувачи Имхотеп живеел во времето на фараонот Хуни. Малку се знае со сигурност за Сехемхет. Сепак, се верува дека Каба веројатно ја изградил Слојната пирамида на Завит ел'Арјан .

  1. 1,0 1,1 1,2 Додсон, Хилтон, Целосните кралски семејства на Стар Египет, 2004
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Тоби Ај Вилкинсон, Ран Династик Египет, Руутлеј, 2001
  3. Shaw, Ian, уред. (2000). The Oxford History of Ancient Egypt. Oxford University Press. стр. 480. ISBN 0-19-815034-2.