Дваесет и прва египетска династија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дваесет и прва египетска династија
Местоположба на Дваесет и прва египетска династија
Главен градТанис
Уредување Апсолутна монархија

Дваесет и првата египетска династија обично се класифицира како прва династија на древно-египетскиот трет среден период, која траел од 1069 година п.н.е. до 945 п.н.е.

Историја[уреди | уреди извор]

По владеењето на Рамзес III, следувало долго, бавно паѓање на кралската моќ во Египет. Фараоните на Дваесет и првата династија владееле од Танис, но главно биле активни само во Долен Египет, кој тие го контролирале. Оваа династија е опишана како „таниска“ бидејќи нејзината политичка престолнина се наоѓала во Танис. Во меѓувреме, првосвештениците на Амун во Теба ефикасно владееле со Средниот и Горниот Египет, освен со името. Последниот египетски свештеник Манетон од Себенитос изјавува во неговиот Епитом за египетската кралска историја дека „21-та династија на Египет траела 130 години“.[1]

Фараоните на 21-та династија[уреди | уреди извор]

Фараон Слика Име на престол / Преномен Владеење Почивалиште Сопруга(и) Коментари
Смендес / Несбанебџед I Хеџихепере Сетепенре 1077 - 1051 година п.н.е. непознато Тентамун Само за време на неговото владеење го контролирал Долниот Египет. Основач на 21-та династија.
Аменемнису Неферкаре Хекавасет 1051 - 1047 година п.н.е. непознато
Псусенес I / Хор - Пасебахаениут I Ахрпере Сетепенамун 1047 - 1001 година п.н.е. НРТ III, Танис Мутнеџемет
Виај
Прецизната должина на владеењето не е позната. Или 41 или 46 години.
Аменемопе Усермаатре Сетепенамун 1001 - 992 година п.н.е. Танис
Осоркон Постариот Ахепере Сетепенре 992 - 986 година п.н.е. непознато
Сијанун Нетџерхепере Сетепенамун 986 - 967 година п.н.е. непознато
Псусененес II / Хор-Пасебахаениут II Титхеперуре Сетепенре 967 - 943 година п.н.е. непознато

Временска рамка на 21-та династија[уреди | уреди извор]

Псусенес IIСијамунОсоркон ПостариотАменемопеПсусенес IАменемнисуСмендес

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Kenneth A. Kitchen, The Third Intermediate Period in Egypt (1100–650 BC), трето издание, 1986, Warminster: Aris & Phillips Ltd, стр.531

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Jaroslav Černý, Studies in the Chronology of the Twenty-First Dynasty, JEA 32 (1946), 24-30

Надворешни врски[уреди | уреди извор]