Прејди на содржината

Единаесетта египетска династија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Единаесеттата династија на древниот Египет (династија XI) е добро потврдена група на владетели. Нејзините претходни членови пред фараонот Ментухотеп II се групирани со четирите претходни династии и го формираат Првиот преоден период, додека подоцнежните членови се сметаат за дел од Средното Кралство. Сите тие владееле од Теба во Горниот Египет.

Релативната хронологија на 11-та династија е добро утврдена, и, со исклучок на броевите Интеф и Ментухотеп IV, потврдени се од страна на Торинскиот канон.[1]

Фараони на XI династија
ФараонХорово имеВладеењеЗакопСопругаЗабелешка
Интеф ПостариотИри-пат, Најверојатно исто лице со „Интеф, син на Ику“.[1] Тебански номарх кој служел како неименуван крал.
Ментухотеп IТепја2134 п.н.е. - ?Неферу IТепи-а, „предок“
Интеф IСехертави?–2118 п.н.е.Ел-Тариф, ТебаСин на Ментухотеп I
Интеф IIВаханк2118–2069 п.н.е.Ел-Тариф, ТебаНеферукајет?Брат на Интеф I
Интеф IIIНактхебтепнефер2069–2061 п.н.е.Ел-Тариф, ТебаИјахСин на Интеф II
Небхепетре Ментухотеп IIСеанкибтави;
Нетјерихеџет;
Сматави
2061–2010 п.н.е.Деир ел-БахариТем
Неферу II
Ашајет
Хенхенет
Кавит
Кемсит
Садех
Син на Интеф III и Ијах. Го обединил Египет започнувајќи го Средното Кралство.
Санхкаре Ментухотеп IIIСанктавјеф2010–1998 п.н.е.Деир ел-Бахари[2]Син на Ментухотеп II и Тем
Небтавире Ментухотеп IVНебтави1998–1991 п.н.е.Син на кралицата Ими


Изјавата на Манетон дека династијата XI се состои од 16 кралеви, кои владееле 43 години, е контрадикторна со натписи од тој период, како и со докази од Кралскиот список од Торино, чиешто комбинирано сведоштво утврдило дека оваа династија се состои од седум кралеви кои владееле вкупно 143 години.[3] Сепак, неговото сведоштво дека оваа династија владеела од Теба е потврдена. За време на оваа династија, целиот древен Египет бил обединет под Средното Кралство.

Оваа династија започнува со еден номарх од Теба, Интеф Велики, син на Ику", кој се споменува во голем број на натписи од тоа време. Сепак, неговиот непосреден наследник Ментухотеп I се смета за прв крал на оваа династија.

Кралскиот список од Абидос, кралските картуши 57 до 61

Еден натпис врежан за време на владеењето на Ваханк Интеф II покажува дека тој бил првиот од оваа династија кој тврдел дека владее над целиот Египет, тврдење кое ги довело Тебанците во конфликт со владетелите на Хераклеопол, династија X. Интеф презел неколку походи на север, и го освоил важното место во Абидос.

Војните продолжиле наизменично меѓу Тебанците и Хераклеаполците до 14-та по ред година на Нефепетре Ментухотеп II, кога Хераклеополците биле поразени, и оваа династија можела да почне да го консолидира своето владеење. Владетелите на Единаесеттата династија го потврдиле влијанието на Египет врз нејзините соседи во Африка и Блискиот Исток. Ментухотеп II повторно испратил експедиции во Феникија за да добие кедар. Ментухотеп III испратил експедиција од Коптос кон југ, во земјата Пунт.

Владеењето на последен крал, а со тоа и крајот на оваа династија, е сè уште мистерија. Записите од тоа време се однесуваат на „седум празни години“ по смртта на Ментухотеп III, кои одговараат на времето на Небтавира Ментухотеп IV. Современите научници го идентификуваат неговиот везир Аменемхат со Аменемхат I, првиот крал на Дванаесеттата династија, како дел од теоријата дека Аменемхат станал крал после државен удар. Единствените сигурни детали за владеењето на Ментухотеп се две важни забелешки во каменоломот Вади Хамамат од везирот Аменемхат.

  1. 1 2 Thomas Schneider: Ancient Egyptian Chronology - Edited by Erik Hornung, Rolf Krauss, And David a. Warburton, available online, see pp. 160–161
  2. Richard H. Wilkinson: The Complete Temples of Ancient Egypt, Thames and Hudson, 2000, pp. 37, 172, 173, 181, ISBN 0-500-05100-3
  3. Jürgen von Beckerath, The Date of the End of the Old Kingdom of Egypt, JNES 21 (1962), p.146

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]